Да ве известам дека интервјуто со Спортско Радио 90,3 ФМ денес помина одлично, мислам дека добро се претставивме како фан клуб. Интервјуто би требало да трае отприлика 6 до 7 минути и би требало да иде 3-4 пати до сабота на радио. Ќе ве известам кога ќе биде терминот. За тие од Скопје ќе можат да го слушаат на самата фреквенција, а нашите фанови од другите градови само нека отидат на нивната веб страна и во горниот десен агол имаат линкови за слушање на радиото онлајн. Сакам уште еднаш јавно да се заблагодарам на Спортското Радио 90,3 ФМ и за можноста која ни ја укажаа, се надевам на наша идна успешна соработка, сепак се еден престижен спортски медиум и одлични професионалци.
За Бебе, се почна со написот на Дејли Мејл за Бебе, нормално без цитати или веродостоен извор. Потоа сите новинари само ја преземаа веста и ја дополнуваа како ним им одговара. Јас сум сигурен дека новинарот кој го напишал тој напис не го ни видел Бебе на тренинг. А и кога ќе се види составот со кој настапивме, искрено тоа е состав со кој може слободно да играме и на некои мечеви во ПЛ. Не играше ни Фабио, ниту беше на клупата, па не значи автоматски дека Норвуд има предност пред него или дека Фабио не импресионирал на тренинг, ама нели Бебе е поактуелен во моментов од Фабио па англискиве весници добија добра шанса за шпекулирање и шанса да продадат уште некој весник повеќе. Јас нема да коментирам за Бебе се додека не видам барем 2-3 меча кој би ги одиграл за нас, па дури потоа да дадам малку поконцизно мислење и критика за него. Дајте му шанса на дечкото, не избрзувајте со оцените за него.
За Клеверли, дефинитивно заслужува шанса во првиот тим, а натпреварот со Вест Хем е одлична прилика да добие шанса. Одговорно тврдам дека во моментов Клеверли е во подобра форма од Парк, Керик и Гибсон, а после вчерашниот натпревар за Резервите сум убеден дека Том добро ќе се снајде во тимот. Се надевам дека пофалните зборови упатени од Ферги кон Клеверли нема да бидат само изјава со која Сер Алекс ја оправдува одлуката да не го испрати на позајмица. Клеверли заслужува шанса и се надевам ќе ја добие. Баш вчера зборев со еден френд на ФБ, кој е од Манчестер и редовно оди на натпреварите на Резервите и по крајот на мечот на пат кон соблекувалната Оле зборел на мобилниот, а дечкото бил на оградата покрај него и чул како вели: 'Ако ова момче на заигра за Англија ќе се убијам' мислејќи на Клеверли.