Хуманитарен маратон „Трчаме кон целта!“ на 10 Април 2010

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
На 10-ти април 2010, со почеток во 11:00 часот, спроти ТЦ „Бисер“, НВО „Интегритет АО“ ќе ја организира петта јубилејна полумаратонска трка „ Трчаме кон целта“, под мотото „ Сиромаштија НЕ“. Оваа јубилејна трка ќе ја означи симболичната борба против сиромаштијата во соработка со НВО „Сумнал“ од Скопје и НВО „Порака “ од Неготино, како и со голема поддршка од Американската амбасда во Скопје, Општина Аеродром и МВР.

Токму преку спортот, односно преку полумаратонот „Трчаме кон целта“ кој редовно се одржува веќе петта година по ред, НВО „Интегритет АО“ ја реализира идејата за борба против сиромаштијата како светски и глобален проблем. Реализирањето на оваа идеја на локално ниво покажува дека решавањето на големите проблеми, секогаш започнува со првиот чекор, кој иако е мал, сепак не е безначаен.

Овој спортски настан содржи три мини-проекти. Трите мини-проекти врз кои е поставено главното светло ги вклучуваат невладините организации „Сумнал“ од Скопје и „Порака“ од Неготино. Проектот изведен со „Сумнал“ ќе финансира едукативни програми за децата Роми, додека пак проектот со НВО „Порака“ – Неготино ќе се фокусира на финансирањето на физичкото воспитување на луѓе со посебни потреби. Третиот мини-проект се однесува на реновирањето на санитарниот јазол во ОУ „Лазо Ангеловски“. Проектот кој го вклучува основното училиште „Лазо Ангеловски“ има за цел да се реновираат школските санитарни јазли и по можност ако се соберат доволно материјални средства да се финансира изградба на терен за одбојка во училишниот двор.
Натпреварувачите може да се пријавуваат на трите трки: трка од 21 км, трка од 7 км и трка за деца од 1 км.Трката ќе биде кружна,еден круг 4700 метри и претходно ќе се истрча дополнителни километри за да биде патеката точно 21км и 97 метри.

Стартнина 150 денари за трките од 7км и 21 км 100 денари на трката за деца од 1 км Она што го прави различен овој полумаратон е начинот на донирање средства. Со оваа трка, сакаме да ја активираме општата популација да почне да се залага за позитивните промени во општеството преку трчање за некоја цел (Run-A-Thon). Основниот концепт е создавање на свој тим од страна на секој учесник, кој ќе го бодри и кој ќе донира симболична цена за секој негов истрчан километар. Значи, секој учесник на трката може да побара од своите блиски (роднини,пријатели) да бидат дел од неговиот тим да го спонзорираат за секој истрчан километар. На пример, ако маратонецот планира да се натпреварува во трката од 7 километри, може да побара од неговиот пријател да го спонзорира со 100 денари по километар и така да собере 700 денари со што се приближува кон надминување на сиромаштијата во републиката. Ако маратонците имаат 10 пријатели кои ги поддржуваат, тие ќе можат да соберат до 7000 денари!
Овој пристап кон решавањето на општествените проблеми ќе помогне секој да разбере дека дури и малите подароци/донации можат да направат голема промена!

На истиов начин, различните компании и амбасадите можат да ги охрабрат своите вработени да трчаат за некоја цел и да ги спонзорираат нивните корпоративни тимови без разлика дали се работи за километар (колку километри ќе истрча толку пари му се донира) или за вработен (без разлика колку километри ќе истрча на вработениот му се дава една симболична сума). Ова почетно спонзорство од компанијата би можело да влијае врз вработените да живеат здрав живот и да ги мотивираат да бидат повеќе вклучени во општеството (со што компанијата би си заработила позитивно мислење). На пример, ако компанијата го спонзорира својот тим да го истрча полумаратонот од 21 км (3-ца вработени да истрчаат по 5 километри одделно, а 4-от да истрча 6 км) со 100 денари по километар или вкупно 2100 денари. Алтернативно, можат и да го спонзорираат секој од вработените одделно со 500 денари со што ќе достигнат до одредена сума од 2000 денари (4 –ца вработени х 500 денари).

Сепак, ова погоре се само идеи! Предизвикајте ги вашите вработени да „Трчаат кон целта“ и да направат промена во борбата против сиромаштијата.

Извор и официјална Facebook група.

Идејава, другари и другарки, е појќе од одлична. Ем имаме можност да си ги раздвижиме стврднатите газиња од пред компјутер, ем истовремено да напраиме некоја убава работа. Се надевам дека ќе има голем одзив на „евентов“ :)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Кенениса Серпико Бекеле Бикила се пријаввит да трчат 7 километри со попатни паузи за мезе и пивце. Ако победам парите ќе ги донирам за помош на потценетите маратони со пивски стомак од светот и пошироко!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Браос бе Серпико!
Их шо не сум таму, ко ќе снеможеше на ушка ќе те земев и заедно до целта, серафимски.
 

[MkD]Scout

~Fade to Black~
Член од
28 јануари 2007
Мислења
1.485
Поени од реакции
9
Еве го и официјалниот билборд за настанот. Наскоро ќе можете да го видите на 15тина локации низ Скопје.
И како што кажа Кире , ајде да ги мрдаме стврднатите газиња :D
 
P

Princ

Гостин
Јас Серпико ќе го спонзорирам по 100 денари од километар, договорено?
Ќе се потрудам да дојдам и го бодрам :)
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Јас Серпико ќе го спонзорирам по 100 денари од километар, договорено?
Ќе се потрудам да дојдам и го бодрам :)
Инвестирај ти во тоа, инвестирај... Јас одам со припрема, а мојот компетент не! Што значи поубаво ќе ти беше да ме спонзорираш мене. :)

Ама сеа ќе си најдам друг спонзор. И ќе станам спонзоруш... Ваљда.

Него, камо бе активност, о, хуманитарци!? Само тројца досега се пријавивме, а уште 8 дена до маратонот има. Толку ли ќе ви биде тешко да одделите 150 денари и да мрднете малку од пред компјутер?
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Јас Серпико ќе го спонзорирам по 100 денари од километар, договорено?
Ќе се потрудам да дојдам и го бодрам :)
Фала Принц !!!! Стварно се осеќам моќно и помотивирано сеа... Милион Долар Боб :))

А реално, ова е супер стимул... да дајш шо мојш од себе за ваква цел... Само шо заклучив дека ќе истрчам 7 километри макар догистајл да требит да се влечкам при крајот :D

Ајде уште спонзори!!! Немат да ве разочарам :)))

Тим Serpico's Faithholders :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Aj, be, pamti mi zbor, jas te zponzoriram so dve flasi crveno vino, dve sisinja belo vino i dve golemi flasi skopsko pivo i eden red bul. Tapam po edno nesto za sekoj kilometar i posle za druzba i veseleenje.

Ama da ne potkleknes iako znam deka nema.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Aj, be, pamti mi zbor, jas te zponzoriram so dve flasi crveno vino, dve sisinja belo vino i dve golemi flasi skopsko pivo i eden red bul. Tapam po edno nesto za sekoj kilometar i posle za druzba i veseleenje.

Ama da ne potkleknes iako znam deka nema.
Пола од напишаното горе (со математичка соодветна пресметка) јас го частам, ако донираш по 3 долари за секој километар мој :)
 
P

Princ

Гостин
Други форумџии што ќе трчаат на маратонов?
Се нафаќам да спонзорирам со по 100 денари од истрчен километар за неколку форумџии, пари кои ќе отидат во добротворни цели.
Можете да учествувате и да придонесете онаму кадешто има најмногу потреба со тоа што ќе истрчате неколку километри (секој со своите можности) и да најдете спонзори кои ќе дадат одредена сума на пари за секој ваш истрчан километар, кои ќе отидат во добротворни цели,

или пак да спонзорирате некој форумџија кој се има пријавено дека ќе трча.
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Јас ќе дојдам да ве гледам.......не сум по трчањето.
Ако сака некој да го спонзорирам, нека каже :pos2:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Други форумџии што ќе трчаат на маратонов?
Се нафаќам да спонзорирам со по 100 денари од истрчен километар за неколку форумџии, пари кои ќе отидат во добротворни цели.
Можете да учествувате и да придонесете онаму кадешто има најмногу потреба со тоа што ќе истрчате неколку километри (секој со своите можности) и да најдете спонзори кои ќе дадат одредена сума на пари за секој ваш истрчан километар, кои ќе отидат во добротворни цели,

или пак да спонзорирате некој форумџија кој се има пријавено дека ќе трча.
Јас ќе трчам! :)

Не многу сепак, некои 7 километри. Не сум во форма :)

Други?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Да ме бркаат не трчам, а пак не по слободна воља :tapp:.
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Ако праиме тим КАЈГАНА ќе трчам и јас ... ако имам после запаление на мускилите Ацид е криф :pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom