Уф незнам како ги преживеав последниве минути :icon_mrgr
Поволен нерешен резултат после се што се случуваше на теренот. Прво полувреме во кое Мексико заслужи да води предводен од најдобриот играч на теренот Џовани Дос Сантос. Неколку наврати промаши убави шанси, а еднаш тоа го направи и Гиљермо Франко. Е сега постоеа две можности. Или Мексико да поведе и со тоа да го реши мечот или пак Африка да поведе и да се затвори и да чека шанси по контри. Переира ја доби тактичката игра со Агире, па ги пополни празнините од левата страна, а Агире не стори ништо за да ја промени својата очајна одбрана. И потценување од страна на Мексиканците, се отворија безпотребно, и стигна казната. Прекрасен гол на Чабалала. Мислев дека овде битката е изгуубена. Се редеа шанси пред голот на перез, но имаше среќа во неколку наврати. Дос Сантос играше осамено на спротивната страна и ја промаши единствената шанса до израмнуивањето за Мексико. И тогаш Гвардадо нафрла (прекрасна топка, не дека е од Депортиво па го изнафалив, ама топката беше топ, иако се на се одигра просечен меч), и Маркез се поправи за лошата партија и израмни на 1-1. До крајот одново Мексико напаѓаше а последната и 100% шанса ја имаше Африка. Се на се релно нерешено со кое може да бидат задоволни и двете екипи :smir:
Потег на мечот е внесувањето во игра на Бланко :icon_mrgr
колку акции упропасти...