Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.740
Поени од реакции
11.626

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.129
Поени од реакции
1.733
Изјавите на САФ:

Нема да ризикуваме со Руни - САФ

Диуф не тренирал поради повреда, за Харгривс уште не се знае причината.


Macheda in SAF's thoughts. Good chance of playing. 'Fantastic talent'. Also 'we looked better with him on the field v Chelsea'.Temperament not a problem for Macheda. 'The boy is a talent. Don't see him starting but he could play a part'.

'Fans can suck the ball into the net. Late goals not by accident, and fans play their part'

Слики од тренингот


























Ептен весело некако :)

И за крај...

 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Мамата нивна ме разочара некни, а до уши сега се насмеале :pos2: Им простувам, само ако ги поминеме швабите глупави :tv:
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Мамата нивна ме разочара некни, а до уши сега се насмеале :pos2: Им простувам, само ако ги поминеме швабите глупави :tv:
Сите ги разочараа, ама тоа ти е, мора да има и такви моменти низ сезоната, неможе се како под конец да биде. Инаку за со швабите 2 резултата ми се вртат по глава: или 1-0 или 2-1 ќе биде за нас, така да мислам дека е можно и продолженија да има, ама како и да е поминуваме секако, без оглед на се :helou:.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.965
Поени од реакции
23.140
Добри дресови и изгледа овие ке бидат за идната сезона
А овој е многу убав.. :D

Е овој дрес ми се допага...другите не ги бива...Инаку Руни нема да игра против Баерн . Не верувам дека Ферги би ризикувал со него...
 
B

BooBojan

Гостин
Руни според мене не смее да игра против Баерн ке ни треба до крајот на сезоната не вреди толку многу да се ризикува.Можеме барем премиер лига да освоиме а се надевам за Шити ке ни помогне да ги победеме.Плус у најлош случај замислете не дај боже игра руни против Баерн се повреди ем пак без Руни и тоа уште повеке ем замислете како ке изреагира Англиската јавност ако нивниот најдобар играч не патува за ЈАР.
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.016
Поени од реакции
5.340
Со Руни ли без Руни како и да е мора да се победи.. САФ пак кe извади некој состав кој нема да му даде на Баерн да мрдне.. Верувам у САФ и во и во играчите.. BELIVE!:smir:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Хаха, парк е вистинска карикатура на последната слика:pos2:
 

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.129
Поени од реакции
1.733
Најава: Јунајтед v Баерн


Лига на Шампиони, 1/4 финале, 2 рунда|Среда, 7 Април 2010|Почеток: 20:45h
Стадион:
Old Trafford, Manchester


RED DEVILS

Не баш најдоброто време за гостување на Баерн во Манчестер.2 натпревари, 2 големи тимови, 2 порази.Минатиот натпревар заврши со 2-1 за нив во Минхен, со гол во последната минута, но како што би рекле повеќето реални фанови на Јунајтед,заслужена победа на Баерн.Истото може да се каже и за натпреварот со Челзи викендов, иако многу поконтроверзен од овој со Баерн, 2 недосудени пенали за нас, еден за нив, гол од офсајд на Дрогба и гол со рака на Македа.За да биде уште полошо, Руни ни е повреден.Дефинитивно многу, многу лоша недела за фановите на Јунајтед, но треба да се земат и неколку работи во обѕир за овој натпревар.
1.Имаме гол во гости.Дали е можно да не дадат гол на ОТ?Повеќе од можно, но многумина според моменталната форма на двата тима сметаат дека е неизбежно.Како и да е, ние мораме да постигнеме гол за да победиме,макар и со 1-0.Да, 1-0 за нас е резултат кој не носи понатаму.Не изгледа толку далеку полуфиналето сега така?Како и да е, какошто кажа Сер Алекс, Јунајтед никогаш не ги прават работите на лесниот начин.
2.Wake up call, the United style.Последните 2 натпревари ја немавме онаа победничка игра и менталитет, ја немавме желбата да освоиме бодови или трофеј.Неможеме да очекуваме победи против толку добри противници ако не дадеме 100% и играме најдобро.Ова е многу лошо, игравме против Челзи како да сме 10 бода пред нив.Јас се надевам дека поразите од Баерн и Челзи ќе бидат wake up call за играчите дека треба да се стегнат и да покажат кој е вистинскиот Јунајтед, дека не сме 1-man team и дека можеме и без Роналдо,Тевез и Руни пак да победуваме.
3.Ова е исто многу важно, враќањето на некои многу важни играчи на Баерн.Најголемиот проблем - Арјен Робен, сеуште е неизвесен за натпреварот и нема да се знае ништо до тренингот пред натпреварот утре, но ако мене ме прашувате Робен ќе игра 99%.Исто, тука е Ван Бајтен кој се повреди на натпреварот со Шалке и не се знае истотака дали ќе игра.Им се враќа Швајнштајгер, кој беше суспендиран поради црвениот картон со Фиорентина.Ќе бидат многу поопасни по крилата и не сум сигурен дали Рафаел и Гери Невил би можеле да ги сочуваат 90 минути и Рибери и Робен.

За составот, има 2 многу важни работи.Првата е дека САФ мора да го игра Нани прва постава а втората е дека Парк не смее да игра во први 11 до крај на сезона инаку ќе продолжиме со мизеријата.Нема против да игра заедно со Валенсија кога Руни е напред, но сега со Бербатов не смее никако да игра.Средината ќе биде многу важна, Флечер и Керик би требало да бидат тука, Валенсија и Нани по крилата и најверојатно Гигс како полушпиц па Бербатов пак сам како напаѓач.Мое мислење е дека Македа би требало да стартува покрај Бербатов дека видовме и самите како Берба се снаоѓа сам во напад и колку оживеа нападот по влегувањето на Македа, едноставно топката се лепи за детево, во вистинско место и време се појавува на големи натпревари.

Како и да е, се надевам дека ќе изиграме дрско и ќе покажеме дека Олд Трафорд е тврдина и нема што да бара тука, кој било тим на светот.Стигнавме до тука, нема откажување, идеме до крај.Come on UNITED!

DIE BAYERN

9 години се многу години за тим како Баерн да нема почуствувано како е да се освои Лига на Шампиони.Всушност, тоа е и последниот пат кога Баерн дошол до 1/2 финалето.Уште поголема коенциденција е тоашто тогаш Баерн стигна до 1/2 финалето откако го елиминарше Манчестер во 1/4 финалето со натпревар против Шалке меѓу 2та натпревари.

Во Бундес лигата против Шалке, Ван Гал извади неочекувани стартни 11 со што одмараше некои играчи коишто беа вратени скоро од повреди.Алтинтоп и Контенто играа,Швајнштајгер се врати, Олич и Милер во шпицот, Демикелис и Гомез не играа за да биде целосно спремни за овој натпревар а Робен не беше воопшто повикан.Иако го изгубија Ван Бајтен на почетокот на натпреварот поради повреда на главата, Баерн победија со 1-2 и тоа без Алтинтоп од 41та минута којшто доби црвен картон.

Ван Гал обично користи 4-2-2-2 систем кадешто некој од напаѓачите добива слободна улога да се движи на која било позиција а другиот е оној кон којшто се упатени сите топки.

Повторно нема да има промени во нашата одбрана којашто сеуште ни е најслаба алка.Бут,Лам,Демикелис,Ван Бајтен и Бадштубер би требало повторно да започнат.Доколку пак Ван Бајтен не биде спремен тогаш Бадштубер најверојатно ќе добие централна улога и Прањич или Контенто би играле како лев бек.Се молам дека ќе прават помалце грешки од натпревар во натпревар, Ван Бајтен е преспор, Демикелис зависи од расположение игра, Бадштубер беше уништен од Чамак а заедно со Контенто немаат никакво искуство.Баерн никогаш немале некоја првокласна одбрана но имале добар тимски дух и енергија со што знаеле да се затворат кога им требал резултат.

Швајни се враќа со што многу му се олеснува задачата на Ван Бомел.Очекувам на крилата да бидат Робен и Рибери, иако првиот сеуште е неизвесен и нема никакви новости за него иако отпатува со тимот.Милер или Алтинтоп би играле на негово место доколку не игра, Тимошчук и Прањич на клупа.

Многу е полесна работата за Ван Гал во нападот.Сите се фит, Гомез се очекува дека ќе почне и се виде колку проблеми му создаде на Манчестер за малото време дадено од тренерот во Минхен.Можно е да го видиме Милер напред заедно со него, па сите топки да идат кон Гомез а повеќе слобода да има Милер.

Мора да го зголемиме нивото на концентрација за овој натпревар.Ова е Лигата на Шампионите, се е можно, имаме водство, мораме да го искористиме.Не смееме да правиме глупави грешки како во Бундес лигата бидејќи Јунајтед ќе казни.

Можни состави:
VDS

Rafael - Rio - Vidic - Evra

Valencia - Fletcher - Carrick - Nani

Giggs

Berbatov




Muller - Gomez

Robben - Van Bommel - Schweinsteiger - Ribery

Badstuber - Demichelis - Van Buyten - Lahm

Butt
 
S

StereoLove

Гостин
Гледам на сликиве дека атмосверата е многу убава,ама Парк:pos:каква фацка еј.

Туку немој некој да не ме сфати погрешно но мислам дека Ферги во почетните 11 треба да го стави Рафаел.Детето се бори за секоја топка,брз е за разлика од Невил кој некако не ми се допадна неговата игра последниве 2 натпревари иако знае некогаш да изиграе на ниво сепак може да се случи да направи некој кикс како на првиот натпревар.
Исто така Македа да игра од самиот почеток на натпреварот да биде како подршка на Димче а не да чека до 70 минута и да го пушти како што беше за дуелот против Челзи.
Детето како што кажа Хелз знае да игра на големи натпревари а да не заборавиме за ланската сезона дека токму неговите голови како оној противв Вила во продолжението ни донесе значајни три поени и секако титула.

Искрено највеке Робен ме плаши заедно со Рибери но доколку ги сопрат и двајцата мислам дека нема што да бараат.

Ајде нека дојде веке таа Среда:vozbud:
 
B

BooBojan

Гостин
Кога го гледам Македа како постигнува голови се мислам дека ке се развие во играч како Инзаги.Но јас се надевам дека ке биде побрз и повешт со топката од постариот сонардник.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Macheda мислам дека нема да игра во почетните единаесет... Мислам дека ќе игра со Берба главен шпиц и покрај него Гигс, Нани !

А бе како и да е САФчето ќе напраи комбинација:wink:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Muller - Gomez

Robben - Van Bommel - Schweinsteiger - Ribery

Badstuber - Demichelis - Van Buyten - Lahm

Butt

Обратно играат Робен и Рибери, Робен вс Евра, Рибери вс Невил/Рафаел...

Инаку нема шанси со овој состав да игра, премногу е офанзивен ќе игра 4-3-3 со Рибери-Олиќ-Роббен напред...:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom