Гледам погоре некоја дискусија за тоа кој подобар Игуин или Бензема, па решив и јас да напишам неколку реда во врска со тоа.
Како прво, оваа сезона Игуин ни е најдобар напаѓач (но не и играч) човекот постигна 24 голови и е во борба за Златната копачка во Европа, но факт дека засега не се покажа како играч за големи натпревари (се надевам дека во Сабота ќе ме демантира) дали е до притисокот или нешто друго незнам, но исто така е факт дека Игуин е ГОЛ играч.
Како второ, Бензема е класа играч кој може да реши секој натпревар со своите квалитети што ги поседува, но факт е дека оваа сезона дека не се снајде во Реал, тоа не е затоа што не е добар играч туку бидејќи уште не може да се прилагоди на новата земја и средина на живеење исто така не го совладал уште јазикот.
Како заклучок, Според мене Игуин е многу далеку подобар од Бензема оваа сезона, но мислам дека ова Ел Класико ќе го реши Бензема, но како резерва ќе влезе во второто полувреме и ќе биде главниот џокер на Пелегрини, нема никакви шанси да биде стартер.