КиреМали 1911
Модератор Неимар
- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 1.313
- Поени од реакции
- 223
На 10-ти април 2010, со почеток во 11:00 часот, спроти ТЦ „Бисер“, НВО „Интегритет АО“ ќе ја организира петта јубилејна полумаратонска трка „ Трчаме кон целта“, под мотото „ Сиромаштија НЕ“. Оваа јубилејна трка ќе ја означи симболичната борба против сиромаштијата во соработка со НВО „Сумнал“ од Скопје и НВО „Порака “ од Неготино, како и со голема поддршка од Американската амбасда во Скопје, Општина Аеродром и МВР.
Токму преку спортот, односно преку полумаратонот „Трчаме кон целта“ кој редовно се одржува веќе петта година по ред, НВО „Интегритет АО“ ја реализира идејата за борба против сиромаштијата како светски и глобален проблем. Реализирањето на оваа идеја на локално ниво покажува дека решавањето на големите проблеми, секогаш започнува со првиот чекор, кој иако е мал, сепак не е безначаен.
Овој спортски настан содржи три мини-проекти. Трите мини-проекти врз кои е поставено главното светло ги вклучуваат невладините организации „Сумнал“ од Скопје и „Порака“ од Неготино. Проектот изведен со „Сумнал“ ќе финансира едукативни програми за децата Роми, додека пак проектот со НВО „Порака“ – Неготино ќе се фокусира на финансирањето на физичкото воспитување на луѓе со посебни потреби. Третиот мини-проект се однесува на реновирањето на санитарниот јазол во ОУ „Лазо Ангеловски“. Проектот кој го вклучува основното училиште „Лазо Ангеловски“ има за цел да се реновираат школските санитарни јазли и по можност ако се соберат доволно материјални средства да се финансира изградба на терен за одбојка во училишниот двор.
Натпреварувачите може да се пријавуваат на трите трки: трка од 21 км, трка од 7 км и трка за деца од 1 км.Трката ќе биде кружна,еден круг 4700 метри и претходно ќе се истрча дополнителни километри за да биде патеката точно 21км и 97 метри.
Стартнина 150 денари за трките од 7км и 21 км 100 денари на трката за деца од 1 км Она што го прави различен овој полумаратон е начинот на донирање средства. Со оваа трка, сакаме да ја активираме општата популација да почне да се залага за позитивните промени во општеството преку трчање за некоја цел (Run-A-Thon). Основниот концепт е создавање на свој тим од страна на секој учесник, кој ќе го бодри и кој ќе донира симболична цена за секој негов истрчан километар. Значи, секој учесник на трката може да побара од своите блиски (роднини,пријатели) да бидат дел од неговиот тим да го спонзорираат за секој истрчан километар. На пример, ако маратонецот планира да се натпреварува во трката од 7 километри, може да побара од неговиот пријател да го спонзорира со 100 денари по километар и така да собере 700 денари со што се приближува кон надминување на сиромаштијата во републиката. Ако маратонците имаат 10 пријатели кои ги поддржуваат, тие ќе можат да соберат до 7000 денари!
Овој пристап кон решавањето на општествените проблеми ќе помогне секој да разбере дека дури и малите подароци/донации можат да направат голема промена!
На истиов начин, различните компании и амбасадите можат да ги охрабрат своите вработени да трчаат за некоја цел и да ги спонзорираат нивните корпоративни тимови без разлика дали се работи за километар (колку километри ќе истрча толку пари му се донира) или за вработен (без разлика колку километри ќе истрча на вработениот му се дава една симболична сума). Ова почетно спонзорство од компанијата би можело да влијае врз вработените да живеат здрав живот и да ги мотивираат да бидат повеќе вклучени во општеството (со што компанијата би си заработила позитивно мислење). На пример, ако компанијата го спонзорира својот тим да го истрча полумаратонот од 21 км (3-ца вработени да истрчаат по 5 километри одделно, а 4-от да истрча 6 км) со 100 денари по километар или вкупно 2100 денари. Алтернативно, можат и да го спонзорираат секој од вработените одделно со 500 денари со што ќе достигнат до одредена сума од 2000 денари (4 –ца вработени х 500 денари).
Сепак, ова погоре се само идеи! Предизвикајте ги вашите вработени да „Трчаат кон целта“ и да направат промена во борбата против сиромаштијата.
Извор и официјална Facebook група.
Идејава, другари и другарки, е појќе од одлична. Ем имаме можност да си ги раздвижиме стврднатите газиња од пред компјутер, ем истовремено да напраиме некоја убава работа. Се надевам дека ќе има голем одзив на „евентов“