Видејте вака батина...
Можеби некои мислат дека баерн доаѓа да се прошета во Манчестер и да го порази Јунајтед кој многу е потценет годинава,посебно сега без повредениот Руни.
Могумина и мислат дека моменталните форми на клубовите (два порази- и две победи соодветно) во големи утакмици , го прави баерн фаворит и на Јунајтед му дава мали шанси за добар резултат ,кој ќе му обезбеди пласман...
Јунајтед без првиот стрелец Руни ,а баерн засилен со нивниот најдобар играч Робен оваа сезона и големиот талент швајнштајер или жими к.... како му е името.
навидум ситуацијава....за нас навивачите на Јунајтед изгледа далеку од Розова...
НО.....
НО
Обично кога станува збор за Јунајтед , па во речиси секоја конотација, постои едно големо ,и болдирано
“Но“....НО според мене оваа ситуација некако е природна за Јунајтед и во овој случај ,конкретно за овај натпревар некако мотивирачка и прилично перспективна...
Сеа ќе речите ,овој Хулиган,стварно ѓон е напрен пред натпревар чим вели дека вечернава ситуација на клубов е перспективна и мотивирачка...
Не мили колеги.пивото уште се лади,не е чепнатто...трезвено расудувам

и велам дека оваа ситуација е “природно добра“ за Јунајтед од следниве причини...
-Вечерва се решава сезоната,тоа сите морате да го признаете, значи резултатот од овој натпревар ќе има голем импакт врз игрите во премиершипот понатаму.....Јунајтед е притиснат до ѕид....до огромен ѕид....каде нема назад, каде нема друг пат....туку само напред...
изгубен натпревар со Челзи (заслужено или не ,претходно искоментирав
) , повреда на најдобриот стрелец, прилично лоша игра од натпреварот со баерн -од каде сепак извлековме релативно добар резултат....е одлична позиција за лавовски
марш напред...Олд трафорд ќе грми, навивачите најавуваат пекол , САФ побара да проработи “магнетот“ од Стемфор Енд кој забива голови кај противниците...значи очекувајте тотална подршка...
Јунајтед нема друга алтернатива, сака нејќе мора да победи ,секогаш сме го имале тој притисок, да се навива за Јунајтед, значи постојано да се доживуваат тешки и напнати натпревари.....
Така да....се на се измешано и несумирано...ќе кажам едно -
ПОБЕДУВАМЕ !
Победуваме зошто така мораме - поинаку несмееме !
Ранетиот лав е опасен и може да направи беља,да ве повреди,
но ранетиот гјавол е подготвен да направи пекол и да ве изеде !