leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Родители, чувајте си ги децата!
Да сме Кина или Индија, да имавме повеќе од милијарда граѓани, па државата да речеше „Аман бе луѓе, тешко оди, многу сме за да може веднаш да откриеме како исчезнуваат децава“, ќе голтнев кнедла. Ќе речев, па да, многу сме.
Ама, за наша среќа или несреќа, не има колку еден сокак во Пекинг или во Њу Делхи, и не може да им простиме на одговорните што не знаат каде се децата.
Токму оваа голема дилема во државава, која се наметна откако се пресметавме и сфативме дека не поминал еден месец, а да не исчезнало некое дете, го наметна застрашувачкото прашање: „Дали некој ги краде децата?“
За експертите оваа појава е составен дел од развивањето на криминалната „сфера“ што ја овозможуваат порозните граници, поради што не е изненадување тоа што секојдневно се зголемуваат трговијата со оружје, дрога и со бели робје, но и најстрашното, шверцот со човечки органи. Иако кај нас последното се уште не е потврдено, појавата е присутна во сите земји што не опкружуваат. За тоа доволно говорат извештаите од повеќето странски хуманитарни организации и полициски служби. Поради тоа, не треба однапред да се исклучи ни таквата можност. Но, засега, многу се пореални претпоставките дека децата ги снемува, пред се, поради негрижата.
Едни велат дека државните институции не реагираат навреме на пријавите. Втори за виновни ги прогласуваат родителите, кои не се грижат доволно за децата. Сите се во право. И сите грешат. Полицијата истражува и трага. Социјалните и образовните институции помагаат колку што можат. Се грижат и родителите, но секој според своите знаења, можности и начинот на живеење.
Упатените предлагаат социјалните и образовните институции уште во градинките да ги учат децата за опасност од губење или од киднапирање. Но, што е со улиците на кои секојдневно можат да се сретнат се повеќе запуштени деца, кои очигледно се „ослободени“ од секаква грижа.
Ако полицијата ги врати на улица патролите, се разбира, со повеќе овластувања, можеби овие црни бројки ќе се намалат. Веројатно ќе помогне и едукацијата и тоа од најмали нозе. Но, сепак, најбитна е одговорноста на родителите. Тажен факт, со кој, конечно, сите треба да се соочиме, е тоа дека децата веќе не смеат да се пуштаат неконтролирано да талкаат по улиците и по ридовите. Никој не може да насети каде се се кријат нездрави или криминални умови и што се може да им текне на децата, така што нема држава што може да обезбеди 24-часовна заштита за сите. Може да се дебатира за брзината и за исправноста со која реагираат надлежните на пријавите за исчезнатите, но тоа што со сигурност може да се констатира е дека во земјава има премногу запоставени деца.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1
Кој треба да гарантира сигурност?Кој треба да ги чува децата?Кој е крив?