Дечки честито да ни е нова тема, браво Манга, одличен вовед!
Извинете дечки што не пишувам почесто, стварно имам многу обврски, еве гледате дури на деветта страна стигнав да честитам нова тема, јбг.
Во последниве утакмици немаме некоја игра, ама сепак победуваме и тоа убедливо, па следејќи ја дискусијата што претходно се водеше, мислам дека многу фали Кака, кој многу претрчува, борбен е, асистира иако ја нема достигнато неговата најдобра форма.
Тој има голем удел во течната игра, на која навикнавме скоро сите кога игра Реал.
Игуаин и Роналдо се одлични, нема што да се додаде, најдобриот напаѓачки тандем се моментално во светски рамки.
поздрав дечки, се надевам дека ќе наоѓам повеќе време за почесто да пишувам.:smir:
ХалаМАДРИД!!!