Албиол: Агуеро може да биде одлично засилување
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Албиол вели дека Кун Агуеро би бил одлично засилување но не знае ништо за евентуалната преселба на Аргентинецот на Бернабе Агуеро вчера призна дека е отворен да се пресели во Реал Мадрид доколку Атлетико Мадрид има голема корист од тоа и доколку двата клуба пронајдат договор. Претседателот на Атлетико, Енрике Керезо денеска повторно го потври својот став дека Агуеро може да се пресели на Бернабе доколку Реал за неговите услуги ги понуда Роналдо, Кака, Игуаин и одредена сума на пари.
Раул Албил, кој се појави денеска пред медиумите, вели дека Агуеро е одличен фудбалер и секој тим ќе биде задоволен со негов ангажман.
“Агуеро е извонреден фудбалер и ќе биде големо засилување за било кој тим.” – рече Албиол.
“Освен тоа, не знам ништо друго. Кун веќе демонстрираше во Атлетико за што е способен и затоа многу клубови го посакуваат. Тој е многу важен напаѓач.”
За дуелот помеѓу Барселона и Интер, дефанзивецот на Реал додаде: “Ние сме надвор од Лигата на Шампионите и тоа натпреварување повеќе не е многу важно за нас. Тоа ќе биде добар натпревар за гледање во кој Интер има предност. Ќе видиме кој ќе победи...”
Гути и Роналдо, соиграчите на Реал претходно изразија желба Барселона да биде елиминирана од полу-финалето во Лигата на Шампионите.
“Тоа се работи кои се случуваат поради ривалството помеѓу Мадрид и Барселона. Сосема е разбирливо дека никој не сака да го види големиот ривал како освојува титула во Лигата на Шампионите. Ваквите изјави се нормални.”
“Барселона силно посакува да игра во финалето бидејќи тоа е на Сантијаго Бернабе. Финалето ќе биде многу важно за двата клуба. Интер долго време се обидува да направи нешто во Лигата на Шампионите и оваа сезона игра навистина добро.”
Албиол исто така е убеден дека Барса во Ла Лига ќе загуби бодови до крајот на сезоната и ќе им овозможи да си искачат на првото место.
“Барселона ќе одигра многу тежок натпревар со Интер па можно е да загубат бодови на следниот натпревар во Ла Лига против Виљареал, кои се борат за место кое води во Лигата на Шампионите.”
“Потребно е ние да победиме на нашите четири натпревари. Не зависиме само од нас за освојување на титулата. Но постои добра шанса Барселона да загуби некој бод на гостувањата. Се надевам дека оа ќе се случи.”
конечно нешо паметно од дечкото не само да рога топка напред
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)