Намалена партиципацијата за студирање

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Конечно една добра вест од министерството за образование.
Се намали партиципацијата за студирање. :aplauz:

„На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука за намалување на сумите за самофинансирањето. Во редовната квота сумата која што ќе треба да ја платат студентите ќе биде 200 евра годишно, а во квотата со самофинансирање највисоката сума ќе биде 400 евра, освен за оние факултети кои што доставија пониски цени за самофинансирање од тие што ги утврди Владата“, истакна на денешната прес-конференција министерот за образование и наука Никола Тодоров.

Досега највисока партиципација за самофинансирање беше на медицинскиот факултет во износ од 1200 евра, а од оваа година со новата одлука на владата студентите кои ќе се запишат во квотата со самофинансирање ќе плаќаат по 400 евра годишно.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ оваа академска година ќе се запишат 6336 во редовна, 3973 со кофинансирање, 1619 вонредни или вкупно има 11 928 слободни места.

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола во редовна квота има место за 2290 студенти, 1342 во квотата за кофинансирање, или вкупно 4275 слободни места.

На државниот универзитет во Тетово можност ќе имаат да се запишат 2890 студенти во редовна квота и 1095 со кофинансирање.

На Универзитетот „Гоце Делчев во Штип во редовна квота има 4041 места, во квотата со самофинансирање 892 и 980 места за вонредни студенти.

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид има место за 200 редовни студенти и 100 со кофинансирање.

извор
 
:aplauz:
Oдлично!
Стварно супер :)
Конечно нешто добро од страна на владата освен закони кои ни го празнат џебот.
 
Којзнае дали на тие шо веќе се запишани ќе ни ги намалат квотите пошто потпишавме договор за 200/500 евра.
Како и да е, одлична вест :)
 
Би требало партиципацијата да е за сите намалена, не само за оние што допрва ќе се запишуваат.

Сепак, супер работа завршија од студентскиот сојуз.:)
 
eee top:) ke ima finansii i za vtor fakultet:) bas mie milo za siteee sto ke se zapisat, a i tie sto se zapisani sig ke vi se namalat od dogodina:)
 
Да им ебам мајката, зашто не ја намалиле и таа од 200 на 150 или 100?
 
Којзнае дали на тие шо веќе се запишани ќе ни ги намалат квотите пошто потпишавме договор за 200/500 евра.
Како и да е, одлична вест :)
Аха, ќе ги намалат. Не умри магаре до зелена трева. Сега го заверував 9-ти семестар, и го запишував 10-тиот. Платив 300 евра втора рата, за 10-ти семестар што го седам дома, немам предавања, а згора на тоа барат и +500 евра за пријавување магистраска. Ненаситни.
 
Да им ебам мајката, зашто не ја намалиле и таа од 200 на 150 или 100?
Чекај чекај чекај... дали лошо разбрав или...Партиципацијата за државна квота ќе си остане по старо 200 ??????????????
 
Хахах , мене ко кец на 10ка ми доаѓа со Електрово хахахаха :vozbud:
 
Аха, ќе ги намалат. Не умри магаре до зелена трева. Сега го заверував 9-ти семестар, и го запишував 10-тиот. Платив 300 евра втора рата, за 10-ти семестар што го седам дома, немам предавања, а згора на тоа барат и +500 евра за пријавување магистраска. Ненаситни.

Па добро, сега не ни очекував да ни ги намалат, ама од следнава година да се надеваме дека нема да ни прават проблем.
Ти рачунај дека плаќаме по 500 евра годишно и плус ни земаат за испити, за информатички, културни и спортски активности и плус за студентски парламент. СЕКОЈ СЕМЕСТАР!
Дека не се нормални-не се.
 
Како и секоја кампања, и секоја одлука, и оваа сметам дека содржи многу "услови" кои треба да се исполнат за да се намали. За тие што се запишани веќе на факултет мислам дека нема да има намалување, зашто имаат потпишано договор со факултетот дека студираат по таа сума пари.
Ова ќе важи за од другата учебна година, јас така мислам.
 
Колку е на правен и филозофски? 400?
 
Како и секоја кампања, и секоја одлука, и оваа сметам дека содржи многу "услови" кои треба да се исполнат за да се намали. За тие што се запишани веќе на факултет мислам дека нема да има намалување, зашто имаат потпишано договор со факултетот дека студираат по таа сума пари.
Ова ќе важи за од другата учебна година, јас така мислам.

Што има везе? Промена на договорот може да се направи од следната година. Али ке видиме. Ке дознаеме и ние.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom