Значи на какви глупости се изначитав овие 10 страни тоа е невидена работа.
Наместо да ги разгледуваме проблемите што ги имаме во тимот откако дојде Перез, тактиката, плановите кои ни беа.. вие ги пцуете играчите/тренерот, ги падите а до вчера на нив
.
Како и да е еве едно мое видување на целиот натпревар...
Во првото полувреме добро почнавме, уште од првите минути се виде дека многу ја посакуваме победата, но потоа се повлековме.. Барселона си ја почна нејзината претпознатлива игра со голема посед на топка која изнесуваше 58 % за Барселона, почнаа и тие да напаѓат но немаа и тие решение како да го совладат Касиљас. При една грешка во одбраната Барселона одма не казни Чави му асистира на Меси а Меси не знае да згреши, како во маало си игра слободно, без преголем притисок, за разлика од Роналдо кој беше пред многу голем притисок но за овој муабет подоцна...
Кога очекувавме на полувреме да одиме со 0-0 тогаш Барселона си ја искористи првата 100% шанса и си поведе со 0-1, а ние како и обично си ја промашуваме 100% шанса на Ван Дер Варт.
Во второто полувреме Пелегрини виде дека работата не е онаква каква што посакуваше и наместо Гаго да го вади тој го вади Марсело, кој со Роналдо се трудеа нешто да направат и имаат убави пробиви но немавме среќа за погодок. Гути требаше порано да влезе во игра, малку да ја освежи средината но наместо тоа додека Гути се подготвуваше да влезе и стоеше крај аут линијата...еден добар пас повторно од Чави овојпат до Педро и тој како со Леванте да игра, мртов ладен си ја сместува топката зад Касиљас...0-2!!! Што потоа... следуваше измена Гути но прекасно... Барселона не е ни Севиља, ни Хихон да ја обраќаме резултатски цела игра во наша корист. Откако Барселона го зголеми вотството нашата игра уште повеќе падна во надолна линија... повеќе бевме нервозни отколку што сакавме да дадеме гол и да се вратиме во игра, ме чуди тоа што никој не доби црвен картон иако имаше некои стартови кои без размислување можеа и бидат ,,наградени,, со втор жолт но изгледа судијата не сакаше да го растура ова големо ,,Ел Класико,, со црвени картони и да се памети по лоши работи. Откако влезе Бензема во игра се виде дека и тој ја нема силата што ја имаше... не може играч кој бил надвор од теренот долго време да се врати и одма уште од првиот натпревар да одигра така како што треба. Мое размислување беше ако Пелегрини сметаше на Бенземе во натпреварот со Барселона тогаш требаше да му даде шанса и против Сантандер макар и 10мин...
Додека Гвардиола им забрани на играчите да дават интервју, да не дават никакви изјави нашите играчи беа топ тема на сите насловни страни во весниците.
Роналдо: Јас сум подобар од Меси, ќе победиме на Ел Класико
Албиол, Рамос: Не се плашиме од Меси
Касиљас: Ќе им овозможиме радост на нашите фанови.... итн итн.
Едно знам дека следната година нема никакви шанси на клупата да остане Пелегрини. Прочитав дека Капело го посакувате... го посакувам и јас но јас да сум како Капело Реал Мадрид ќе може само да ме сонува. Два пати ни беше тренер, последниот пат освоивме титула со него а на крајот го шутнавме како некој сељак...
Како и да е секоја следна год ќе ни биде иста ако само купуваме звезди, трошиме огромни пари за звучни имиња. А за трофеи... за ова прашање можеби откако Перез нема да ни биде претседател. Незнам за летото какви планови има човекот но јас сум сигурен дека летото ќе пристигне Рибери, можеби ќе замине Игуаин а ќе биде донесен Руни... се може да се очекува од Перез.
Пред натпреварот ни во една реченица не изјавив оти ќе победиме. Знаев оти тоа нема да се случи, бидејќи Барселона е сложен тим, на секоја позиција одличен и ќе биде големо изненадување ако победиме...
Што било поминало... во исчекување ќе сме сега на 2 кикса на Барселона (што не ми се верува) и барем 1 Титула да освоиме и да не ни е толку црна оваа сезона. А за победници во Лигата на Шампионите... за тоа треба да помине уште многу време, останува само да чекаме, да чекаме и да се надеваме дека можеби следната година ќе го поминеме тоа ОСМИНАФИНАЛЕ.
Толку од мене, јас и понатаму ќе ги следам натпреварите на Реал, ќе се надевам на подобри времиња а за вас незнам...
Хала Мадрид!