Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Што ви е бе луѓе? Мора на сите да им се допадне филмот? Мора сите едно да мислат? Ботови едни, ај баталете ја Рокенрола, она е женско, не се важат нејзините мислења, ама ти бе Бене? Аман веќе, ако на некој нешто не му се допадне и одма инает тера, не сте деца повеке, или можеби сте па лажете за годините.
Не бе па и ти, знаеш дека јас не сум таков, такви у фан клуб Интер :) Иначе, само те знам ко човек што има подруг вкус за филмови од другите, затоа и тоа го пишав, не се нервирај :)
 
^убиецот у филмот ( Мајкл Маерс ) ја има убиено фамилијата своја, на тие твои години кога ти си го гледал ;D
 
Halloween 1978

Ми се допадна бидејќи убиецот е од крв и месо, значи овде нема зомби и слични срања.
Го гледав оддамна (кога имав 6-7 години) мислам содржината му е следна:
Се работи за реално шоу, група од млади луѓе влегуваат во една морничава куќа која се претпоставува дека е куќа на еден сериски убиец.
Внатре наоѓаат ножеви секири и слични работи кои му служеле како оружја на убиецот и нормално се зезаат со нив.
Карактеристично за убиецот е што има една маска (како на сликата) и еден од членовите ќе ја носи маската да ги плаши другите, одеднаш ќе се појават двајца со истата маска и нормално едниот ќе настрада. Серискиот убиец се враќа во својата куќа...
Финишот догледајте го сами


Па раскажи го и тоа кога стигна до тука...
 
Battle: Los Angeles, го гледав пред некој ден, имаше 2 работи кои ми се допаднаа, првата работа е првите 10-15 минути од филмот, ептен реално доловени моменти, ептен значи, од реакции па се до секојдневни однесувања. Втора работа е тоа што (ако читаш спојлери има до крајот на реченицата, и убаво е да престанеш да читаш тука) на крајот уништуваат нешто многу важно, значи иако од средина на филм ја отупеа со цивилите, све нешто мислев дека на крај тоа ке им е целта и ке гледаме еден филм како War of the Worlds или Inception, каде што режисерот се обидува (каде успешно, каде тотално утнато) некои ситни случувања да ни ги прави ептен важни, така и тука чекав искрено, демек на крај овие ги спасуваат цилвилите и све тоа успешна мисија. Ама за среќа не беше така, и баш меракот ми го направија кога му слегоа на лошите :).

Филм ко филм, онаков, не го препорачувам дека не е којзнае што, ама за хард-кор фановите на сај-фај, нека го гледаат.
 
Eи мојот победник на месецов.. за најтапа филм. :) Battle: Los Angeles **SPOILER ALERT** (не важи за хејтери)

Cloverfield. Солиден саат гледаме само фрагменти од ејлиените/непријателот, каде нога каде глава, некаде цел од далечина и многу од времето е од first person камера. Следно и најочекувано во филмот беше инвазијата врз секој поголем град. V серијата, Independence day и уште неколку called. Си ја сакаат идеата назад. Плус, филмов го симнав ради ефекти не ради маринец со комплекси да ме мотивира и поти за маринскиот код и морал и такви срања. А ефекти немаше. Освен роботизираните ејлиени кои или беа прикажани во смог повеќето од времето од првиот час или беа одалеку, и тука таму од птичја перспектива како LA гори. Патетично. Ова го очекувам за филм од две и петта, не..

И така цел филм е ориентиран како функционира војската и е сведен на неколку херои кои се толку лојални што не го даваат LA дури ни по цена на животот. Првичната мисија им беше неколку цивили како што кажа Појол ама после им текна дека они се последната надеж за разоружување на воздушните летала на непријателот, кои уште ми се под прашалник од каде излегоа, кога пешадијата стигна како комети во водата. И колку се смеев дека имаа мини-вакво а и мама ебаше кога пукаше камиони летаа. Ама овие со м-16ка у нога и му скршија кичмата. Глума не се гледа многу во целата хардкор акција, освен неколку пати spotlight-тот беше врз маринецот Aaron Eckhart, кој излгеда е overpaid па немале многу пари за друго, па во главната екипа го земале Ne-Yo. Филмот ќе ги попали американците дека зборува многу убави работи за нив, ама штета што memory-span-от им е како на риба, па до наредните оскари ќе го заборават.

Јас ужасно мразам сува акција а овде е префорсирана. Од мене има 3-ка.
That's right. I said it. I meant it. I'm here to represent it.

4t4ynm.jpg
 
Тоа е и проблемот бе друже не се сеќавам :pos:

на крајот, црнецот шо го организира шоуто, и девојката ( не ми текнува на името ) го убиваат по Мајки ..а уствари,он е уште жив .. :) HALLOWEEN 2 - е подобар ..


инаку, мои 2 омилени овие денови:

1. Year One
2. Superbad
 
Battle: Los Angeles не е ни филм, тоа ти е тепачка. Онака, дава некаква претстава како изгледа да си на сред пресметка, Saving Privat Ryan фори... Така да убаво е ако ви треба многу пукање, онака да ве разбуди од сон. Иначе, ликовите не се ни површно обработени, нешто почнаа во стилот на Independance day ама неуспешно, значи толку лошо што не ти е гајле кој ќе преживее а кој ќе умре... и уште кога ја видов Ана Лусиа од ЛОСТ си реков kill me, kill me now...

Cloverfield е закон во секој случај, филмот е најдобар од неговата клапа на филмови со трчајуќи камери :), филм со епско чудовиште во кој чудовиштето не се гледа...
 
Cloverfield е закон во секој случај, филмот е најдобар од неговата клапа на филмови со трчајуќи камери :), филм со епско чудовиште во кој чудовиштето не се гледа...

+100000000.

Цел филм се ежев и подрипнував од стол, каква тензија, нешто до тогаш невидено, паника, страв, ужас, адреналин!! :vozbud:
 
Skyline (2010)

Научна фантастика за напад на вонземјани (Independence Day или Battle Los Angeles) но во сосема друг стил.

Според мене филмот е премногу потценет а критиките се од тотално одбивање до многу добри. Јас се придружувам на првите, одличен филм.

Целото дејство на филмот се одвива прво во еден стан а потоа во една зграда, тоа е тоа, но напнатоста е феноменална и не памтам кога последен пат сум скокнал од столче гледајќи филм :).

Мене ме фасцинираше реалноста и самата бруталност на вонземјаните како и целата беспомошност на самата ситуација. Очекував да биде само уште еден клон на веќе сличните но многу се излажав.

Одличен филм и моја топла препорака за сите љубители на филмови со слична тематика.

Крајот е доста впечатлив и остава можност за втор дел.

После Battle: L.A, се запрашавте дали ќе оди полошо од очекуваното.

не платив за филмов али по крајот се чувствував како некој да ми дужи пари.
________________________________________________

Unknown 8/10 последниот на Лиам и водечки засеа во 2011.
 
Готово. Нема веќе добри филмови. Ако ова не го претскажува крајот на една цивилизација, тогаш не знам што. Кај ви е креативноста бе, шабшали? Идеи нула, реализација испод нула. Дека ги крадеме филмовите, ги крадеме, ќе речеш немаме право да кукаме. А кога нема што да се украде? Нема ни што да се плати додуша, тоа го сватив во кино Рамстор откако на долгоочекуваниот Инсепшн заспав. Три пати. Да ви 'бам тоа неписмените, како деца кога се собиравме во маало имавме повеќе имагинација. Не убивте со глуми римејк филмови, приквели и сиквели, идиотски хумор, акциони квази херојчиња (оној Шиа ЛаБеоуф, со кого спие за улогите?), фотошоп актерки со нула способност за глума, моронски дијалози и 1000-ти копии од истиот хепиендинг. Ми го секирате Крејзи Појол без потреба, после не знае што збори...

И шо прајме сега? Ми здосади да збориме за стари филмови, тоа е како кога ќе го спомнеш Вардар па мораш да збориш за Панчев и Рингов, пошто времето застанало таму. Ин минтајм, сите добри серии ми ги укинуваат ненајавено а крајот на ЛОСТ ме фрли во тешка депресија. Куртулив дури кога случајно го видов спотот на К-15 Миле кај што вика: па што ако си паднал во депресија, замисли да си паднел у септичка јама... Него му ги отвориле очите, и он мене ми ги отвори, разбираш...

Ма да, јамата и не е така далеку. Крајот на светот го избегнавме неколку пати, ама кај да е ќе дојде, во форма на милион лоши филмови, од кои на сите ни се сере...

Кога ќе има нешто добро некој нека ми се јави по ПП.
 
Psyside напиша:
не е баш пп али ај :)


Веќе ти ги имам предложено, но изгледа немаш доволно време да се фрлиш на гледање на серии.

Ако имаш ги знаеш моите фаворити, од минатото Six Feet Under (мислам дека многу ќе ти се допадне) а од она што е актуелно сега.. Breaking Bad :)

За филмови мислев, серии уште се наоѓаат, ма да се што фатив укинаа, не знам до толку ли сум малер или имам лош вкус... Прво начекав одличен (по мене) сит-ком, The Class, го укинаа по една сезона, уште има народ што плаче по интернетов за серијата. После почнав со Persons Unknown, и тоа отиде јабана одма. Од FF сам се откажав, V ја укинаа, The Event ја укинуваат... Дојде време на строга комерцијализација, ножот ги сече одма, не им даваат ни екстра 5-6 епизоди колку да ја завршат приказната... Ама за серии уште се гледа, па и кога не се топ квалитет, пак е добро...

Ама филмовиве се очај...
 
^^ Пушти си Едо, моментално го даваат Independence Day.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom