Од утре, ако не од утре од задутре Кака почнува со редовни тренинзи, така да би требало со сигурност да настапи на Ел Класико (нормално ако не излезат некои други проблеми).
И ќе ви кажем пак, не му судите толку рано на Бензема. Има време, ќе се навикне. Неоспорно е дека има огромен талент, само треба да се прилагоди на лигата и да го научи малку јазикот. И немој да мислите дека ќе биде продаден, кој го мисли тоа се лаже (освен ако не даде некој сума приближна до таа која Реал ја плати на Лион, што чисто се сомневам). Многу играчи не се снашле добро уште од почеток, но потоа се покажале како екстра засилувања. Така да очекувам Бензема од наредна сезона да гази. Мора да го разбереме дека е и под огромен притисок, многу пари се дадоа за него, дојде во еден од најголемите клубови во светот, сите од него очекуваа да гази, изгледа не го издржа тој притисок. Ама кога најмалку очекуваме ќе блесне, ќе видите. Имам лошо искуство од критикување на играчи (т.е еден ама ме демантираше скроз), така да не се осмелувам пак да критикувам некого по само една сезона.