Родители, чувајте си ги децата!

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Што убаво беше во СРМ, можеше да играш цел ден без гајле, кај сакаш да спиеш, да шеташ...Ебати западот, ебати кога мора дете за нога да се врзе. Многу расипани држави на кои сакаме да наликуваме...се стремиме кон нив нели :nesvest:

Не ми се јасни вредностите од тие земји кои некои типови ги промовираат, а кои ние сме ги немале...пфф, среќа да ги немавме :tapp:
 
Прво, сите трговци со деца укапираа дека кај нас да земеш дете е лесна работа. Не знам дали знаете но во нашите школи тоа што го плаќаме на име „за обезбедување“ е всушност за обезбедување на училишниот инвентар!
Децата се во случајот колатерална штета!
Слободата која до сега ја уживавме во растењето на децата неспорно е нарушена. Едноставно е: не ги пуштајте децата сами! Не е безбедно!
 
Точно така! Досега во Македонија беше многу безбедно па родителите беа и многу опуштени. Бев критикувана кога бев на одмор како јас претерано ги контролирам децата...но, живеам во земја каде секој ден исчезнуваат деца, силувани... Неможам да замислам дете да пуштам само на училиште, надвор да игра само... нон стоп се контролирани (знам страшно звучи, ја немаат слободата) но подобро без преголема слобода отколку ич да го нема.
Чувајте си ги децата, подобро под контрола отколку да вртиме во полиција...

Доколку не се преземат мерки децата сега и во иднина ќе имаат тежок живот многу тежок :toe:
 
Што убаво беше во СРМ, можеше да играш цел ден без гајле, кај сакаш да спиеш, да шеташ...Ебати западот, ебати кога мора дете за нога да се врзе. Многу расипани држави на кои сакаме да наликуваме...се стремиме кон нив нели :nesvest:

Не ми се јасни вредностите од тие земји кои некои типови ги промовираат, а кои ние сме ги немале...пфф, среќа да ги немавме :tapp:

Баш напротив, ебати истокот. На западот (конкретно можам да кажам Америка) многу е посигурно. Додека бев таму повеќе пати кога се враќавме дома приметувавме дека сме заборавиле да заклучиме или затвориме гаражата (која е поврзана со куќата) и никаков проблем немавме. Не викам дека нема таму, али процентуално истокот е МНОГУ по застапен со такви работи, дури и не ни зачудувачки да се случи некоја таква работа по источно. Се е до состојбата на државата, што посиромава држава и посиромав народ толку поголем криминал.
 
Баш напротив, ебати истокот.
Ок, него го заборавив -ебати истокот. Сепак источниот блок го копира западниот систем, но прекуноќ што се вели, па резултатите се уште полоши.
 
Баш напротив, ебати истокот. На западот (конкретно можам да кажам Америка) многу е посигурно. Додека бев таму повеќе пати кога се враќавме дома приметувавме дека сме заборавиле да заклучиме или затвориме гаражата (која е поврзана со куќата) и никаков проблем немавме. Не викам дека нема таму, али процентуално истокот е МНОГУ по застапен со такви работи, дури и не ни зачудувачки да се случи некоја таква работа по источно. Се е до состојбата на државата, што посиромава држава и посиромав народ толку поголем криминал.

Во САД годишно од огнено оружје гинат над 10 000 лица,а во ЕУ над 1000 епа види ти сега и кај нас има една специфика-западот....кај нас конкретно па и ЕУ имаа погрешен пристап т.е форсирајќи права...наместо обврски кои треба да се исполнат...доста интересно е што ЗАКОНИТЕ кои владеат во западните земји НЕ И ОДГОВАРААТ на нашата Елита со Бугарски модел на договорна економија...има некои кои кочат,е сега ние ги добивме ГРАТИС нуспојавите од западот и баш затоа возрасната граница на криминални се повеќе и повеќе зафаќа лица под 18 години т.е малолетни деликвенти кога ќе видите дека од друга страна егоизмот се форсира премногу...уствари те прават будала бе..на еден комшија кога му го поправав компјутерот на одење ми дава 300 денари а јас нит му спомнав пара нит ништо(нејсе има семејство човекот и 100ЕУ плата) и неќев да ги земам па ме тераше сосила и на крајот ми рече па добро бе ти ГЛУП ли си(значи и будала те прават на сета-а уствари доволно....е тогаш се искосив и ги земав...значи гледате кога утре мене ќе ми стасаат дрва ил цигли што и да е и ако ми треба помош ја уствари ќе треба да платам чунки сега фифти цент го слушаат:vozbud:...ебати вредностите ебати...затоа велам нема луѓе или загрозен вид се...ахх кампањите ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ ццццц:tapp::tapp::tapp:

Што убаво беше во СРМ, можеше да играш цел ден без гајле, кај сакаш да спиеш, да шеташ.

Многу велат вака,стариот ми кажуваше ако ти текне трк у трст,трк у бугарија(и мама мрчи:pos2:),нејсе не само он мнозината така велат-јас тоа време гледав цртани..

Немаше тогаш толку криминал и крадење бакр и сл..

Да да, дојде такво време и возрасни исчезнуваат и треба да се пазат, а не па децата. Јас мислам дека голема улога играат родителите, тие треба будно да внимаваат на своите деца, да ги советуваат, да разговараат со нив. Дефинитивно грижата на родителите е многу важна и игра значајна улога.
Но, неможеме родителите да ги обвиниме за се. Треба и децата да ги имаат очите отворени четиринаесет, да внимаваат со кого разговараат на улица, да не зборуваат со непознати, да не се приближуваат до непознати коли, да не шетаат сами навечер или во некои запуштени улички итн.
И секако, да не надвладее паранојата кај нас. Затоа што нешто ако многу чуваш на крај ќе го изгубиш. Добро, предмет и дете не е исто, но сепак.
Значи се е важно, грижата на родителите, внимавањето на децата, и секако полицијата, но од кога ќе го најдеш детето без органи (недај боже) веќе нема фајде. Треба тие неколку случаеви да ни бидат за поука и на родителите и нас децата.
 
Треба да внимаваме и на возрасните, нели и тие исчезнуваат.

Деца, чувајте си ги родителите
 
Јас, за ова што се случува последно време кај нас , ќе речам дека цела ова паника што во последно време стана и ударна тема во секој медиум е како резултат на политиката што ја води владата. За да ги постигнат нивните цели, си прават филмови , ќе го убедат народот со сите можни пропаганди, и на крај ќе превземат акции, и ете ги најдовме криминаците.

Според мене , нема место за да се паничи и стравува народот.

Не викам дека родителите не треба да пазат на своите деца, напротив јас секогаш сум рекол родителите , особено мајките да се грижат за своите деца, за нивната поголема безбедност, кога веќе им се родени тие деца.
Кај нас народот вели : 10 минути уживанција, цел живот нивна “слуга“, и имат право !
Поздрав
 
Јас, за ова што се случува последно време кај нас , ќе речам дека цела ова паника што во последно време стана и ударна тема во секој медиум е како резултат на политиката што ја води владата. За да ги постигнат нивните цели, си прават филмови , ќе го убедат народот со сите можни пропаганди, и на крај ќе превземат акции, и ете ги најдовме криминаците.

И јас не ја сакам владата,ама ова е ван памети,не за друго туку главно хоби во државава е крадење банки,ако сакаа да си играат полиција ќе ги најдеа.
И ми стои како лош филм крадењето деца.
 
Што убаво беше во СРМ, можеше да играш цел ден без гајле, кај сакаш да спиеш, да шеташ...Ебати западот, ебати кога мора дете за нога да се врзе. Многу расипани држави на кои сакаме да наликуваме...се стремиме кон нив нели :nesvest:

Не ми се јасни вредностите од тие земји кои некои типови ги промовираат, а кои ние сме ги немале...пфф, среќа да ги немавме :tapp:
Во СРМ не дека немаше вакви работи имаше,но беа многу по ретки и сторителите брзо се фаќаа зашто од проста причина,ем беа малку такви лица кој го правеа тоа а и ако некој направеше такво нешто и имаше пријава се затвараа сите патни правци,ако земете во предвид дека на автопатот скопје солун тогаш дневно поминуваа 500 возила многу лесно беше да се откријат таквите, друго немаше адвокат што ке можеше да го извлече од затвор тој што ке направеше такво нешто ( денес со јак адвокат и убиство се лежи минимално) и трето тој што ке завршеше во затвор поради такво нешто мамето мамино му се ебаваше и од робијашите и од чуварите во затворите.
 
Зошто секогаш црн џип

ПАНИКА ВО ДЕМИР КАПИЈА
Се обиделе да грабнат 10-годишно девојче пред школа
Директорот на основното училиште "Димката А. Габерот" во Демир Капија пријавил обид за грабнување на девојче од четврто одделение. Десетгодишното девојче пред неколку дена, кое околу 13.30, по првиот час, излегло надвор на улицата пред училиштето, било пресретнато од црн џип, во кој имало две лица. Тие се обиделе да го намамат со зборови да влезе во возилото, но откако не успеале, едниот од нив го фатил за раката и се обидел насилно да го внесе. Девојчето успеало да ја оттргне раката и веднаш со трчање влегло во училиштето каде што, плачејќи и исплашено, раскажало што му се случило. Директорот веднаш ја алармирал полицијата, која започнала потрага по црниот џип, но не успеала да го најде.
Веста за обидот за грабнување ни ја потврди и Анита Стојковска, портпаролот на МВР Велес.
Веста за настанот веднаш се проширила во Демир Капија и предизвикала паника и страв. Родителите се исплашени и децата од помалите одделенија ги носат и ги пречекуваат од училиште, иако се работи за мало место со околу 3.700 жители, и сите меѓу себе се познаваат. (В.К.)
Ова одамна го читавме за банана државите (Бугарија, Бангладеш, Бурунди...), дали сега се случува и кај нас? Каде е полицијата? Каде е безбедноста?
 
Изминативе два дена од различни луѓе чув дека се имаат случено два обида за грабнување на деца - Еден во Рамсотор, а другиот во Маџари. Во рамсторе, надводно го нашле детето во кола паркирана во гаража за која се воспоставило дека е украдена, а детето во Маџари избегало од наводно два црни џипа кои го бркале.
Ниеден медиум нема известено за ова. Дали некој има повеќе информации?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom