Овен Харгривс цели кон брз прогрес:
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед нема настап за првиот тим од септември 2008, но е блиску до враќањето по долгорочните проблеми со колената. Харгривс во последен момент се повлече од настап за резервниот тим минатата недела, но се очекува вчерва да настапи против Резервите на Барнли.
29 годишниот англиски репрезентативец признава дека многу брзо треба да се врати во првиот состав на Јунајтед доколку посакува да замине за Јужна Африка.
“Светското Првенство е мотив. Апсолутно.” – рече Харгривс за
Daily Telegraph.
“Но потребен ми е прогрес, и тоа многу брз, за Светското Првенство да стане реална опција.”
Харгривс исто така упати многу пофални зборови за својот соиграч Вејн Руни, кој оваа сезона игра во извонредна форма.
“Тој одсекогаш имал голем потенцијал, но со текот на годините и собраното искуство, тој успеа подобро да се позиционира на теренот, каде да биде кога топката е на крилните позиции.”
“Не е коинциденција тоа што повеќето од неговите голови оваа сезона ги постигна со глава, бидејќи тој секогаш е во шеснаесетникот.”
“Во минатото тој често играше на крилната позиција бидејќи не е себичен и премногу работи за доброто на тимот.”
“Но играч од неговиот калибар треба да игра во форот како централен напаѓач. Тој е извонреден.”
Најверојатно вечер прв пат после 18 месеци Харгривс ќе заигра за Манчестер Јунајтед за резервите против Барнли се очекува да биде во прв состав!