Цитат на денот! (Алваро Мората):
„Имавме тренинг-натпревар, каде што тимот кој ќе изгуби, мора да го части спротивникот пијалок. Одеднаш, гледајќи во нозете на Кристијано Роналдо, станав толку воодушевен, што застанав да се ’ѕверам’ во него, на сред напад. Не ни приметив кога Дренте ми ја подал топката за да шутирам кон голот и да победиме. Продолжив да гледам во Роналдо, ко маѓепсан, додека не почнаа сите да викаат по мене „Мората, Мората!“, дури и тие од спротивната екипа.. Тогаш се завртев, збунет, велејќи „што, што се случи?“