Одјеби!

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е интересна појава која никако не успевам да ја демистифицирам, а се состои во следново. Рендом личност те кани да излезете на кафе, тебе не ти се допаѓа и одбиваш. Е ама тука не завршува приказната, истата таа личност ќе те праша повторно, ќе ти го најде бројот ќе те кани и таму, ќе те најде на мсн, скајп, фејсбук секаде и се уште упорно прашува дали сакате да излезете со неа/него, и тоа долго долго време.

Има и втора варијанта од приказнава. Кога после едно излегување тој/таа не ти се допаднала во било која смисла и мислиш дека нема поента да се излегува понатаму. И се повторува приказната во првиот случај. Едноставно не прифаќа НЕ како одговор. А ти не гледаш никаква поента во тоа да излегуваш со таа личност. Прашањето ми е, како се справувате со вакви ситуации и луѓе. Ми се случило сериозно да ме нанервира човек без осет во пристап, да ме гњави кај ќе стигне и тоа во траење од година дена. Во почетокот се обидуваш да бидеш културен и љубезно одбиваш, се трудиш да не нагазиш на негово достоинство, да го испочитуваш неговиот интерес, ама после петиот пат се прашуваш дали човекот некогаш ќе се откачи.

Се уште сум на мисла, дали треба да им се аплаудира на упорноста на ваквите луѓе, зашто па и голем комплимент е да бидеш центар на такво внимание. Знам случај во кој една девојка 10 години бркаше дечко постојано одејќи на свирките што ги правел, за на крај да се омажи за него, а знам и случај во кој дечко се додворуваше на една девојка исто толку време и сега имаат три деца. Значи некогаш е успешна мисијава,а некогаш ризикуваш да те прекичми некој..:)

Второто прашање е дали би биле и вие исто толку упорни? Дали прифаќате НЕ како одговор и како се справувате со луѓе кои не прифаќаат НЕ како одговор?
Јас тука нигде не видов повод за културно одбивање, темава е отворена за манијаци, што и покрај културното одбивање тие продолжуваат со стокингот и те пратат, мислам некој година дена да те прати и ти упорно културно да го одбиваш тоа не знам дали воопшто може да се нарече одбивање, со самото тоа што му правиш муабет значи дека го охрабруваш да продолжува и понатаму, нема разбирање тука, едноставно ако продолжува да гњави, го откачуваш не му правиш муабет, и не го охрабруваш и понатаму да си фура филм
 
Ова е интересна појава која никако не успевам да ја демистифицирам, а се состои во следново. Рендом личност те кани да излезете на кафе, тебе не ти се допаѓа и одбиваш. Е ама тука не завршува приказната, истата таа личност ќе те праша повторно, ќе ти го најде бројот ќе те кани и таму, ќе те најде на мсн, скајп, фејсбук секаде и се уште упорно прашува дали сакате да излезете со неа/него, и тоа долго долго време.

Има и втора варијанта од приказнава. Кога после едно излегување тој/таа не ти се допаднала во било која смисла и мислиш дека нема поента да се излегува понатаму. И се повторува приказната во првиот случај. Едноставно не прифаќа НЕ како одговор. А ти не гледаш никаква поента во тоа да излегуваш со таа личност. Прашањето ми е, како се справувате со вакви ситуации и луѓе. Ми се случило сериозно да ме нанервира човек без осет во пристап, да ме гњави кај ќе стигне и тоа во траење од година дена. Во почетокот се обидуваш да бидеш културен и љубезно одбиваш, се трудиш да не нагазиш на негово достоинство, да го испочитуваш неговиот интерес, ама после петиот пат се прашуваш дали човекот некогаш ќе се откачи.

Се уште сум на мисла, дали треба да им се аплаудира на упорноста на ваквите луѓе, зашто па и голем комплимент е да бидеш центар на такво внимание. Знам случај во кој една девојка 10 години бркаше дечко постојано одејќи на свирките што ги правел, за на крај да се омажи за него, а знам и случај во кој дечко се додворуваше на една девојка исто толку време и сега имаат три деца. Значи некогаш е успешна мисијава,а некогаш ризикуваш да те прекичми некој..:)

Второто прашање е дали би биле и вие исто толку упорни? Дали прифаќате НЕ како одговор и како се справувате со луѓе кои не прифаќаат НЕ како одговор?

Имам отворено слична тема која се вика Одјеби!
Начисто ме иритира од тој тип упорност како што кажав и во претходната тема прво фино,потоа одвратно. А јас во таква ситуација незнам дека сум била,иако сум по карактер упорна.Ако гледам шанса продолжувам,ако не гледам никаков фидбек заминувам. Сепак сум на мислење дека ако некој не ти каже јасно и гласно дека сака да му се изгубиш од животот секогаш ќе гледаш шанса преку било каков минимален гест. Така да јасно и гласно : Не си интересен/а те молам не ме замарај. Ако не изговориш секогаш ја оставаш вратата подотворена...и нема простор за жалење од вакви фаци.Но ако кажеш и продолжи, дефинитивно треба да јаде една добра батина за замарање.
 
Ако не сакаш да те најдат, нема да бидеш најдена, и мене ми досаѓале, но блок ќе им удриш од мсн, скајп, фејсбук, и се живо и диво, па дури можеш да ставиш и забрана на моб. да не ти звонат епа ајде некој нека ми каже, на кој начин ќе те пронајде личноста сега:) и покрај сите забрани за комуникација, нема шанси!
Значи ако некој не сака да биде најден нема да биде, просто и едноставно, ако на некој му годат оваквите манијачки додворувања и му креваат его, па се прави само "делумно недостапен" на пр, откачуваш особа од френдс на ФБ но не му маваш блок и автоматски може да ти праќа повторно пораки во инбокс и да те поукува :icon_lol: или му викаш прекини да ми звониш на моб. но не ја менуваш картицата од моб. или не муи ставаш забрана на тој број да те повикува:wink: ова се вика "делумно недостапна особа" на која и годи да се жали еееј знаете што типов ми досадува, ме манијачи и слилно. не срц ако не сакаш да те манијачи нема да те манијачи, мора да имало и некоја иницијатива, допуштање и од твоја страна:wink:

Ќе ти дојдам дома пред врата :) / адреса се наоѓа лесно :)
 
Ова е интересна појава која никако не успевам да ја демистифицирам, а се состои во следново. Рендом личност те кани да излезете на кафе, тебе не ти се допаѓа и одбиваш. Е ама тука не завршува приказната, истата таа личност ќе те праша повторно, ќе ти го најде бројот ќе те кани и таму, ќе те најде на мсн, скајп, фејсбук секаде и се уште упорно прашува дали сакате да излезете со неа/него, и тоа долго долго време.

Има и втора варијанта од приказнава. Кога после едно излегување тој/таа не ти се допаднала во било која смисла и мислиш дека нема поента да се излегува понатаму. И се повторува приказната во првиот случај. Едноставно не прифаќа НЕ како одговор. А ти не гледаш никаква поента во тоа да излегуваш со таа личност. Прашањето ми е, како се справувате со вакви ситуации и луѓе. Ми се случило сериозно да ме нанервира човек без осет во пристап, да ме гњави кај ќе стигне и тоа во траење од година дена. Во почетокот се обидуваш да бидеш културен и љубезно одбиваш, се трудиш да не нагазиш на негово достоинство, да го испочитуваш неговиот интерес, ама после петиот пат се прашуваш дали човекот некогаш ќе се откачи.

Се уште сум на мисла, дали треба да им се аплаудира на упорноста на ваквите луѓе, зашто па и голем комплимент е да бидеш центар на такво внимание. Знам случај во кој една девојка 10 години бркаше дечко постојано одејќи на свирките што ги правел, за на крај да се омажи за него, а знам и случај во кој дечко се додворуваше на една девојка исто толку време и сега имаат три деца. Значи некогаш е успешна мисијава,а некогаш ризикуваш да те прекичми некој..:)

Второто прашање е дали би биле и вие исто толку упорни? Дали прифаќате НЕ како одговор и како се справувате со луѓе кои не прифаќаат НЕ како одговор?

Ова мене ми се случи на фејсбук.Имено една дотична (која не би сакал да и го спомнам името), ете ќе и дадам прекар „Торпедо“ беше упорна и покрај моето не.Имено се случи следново, Торпедо ми прати порака на Фејсбук (ме нашла некаде од некоја си моја пријателка на Фејсбук) и ајде, ја прифатив пораката, си реков отворен сум за пријателства.Само што типката мислеше дека како повеќето машки во МКД јас ја прифаќам поканата зошто ми се допаднала, и демек јас одма ќе се покажам у фазон на велики јебач и онака ќе и ласкам на секое пишување, ќе вклучам камерче од 3 мега пиксели и ќе и дадам можност да види како си го шлапам пред неа, мислам интима да му се сневиди многу совесен дечко сум што да правам, на мајка тој..........Но ајде, тоа на страна, и имавме два три муабети кои воопшто не ми се допаднаа, што отидоа до таа граница типката да проба да ми влијае на моите одлуки за факултет.И ја блокирав. И тоа значеше огромно NEIN!!!!!! oder NIE....После 3 месеци чекање, типката пак ми прати порака, и и шлапнав игноре и пак ја блокирав, не знам што се случило дали фејсбук автоматски ја исклучил блокадата или пак самиот сум ја исклучил не знам......Мислам луѓево се крајно откачени, што рекоа некои членови разбирам упорност, ама не до толку.Сите биле упорни, и јас сум бил упорен ама таму каде што немам шанси, не чепкам, а ќе дознаеш дека немаш шанси таму само кога ќе ја изанализираш убаво ситуацијата нормално! А особено пресудно беше тоа NEIN за кршење на пријателство, главно поради тоа што типката ми зборуваше као, не се запишувај таму, тешко е не знам што, па мислеше дека ќе проба да ме примами кај неа на катедра....И јас пак си се запишав, и ги поминав сите предмети на таа катедра каде што сум во моментов, со исклучок на еден кој го паднаа 25 души од можни 35. :D
Така да, нека пукнат душманите!!!
 
Сите го нападнавте девојчето ко небаре којзнае што прашање поставила а таа само побара мислење,па и да е за нејзе што има врска? -.-

На темата,блок и делит не е најдобар начин за откачување на некој крлеж кој се залепил туку само со разговор, очи во очи,а веке ако премногу настојува Fuck off (доколку не си зааинтересиран/а)али океј некогаш и упорноста на крајот победува.
 
ич не ми текнува како точно беше таа една поговорка “не јебе лепотан него упоран“ ова како реплика на темата:pos2:

Многу ми се допагна мислењето на Филозофка,дека навистина е така...
Но да не одиме сега во крајности на ретарди луѓе со опесднатос тоа се друга категорија
Но секој човек можи да ја види можноста на шансата на освојување се разбира доколку се увиди “дупки во законот“
 
Од сега планирам темиве да ги цртам во Paint, очигледно апла е тешко нешто многу просто да се разбере.
Значи, какви црни манијаци, какви бакрачи, со таква крајност темава не ја поставив и не ја влечете во таа насока.
Проблемот е многу едноставен, како да се справиш со човек кој упорно сака да излегува со тебе, ама ти не сакаш. Мојава ментална конструкција е таква, па така кога еднаш ќе се каже НЕ, јас мислам дека до втор пат нема да дојде ситуација пак да се праша. Кога јас сум била одбиена, НЕ си било НЕ, и не сум се брукала да молам некого, да му праќам пораки, сметајќи дека немам никакво право да сум толку напорна до степен на човек да му прекипе од мене. Блокирање на интернет и на повици, никогаш не би ми дошло на памет, зашто тргнувам со тоа дека луѓето се разбрани во повеќето случаи. Друга работа е што мајку му стара, па нели излегувате, шетате некаде, не може вечно да бегаш од некого мислејќи постојано: Аман сега само да не налетам не него/неа. Ова интернетов ги изремети односите, па повеќево мислат ќе стегнам блок на ФБ , ќе забранам повици и решен проблем како со тоа човек да испарува. Не се секирајте, ќе ве сретне на улица, таму блок нема.

Работава е од кој момент треба веќе да станеш дрзок за да се разберете како што треба.

Леандра, спој ги темиве, со таа претходната, поентата на дискусијата е горе-доле таа.:smir:
 
Секако шефице,споено :)
Сега кога повторно го читам твојот прв пост ми иде низ глава дека и јас неколку пати имам понудено кафе муабет :icon_lol:
Заклучок:Не треба фино да се одбива,само лошо оти доброто лошо се толкува.
 
Која било девојка да го каже ова, ќе добие етикета кучка со брзина на светлината. На крај краева, поентата според мене е културното одбивање, а не дрското, не мора никој да биде повреден... само не ми е јасно зашто некои луѓе не го разбираат. :toe:

Тоа се истите оние луѓе кои не прифаќаат „не“ како одговор.
 
многу пичиња(чест им прам на исклучоци)читам се нервозни во однос на ова прашање.:raz:
Јас мислам дека најубо е човек да си кажи сам себеси НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ,зошто најисправна одлука е таквата варијанта..времињата се менуваат,а исто и луѓето..е па не сме сите Бред Питовци, Џони Диповци,Анџелини Џоловски и така натаму...
Него муабето беше на секој треба да му се даде малку време и адаптација..најлесно е некој да отфлиш од себе:)
 
Него муабето беше на секој треба да му се даде малку време и адаптација..најлесно е некој да отфлиш од себе:)

Во муабетот е дадено време онолку колку што секој смета дека е доволно. Или се зависи од нервите :)
 
Темава ме потсети на стендап комедијата што се одржа во Хард рок минататa година, каде еден од актерите раскажуваше една шега, импровизирајќи ситуација на одјебување у дискотека.

м- Здраво, јас сум Х...., добро е овде, убаво место
ж- (Не го рецка)
м- Како се викаш, од кај си?
ж- (Нешто му дофрла)
м- Моника?!....а?....Монисе??!....аааа Гони се!!!... :icon_lol:
 
Најбезболна и најбезбедна лага е вљубена сум и во врска сум. Секогаш успева. Сем да не е умоболен. Ако не сакаш да те легне, инволвираш лични искуства. Бев со ... типчето што си го сакам, ти си ми како најверна другарка свати ме не можам беза него, и т н.

Штом почнеш да кажуваш за конкретни момци- го ладиш. Исто и со другарка која ја откачуваш- имам еден , се гледаме нон-стоп, ненаситен е итн...

А ако е болен тогаш чувај се, гадно е...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom