Ова е интересна појава која никако не успевам да ја демистифицирам, а се состои во следново. Рендом личност те кани да излезете на кафе, тебе не ти се допаѓа и одбиваш. Е ама тука не завршува приказната, истата таа личност ќе те праша повторно, ќе ти го најде бројот ќе те кани и таму, ќе те најде на мсн, скајп, фејсбук секаде и се уште упорно прашува дали сакате да излезете со неа/него, и тоа долго долго време.
Има и втора варијанта од приказнава. Кога после едно излегување тој/таа не ти се допаднала во било која смисла и мислиш дека нема поента да се излегува понатаму. И се повторува приказната во првиот случај. Едноставно не прифаќа НЕ како одговор. А ти не гледаш никаква поента во тоа да излегуваш со таа личност. Прашањето ми е, како се справувате со вакви ситуации и луѓе. Ми се случило сериозно да ме нанервира човек без осет во пристап, да ме гњави кај ќе стигне и тоа во траење од година дена. Во почетокот се обидуваш да бидеш културен и љубезно одбиваш, се трудиш да не нагазиш на негово достоинство, да го испочитуваш неговиот интерес, ама после петиот пат се прашуваш дали човекот некогаш ќе се откачи.
Се уште сум на мисла, дали треба да им се аплаудира на упорноста на ваквите луѓе, зашто па и голем комплимент е да бидеш центар на такво внимание. Знам случај во кој една девојка 10 години бркаше дечко постојано одејќи на свирките што ги правел, за на крај да се омажи за него, а знам и случај во кој дечко се додворуваше на една девојка исто толку време и сега имаат три деца. Значи некогаш е успешна мисијава,а некогаш ризикуваш да те прекичми некој..
Второто прашање е дали би биле и вие исто толку упорни? Дали прифаќате НЕ како одговор и како се справувате со луѓе кои не прифаќаат НЕ како одговор?