Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.083
Поени од реакции
1.643
Нема потреба да кажувам, разочаран максимално, но тоа е што е.Мислам дека ни фалат неколку играчи и дека сезонава претставува rebuilding season, и ако ја земеме како таква, досега сме изиграле фантастично.По стартот што го направивме денес не ми се верува дека паднавме волку ниско.

Незнаете колку бев среќен кога го видов составот, без играчите коишто ги критикував од натпревар во натпревар, Парк,Бербатов,Невил,Гигс па донекаде и Сколс.Кој беше оној последниот?А да, еден англичанец за кој дадовме огромна сума пари и ја носи легендарната 16ка.МАЈКЛ FUCKING КЕРИК!Повеќето ќе го критикуваат Рафаел и вината ќе ја пренесуваат на него, но ако ме прашувате мене Керик заслужува многу многу поголеми критики отколку Рафаел.Денеска мислам дека го изигра најлошиот натпревар од неговата кариера, неверојатно и катастрофална одбрана кога го даде Олич голот, што верувам дека го смени целиот натпревар.Да отидовме во полувреме со 3-0 ќе беше се различно.Исто, кога ретардата Бут буквално му ја подаде и го имаше празниот гол пред себе тој успеа да го промаши целиот гол, после огромната шанса од корнер кадешто фантастичниот наследник на Рој Кин ја рогна топката преку стадион.

Пази разлика у квалитет.Рибери ја подава кон Робен кој ја врши најтешката работа на светот за Баерн во тој момент и тоа ја прави фантастично.Кога Нани изведува корнер до Керик, типот место само да ја подаде топката у гол, се враќа назад и фантастично успева да го промаши голот и да го победи семафорот пред олд трафорд.Уште еднаш докажува дека во важни натпревар е добар, но не доволно добар за игра прв состав во Јунајтед.Сметам дека играше полошо од кој било друг играч не теренот, тотален анонимец, подобро ќе беше да не му го слушнам името ниеднаш, дека секогаш кога коментаторот ќе го кажеше беше поради огромните и одлучувачките грешки кои не елиминираа нас.

Кога го примивме голот си отидов од Шенклис, влегувам во такси, пуштено спортско радио и го слушам коментаторот вика Бербатов влегува во игра.WTF Get the fuck out of there retard, се надевам дека ова му е последниот пат кога го облекува нашиот дрес.Гигс?Не ме заебавај Ферги, со кој памет ставаш 36 годишен играч и најмрзливиот играч на светот по негатива а златен Кико седи на клупа.О Шеј беше единствената измена со која би се согласил, но и тука имаше грешка, требаше да го стави уште на полувреме дека осеќав уште кога го доби жолтиот Рафа дека Рибери и останатите ќе гледаат да го искористат.Сепак германци се, неможат да не победат 11 v 11 па кај намерно го маваат Руни по повредената нога, сега Рибери неможе да го помине Рафаел и зима го бута на страна и демек го удрил па уште цела екипа се собираат околу судијата и бараат црвен.


Не ме заебавај, немаше ни опомена пред црвениот ни ништо.До овој момент бевме фантастични и подобри во секој поглед ов Баерн.

Како што реков, сезонава за мене претставува смена на генерации т.е rebuilding season.Сколс,Невил и немисеверувадекагопишувамова Гигс би требало да се откажат на крајот на сезоната, за доброто на тимот, Ферги никогаш нема им рече пензионирајте се, не ни требате, сами треба да сватат.Пари да се извадат од Бербатов и Керик, исто for the sake of the team, со што овој пораз би придонел кон тоа, што е уште еден бонус за тимот.Извинете сите, особено легендите, но сега повеќе ни пречите отколку што помагате и кога е таков случајот мора да се смени нешто.

Позитивното?Нани,Валенсија,Флечер и Рафаел.Овие 4ца денеска беа брилијантни.Го вклучувам Рафаел овде дека заслужува да биде.Ова беше еден од најдобрите преформанси што јас ги имам видено од бек одкога следам фудбал почесто.Сега, можеби направи грешка, или 2, болката што сеуште ја чувствува поради овие грешки(шут наместо пас до Руни, влечење за дрес додека имаш жолт) ќе му биде само од корист и сигурен сум дека ќе прерасне и ќе се врати како многу,многу,многу подобар и покомплетен играч.

Медиумиве и неутралниве фанови ќе зборат ауу Робен и Рибери ѕверови, но што е со нашиве момчиња?Нани и Валенсија - ФЕНОМЕНАЛНИ, again.Имам толку gay-love за Нани последниве неколку натпревари, дури е смешно да се повторувам.Момчето прерасна во мажиште, станува се подобар и подобар секој натпревар и ги заслужува сите пофалби.Валенсија, можеби има само една нога и може да биде, што би рекле едно-димензонален, но и тоа каква една димензија!Веќе е многу,многу подобрен одколку на почетокот на сезоната, и се надевам дека следна сезона ќе имаме уште еден играч кој ќе ја отвара одбраната и лека полека ќе ни станува еден од главните играчи.

Последниот, Флечер.Дарен свесен ли си дека прерасна во херој на Јунајтед?Беше затворан и немаше доволно простор, но напорот којшто го даваше и борбеноста на теренот беше неверојатна, повторно.

За останатите, ВДС беше фантастичен уште еднаш, неможам да кажам лош збор за него и неговите фантастични одбрани треба да се знак дека треба да најдеме достојна замена пред да го изгубиме.Евра, исто како и Флечер ми изгледаа преморени но сепак се бореше, трчаше, класично како Евра.Не би ми пречело Фабио и О Шеј да изиграат неколку натпревари.Не памтам Рио дека згреши некаде, иако мислам дека околу првиот гол можеше да направи нешто, како на пр. да не го остави ебаниот Керик да го чува Олич.Видич беше одличен повторно, се плашам да не го изгубиме на лето, тоа најмалце ни треба.Гибсон ме импресионираше, солиден денес и многу добар гол, дечкото има страшен шут.За Керик го кажав своето.

Руни...играчиште, секоја чест за камбекот го почитувам и за тоа што го прави на теренот и како човек, не сакаше да куца на теренот за да не биде изваден од Ферги.Сепак, да бидам искрен, на 3-0 и да имам на терен еден Руни кој очигледно не е целосно фит и јас би го извадил, но веднаш по примениот гол и би го ставил Македа, барем да издржиме до полувреме.

Како и да е, конечно се смирив, честитки до Баерн им посакувам среќа понатаму и се надевам дека ќе успеат да освојат.Потценувани од сите, заедно со нас, и пак успеаа да елиминираат големи тимови.Да беа слаб тим, на 3-0 веднаш ќе се одкажеа но на начинот на кој што играа со 3 гола негатива им се восхитувам.Сега се каам што не останав да го бодрам тимот докрај во Шенклис, се извинувам до сите, нејќев да помислите дека сум gloryhunter.

За крај, еден од најдобрите цитати во последниве години:

Gibson: "We either lie down and let the whole season go, or we stand back up and fight for the title"

Red Till I'm Dead.Over and out.
 

Sir Dalton

Ću te patošem!
Член од
30 март 2010
Мислења
54
Поени од реакции
4
Ова се вика кога двајца судии ќе ја заебаат цела сезона не ми се верува мене сеуште. Како можеше да му даде втор жолт картон на Рафаел откако знаеше дека веќе има еден и требаше да му даде уште една шанса. Во прво полувреме не мрдна Рибери исто и Робен додека Рафаел не доби црвен и се разиграа. Овој пораз многу ме боли поради тоа што знам дека бевме подобриот тим и се извадија со среќа и ништо повеќе. Првиот натпревар среќен гол на Олиќ во 92 и гол сега црвен картон за ништо и гол. Да останеше Рафаел незнам кај ќе им беше крајот на Баерн. Нани изигра одличен натпревар заедно со Валенсија и мора Ферги да ги игра нив двајца до крај на сезона во Премиер Лига барем тоа да освоиме.

Glory,glory Man United!

Тоа е фудбалот, не значи дека подобриот секогаш победува (или во овој случај продолжува понатаму). Мене ми текнува на финалето '99 кога Bayern водеше до 90 мин а у меѓувреме имаше и статива и други шанси, беше доста подобар тим, а на крај го лапнаа. Затоа е фудбалот интересен, би било досадно подобриот секогаш да тепа. Иначе за судијата да искоментирам - мислам дека да немаше Рафаел жолт секој судија би го санкционирал прекршокот со картон, а дали при еден жолт ке му дадеа втор тоа е дискреционо право на судијата сам да одлучи (овој вчера реши да му даде уште еден, можеби и малце под притисок на играчите на Bayern али јебига, се дешава).

Коа веќе ја спомнав '99 малце да евоцирам спомени... ми текнува таа сезона Барса падна у група со Ман Утд, Баерн (подоцна финалисти, а финалето се играше на Ноу Камп) и Брондби. Дуелите Барса-МанУ во Барселона и Манчестер (и двете завршија 3-3) се меѓу најдобрите 10 утакмици што сум ги глеал у живот.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.919
Поени од реакции
7.013
По средените импресии еве го и моето увидување за натпреварот:
Прво и најосновно да кажам дека сум ГОРД на момците што на почетокот изелога самоуверени, храбри и сигурни дека ќе го згазат Баерн и навистина го газеа. Појавувањето на Руни беше дополнителен стимул за соиграчите, а еден голем инфаркт за Баерн. Затоа и набрзина паднаа првите два гола. Можеби не сакаме да го признаеме тоа ама се повеќе мислам дека сме сепак one man team. Самото присуство на Руни на теренот внесува страв кај противникот, несигурност во одбраната и секое негово додавање на топката или шут е голема опасност по противничкиот гол. Затоа и успешно ги газевме до 30 и некоја минута. И оттогаш се случија 3 моменти кои го решија натпреварот.
1. Глупиот гол на Олиќ во 45 мин. кој знаев уште тогаш дека ќе ја замрси ситуацијата.
2.Фаулот на Рафаел на средина на теренот кој е чисто од тактички причини без никаква опасност по голот и тоа судиите добро го знаат, по што по жолчните протести на “ѕвездите“ на Баерн се претвори и во црвен картон.
3. Стриктното бранење во наш 16-ник одма по црвениот картон, а беше само 48 мин.

Едноставно на Баерн МУ СЕ ПОКЛОПИЈА КОЦКИТЕ. Имаше многу клетви за 99-та и ова едноставно мораше да се случи. Можеби некој не верува во одмазда ама тоа сум го приметил илјадници пати во спортот. Така беше и сега. Да останеше 3-0 на полувреме друга песна ќе се пееше. Да не беше црвениот картон исто друга песна ќе се пееше, ќе излезеше Руни во 60 мин. место Бербатов ама пак ќе си ги имавме 4-та играчи во одбраната. И да не слушнам дека Ферги ја заебал работата. Па човекот го изваде најдобриот можен, тркачки, храбар и истовремно искусен состав. Нани ја одигра една од најдобрите утакмици од кога е во Јунајтед. Валенсија се гледа дека добро соработуваат со Руни. Флечер стандарден. Гибсон со огромен потенцијал исто како и Рафаел кој го гледам како замена (долгорочна) за Невил. Другите од одбраната одиграа на ниво, црвсто и стабилно без киксови. ВДС исто одличен. Е сега за Керик можда има одредена вина за првиот гол ама тоа е тоа. Да беше Андерсон или Харгривс здрав можда Керик ќе беше и на клупа, јбг. Како и да е јас сум презадоволен од играта. Едноставно немавме среќа. А Баерн сезонава ја има и тоа доста. И со нас и со Фиорентина се провлекува со голови на гости. Тие практично не победија никого. И нив ќе ги стигни казната.

Останува раните да ги залечиме со Премиер Лигата.

LONG LIVE UNITED !!!
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
^ Се согласувам со бобипп, да не го ставам цитатот-голем е. Едноставно кога не сака-не сака. Среќата му беше наклонета на Баерн, Олич постигна 2 глупи голови во 2те утакмици и тоа ја реши работата. Со 10 играчи тешко е да запреш квалитетен тим како Баерн. Рибери и Робен беа разиграни до немај каде, уствари секој е разигран кога игра против Најголемиот, Манчестер Јунајтед. Сега треба да се фокусираме на Премиер Лигата. Тоа треба да ни биде утеха. Failure is not an option.
PS:Aко се сеќавате, Ферги изјави дека ПЛ е приоритет (пред ЛШ) од Х причини, за нас добро познати. :wink:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.096
Се извинувам ако нешто кажам безвезе али уште сум во шок:kesa:
Вчера се беше одлично прво полувреме дури и почнав да славам у 40 минута по 3 гол али тоа е тоа швабска работа:nerv:Невил точно дека требаше да игра али Рафаел е сепак за мене поискусен и поталентиран само што не знае да се снајде во некои ситуации му фали уште малку за да може да игра место невил, се можеше да реши ако дадеше гол имаше шанси али едноставно човекот се збуни и незнаеше што да прави!Одбраната си го направи своето и беа навистина одлични посебно Рио на човекот капа му симнувам:cuc:Среден ред солидни беа на некое ниво подобри од претходната утакмица со швабите али треба да се продадат некои играчи(зборам за псотарите)Сколс, Гигс, Невил треба да одат надвор заедно со Македончето кое го мразам од дното на душата:nerv:Значи толку глуп чоек неам видено:nerv:Не знам зашто Ферги не им дава предност на помладите играчи како што се Диуф, Рафаел и др..Тој Диуф само на Фифа и ПЕС го имам видено:kesa: и супер игра не знам дали е така и во реалност али ја тој не го видов да игра 1 утакмица:toe:нема зашто да жалиме што не отидовме во 1/2 финале.Искрено повеќе ми е мерак што отиде барем квалитетен тим.Покрај тоа што сум фан на Манчестер сакав да тепаме и да идеме али ке беше сосема нереално:toe:Со ваков тим нема што да бараме понатака, после им се смееме на Биланезите биле старци едно друго...Па и ние не сме нешто поарно:kesa:Значи ова лето ако не се купат нови млади и борбени играчи идната сезона ако бидеме у први 5 ке биде добро!За играта на баерн немам што да коментирам борбени до последна минута:toe:И судијата не беше фер спрема нас не знам што е со судиите на последните 2 утакмици али очигледно не сакаат да земеме титула:kesa:баерн милион фаули само опомени Манчестер 1 фаул НЕпостоечки одма црвен безвезе.Очекувам идната сезона да се донесат квалитетни играчи во Манчестер во средниот ред и во нападот.Иако е невозможно али би сакал да го видам и Олич во нашиот тим покрај Руни.Двајца борбени и брзи играчи талентирани се мислам дека ке бидеме многу добри во нападот, посебно по враќањето на Овен и Харгривс.А не би било лошо да се донесе Агуеро, Виља, Пујуол,Пабло од Сарагоса и некои други квалитетни играчи, но останува да видиме.Сега се надевам Ферги ке даде се од себе да освоиме ПЛ.
BELIEVE:vozbud:
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Ферги мора да купува налето, нека не се занесува со овој тим, пак ли ќе се мачиме за ПЛ и ЛШ и следната сезона!? Како ме нервира со трансфериве...
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Се извинувам ако нешто кажам безвезе али уште сум во шок:kesa:
Вчера се беше одлично прво полувреме дури и почнав да славам у 40 минута по 3 гол али тоа е тоа швабска работа:nerv:Невил точно дека требаше да игра али Рафаел е сепак за мене поискусен и поталентиран само што не знае да се снајде во некои ситуации му фали уште малку за да може да игра место невил, се можеше да реши ако дадеше гол имаше шанси али едноставно човекот се збуни и незнаеше што да прави!Одбраната си го направи своето и беа навистина одлични посебно Рио на човекот капа му симнувам:cuc:Среден ред солидни беа на некое ниво подобри од претходната утакмица со швабите али треба да се продадат некои играчи(зборам за псотарите)Сколс, Гигс, Невил треба да одат надвор заедно со Македончето кое го мразам од дното на душата:nerv:Значи толку глуп чоек неам видено:nerv:Не знам зашто Ферги не им дава предност на помладите играчи како што се Диуф, Рафаел и др..Тој Диуф само на Фифа и ПЕС го имам видено:kesa: и супер игра не знам дали е така и во реалност али ја тој не го видов да игра 1 утакмица:toe:нема зашто да жалиме што не отидовме во 1/2 финале.Искрено повеќе ми е мерак што отиде барем квалитетен тим.Покрај тоа што сум фан на Манчестер сакав да тепаме и да идеме али ке беше сосема нереално:toe:Со ваков тим нема што да бараме понатака, после им се смееме на Биланезите биле старци едно друго...Па и ние не сме нешто поарно:kesa:Значи ова лето ако не се купат нови млади и борбени играчи идната сезона ако бидеме у први 5 ке биде добро!За играта на баерн немам што да коментирам борбени до последна минута:toe:И судијата не беше фер спрема нас не знам што е со судиите на последните 2 утакмици али очигледно не сакаат да земеме титула:kesa:баерн милион фаули само опомени Манчестер 1 фаул НЕпостоечки одма црвен безвезе.Очекувам идната сезона да се донесат квалитетни играчи во Манчестер во средниот ред и во нападот.Иако е невозможно али би сакал да го видам и Олич во нашиот тим покрај Руни.Двајца борбени и брзи играчи талентирани се мислам дека ке бидеме многу добри во нападот, посебно по враќањето на Овен и Харгривс.А не би било лошо да се донесе Агуеро, Виља, Пујуол,Пабло од Сарагоса и некои други квалитетни играчи, но останува да видиме.Сега се надевам Ферги ке даде се од себе да освоиме ПЛ.
BELIEVE:vozbud:
Хаха свесен ли си шо пиша сеа ? Ако не се купеле квалитетни играчи ќе било добро ако сме биле у први 5. Кај глеаш фудбал ? На лајвскор ? :nesvest:
Само Бербатов да не го глеам другото ми е ок мене. И повеќе да се форсираат Рафаел, Македа и Нани и Валенсија постојано да бидат на крила.
Другото и не го коментирам, Helz ти објасни погоре.

Настрана картонот на Рафаел, кој е оправдан според мене и тука ја гледам единствената грешка на Ферги синоќа, двомечот го реши Олич или ако сакате грешките во одбраната и во Минхен и во Манчестер. Со 1-1 од таму немаше ни да се замарам за резултатот дома, или па со 3-0 вчера на полувреме. Тие два гола не уништија или ако сакате германската упорност.:toe:
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
. . . значи после сите овие збиднувања и нервози, успеав некако да се вратам при себе и еве ќе дадам еден рекапитулар за двобојов:
Како што имав пишано во еден претходен пост дека сме најјаки кога сме ранети тоа и се повтори. Значи имавме старт како од сништата, рано водство и анулирање на предноста уште по 5 минути, потоа и зголемување на водството по само 7 минути играње што беше предзнак дека најверојатно ќе имаме уште една блескава вечер, а најмногу во тие моменти ме радуваше играта т.е. начинот на кои пристапија сите фудбалери. Со пресинг на секој дел од теренот што резултираше со одземање на топката и веднаш брза трансформација одбрана-напад и создавање на шанса за гол, кои шанси со исклучок на некои успеавме и да ги реализираме, што и беше добро за натпреварот. Е сега што се случи ? - Се случи мало невнимание, да не речам кикс на Керик и тоа проклетото усташко племе знаеше да казни, со што го насочи мечот од изгубена во навидум добитна комбинација за Баерн. - Се случи ете и црвениот картон на Рафаел и тоа во најлош момент, т.е. во момент кога сакавме уште од на почетокот на второ да постигнеме и 4 гол и да го решиме натпреварот.
Имаше една изјава на Ферги по мечот дека Олич и Рафаел го решија мечот - што е и точно.
До крајот послето се играше само на нашата половина, со неколку излети на Нани, ама залудни. Искрено не верував дека ќе примиме така наивен гол, ама тоа ти е, се случи и тоа.
Сега што ни останува, борба до крај во ПЛ и како така да ја спасиме некако сезонава. Веќе имаме една титула (Карлинг) и со евентуална втора во оваа сезона, а рекордна 19 и 4 по ред во ПЛ да заборавиме на оваа несреќна елиминација.

One Love One United :back:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.096
Хаха свесен ли си шо пиша сеа ? Ако не се купеле квалитетни играчи ќе било добро ако сме биле у први 5. Кај глеаш фудбал ? На лајвскор ? :nesvest:
Другото и не го коментирам, Helz ти објасни погоре.

Настрана картонот на Рафаел, кој е оправдан според мене и тука ја гледам единствената грешка на Ферги синоќа, двомечот го реши Олич или ако сакате грешките во одбраната и во Минхен и во Манчестер. Со 1-1 од таму немаше ни да се замарам за резултатот дома, или па со 3-0 вчера на полувреме. Тие два гола не уништија или ако сакате германската упорност.
Сакаш да кажеш демек и да останеме со истиот тим имаме шанси за први пет у ПЛ и за освојување лига шампиони?:wink:
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Сакаш да кажеш демек и да останеме со истиот тим имаме шанси за први пет у ПЛ и за освојување лига шампиони?:wink:
Едно засилување и Бербатов да го нема. Силва пример да дојде на лето и замена за Бербатов. Друго не треба.

Како бе први пет ? Да беше за Ливерпул да ти веруев, ама вака е смешно.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.096
Едно засилување и Бербатов да го нема. Силва пример да дојде на лето и замена за Бербатов. Друго не треба.

Како бе први пет ? Да беше за Ливерпул да ти веруев, ама вака е смешно.
Па ја не рекеов да се смени цел тим, и да дојдат сите тие играчи што ги набројав реков дека сакам да се сменат старците зошто ферги премногу нив ги форсира.Зашто дојде диуф типот го неам видено...немој да кажеш дека е во ред да останат берба невил и сколс?За гигс ај некако вака така али он добро се снаоѓа и на него ке му пројде периодот и после што?Време е малце да се променат некои нешта во составот.Мое мислење сеа дали тебе или нан екој му е смешно во ред:helou:
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
434
Значи после секој пораз „старците“ ви се криви за се, а кога играат ѕверски им пеете песни...
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Па ја не рекеов да се смени цел тим, и да дојдат сите тие играчи што ги набројав реков дека сакам да се сменат старците зошто ферги премногу нив ги форсира.Зашто дојде диуф типот го неам видено...немој да кажеш дека е во ред да останат берба невил и сколс?За гигс ај некако вака така али он добро се снаоѓа и на него ке му пројде периодот и после што?Време е малце да се променат некои нешта во составот.Мое мислење сеа дали тебе или нан екој му е смешно во ред:helou:
Кажав за Бербатов,а Невил, Гигс и Сколс ќе добиваат помалку шанса, ќе се форсираат Рафаел, Гибсон, и Харгривс се враќа не заборавај. Ама дека нема да бидиме у први пет...

Шо помисли кога си заминаа Роналдо и Тевез, ама искрено. И каде сме сега.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom