Не можам веќе вака да читам еден куп работи за бенд што ми се допаѓа. Иако имам повеќе постови на оваа тема овој сега ќе биде малку поголем и покрај тоа што сум на сред пишување семинарски труд
ftopic:
Прво морам да кажам дека некаде до 2004 год(не сум сигурен за ова) и јас бев еден од оние затупени демек полни со тестостерон мажествени идиоти кој што ги негираа хим и нивниот квалитет и чврсто се залагав за аксиомата дека виле е хомосексуалец а ако не е хомосексуалец тогаш во најмала рака е бисексуалец. Затоа што мораше на некој начин да се креира одбивност кон мелодичноста на некој нивни песни. Иако секој просечноифнормиран и наслушан рокер е свесен дека вокалот на џудас прист е хомосексуалец...да да џудас прист бендот во кој сите хедбенгери се крстат и ги нарекуваат богови така да сите сме свесни дека сексуалноста не игра никаква улога во музиката.
Музиката, ок што ви смета во музиката? Исклучувајќи го последниот албум сите други имаат неверојатна мелодиност со поп мотиви или таканаречена рејдиофрендли мјузик. Знаете што и со Arch Enemy е истата ситуација(за мелодичноста зборувам. Гитарата е помека, басот таман колку да не те вади од кожа, тапаните се исто така супер. Нормално на последниот албум малку се пожестоки и морам да кажам дека звучат супер, едноставно ми се допаѓа промената. Секој бенд што не го менува својот стил станува досаден.
Значи според моето мислење музичкиот дел е одличен за музиката што се определиле да ја свират. Не се ни обидуваат да бидат и блек ни дет ни грајнд кор, ни треш ни спид ни ништо од тие погоре. Лав метал хмм ок можеби не е лав метал но што и да е звучи одлично.
Е сега за виле малку, ај кратко ќе пишам. Пишува одлични текстови...пардон феноменални текстови. Тука поаѓам од моја лична проценка дека се што е љубовно клише е срање. Значи текстови од типот теринг ми апарт лав сенд фром ап абов бла бла бла е срање. Виле до пред едно 3 албума пишуваше многу попроѕирни и лесно разбирливи тектсови кои што сепак според мене беа феноменални на свој начин. Типиче пример за ова е join me. Но од Love metal албумот па навака почна да пишува апстрактни работи кој што според мене го втемелија во еден од најдобрите модерни поети. Значи текстовите се неоспорни за дискусија.
Гласот хмм а бе сеа гласот е веќе лична работа за секого. На пример мене оној весли од падл оф мад или пејачот на авенџ ичне ми праат мерак зашо ко да пеат на нос. Ама да бидам комплетно фер виле не ми е омилен пејач но има вокални способности кој што ретко кој ги поседува. За пример еве ви ја оваа песна It' all tears каде што одекстремно бас ноти преминува на тенорски дел. Навистина е реткост да се чуе вакво нешто па посебно во рок музиката. Така да според мене гласот ако не се допаѓа на некого во најмала рака треба да го почитува.
[media]http://www.youtube.com/watch?v=LfJepWMncXg[/media]
Толку од мене.:pank:
пиес: технички невозможно е да ги споредуваш виле со оној од авенџ. Виле ко прво е школуван вокал а овој пее ко цел живот да пати од неизлечиви синуси.