Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
кога се Златните Глобуси?
Ќе ги даваат ли на наша телевизија?
На 16-ти, не знам дали ќе ги даваат нашиве... треба да се види Хрватите дали ќе дадат нешто тие можат да изненадат...
 
Ako postoese opcija da platis cash na imdb za da ti dozvoli da glasash so -1, -2, - 8 itn, za nekoj film, jas ke bev prviot koj ke platev i ke glasav -10 za Alone in the Dark.
 
Аман те бре толку ли е мизерија филмов :)
 
127 Hours

Прегледај го приврзокот 38989

Филм базиран според вистинска приказна. Алпинистот Aron Ralston заглавува во еден кањон во Јута, САД откако камен паѓа врз неговата рака...
Одлична глума и прекрасно режиран филм кој ги доловува моментите и чувствата на еден човек што ќе се најде во ваква ситуација и на што се е подготвен да направи за да преживее. 9/10
Многу позитивно ме изненади филмов(штотуку изгледан) пред се заради тоа што го гледав и Buried,и можам со право да констатирам дека многу е поголема вредноста на 127hours бидејќи е правен според вистинска приказна и е многу потешко да ја доловиш агонијата да се совпадне со таа што ја осетил на своја кожа Арон...додека Buried ми беше жива глупост бидејќи премногу реквизити имаше на располагање,а мозокот му беше на stand by!!!

И по правило никогаш не оценувам филмови со оценки од 1 до 10...бидејќи гледам дека многу од вас ги имаат злоупотребено оценките,и за филмови од неспоредлив ранг со легендарните ги ставате на исто рамниште со оценки 10/10 ...мислам дека сепак треба малце пореално да се оценуваат...ако ништо друго барем нека се знае дека оценка 9/10 не треба да ставате на секој втор филм,а камо ли 10/10...затоа што тоа се оценки кои се даваат за филмови кои важат за ремек дело!(баталете настрана муабети од типот секој има свој вкус...бидејќи филмот е уметност,а не начин за тепање време како што прави Холивуд)
 
Ako postoese opcija da platis cash na imdb za da ti dozvoli da glasash so -1, -2, - 8 itn, za nekoj film, jas ke bev prviot koj ke platev i ke glasav -10 za Alone in the Dark.
прв пат се среќаваш со поимот Uwe Boll ?????

--- надополнето ---

Сега гледав нешто на you tube и случајно најдов некој алтернативен крај на Salt. :toe:
Знае ли некој што е работава?

е веќе кој алтернативен крај...."многу многу многу поразличен од другиот"
 
Tomorrow, When the War Began (2010)
images

Oh dear god...

Единствена причина што ја пишувам рецензијава во „ниедновреме“ е да ве поштедам од маки да не го гледате овој филм, кој може да ве измами со интересниот наслов и со младава актерска екипа на убавиот постер. Имаме ли ние збор за ridiculous? Пошто смешно не го покрива тоа што се случуваше.

Филмот е австралиски, снимен според книга која очигледно е добра, но филмот потфрлува комплетно. Што е полошо, филмот изгледа ќе има и продолженија. Единствена причина што има оцена од 6.7 е затоа што е австралиски па домашната публика го бодрела, но штом излегол во кината по САД веднаш почнал да паѓа, затоа што и за нивните смешни стандарди ова е лошо.

Да прејдам на содржината: група од 7 луди млади одат на кампување во дивина. Во меѓувреме непозната армија ја напаѓа Aвстралија и кога тие ќе се вратат во дома, сите жители се заробени од непријателската војска. Така, нашиве тинејџери во стилот на Expendables тргнуваат во пресметка со војската... Сталоне и Шварци бурек да јадат.

Понатаму, филмот е над секое можно срање. Сцените се толку нереални да не му се верува на човек. Дури и кога хелихоптер и авион ги напаѓаат во куќата во која живеат, не чувствувате дека може да умрат. Нема тензија, нема страв. Непријателската армија 200 пати ќе ги пронајдеше во секое време, затоа што на местото на кое што беше сниман филмот е невозможно да им се скриеш. Веројатно авторот на книгата поинаку тоа го замислувал.

Војниците се очигледно ретарди кои не можат да излезат на крај со 7 глупи тинејџери, кои пак ништо посебно не покажуваат. Покрај тоа, армијата составена од Азијати не добива име до крајот на филмот, како да се плашеле да кажат дека Кина или Јапонија ги нападнале... филм е да му се невиди!

На страна тоа, ликовите не се развиваат, какви се на почетокот такви се и на крајот, бледи и неинтересни. Филмов не е so bad it is good, туку so bad it hurts!

Единствена добра работа е почетокот во дивината и ефектите кои ме изненадија, и само заради тоа ќе му дадам 2/10, со препорака да не го гледате.

Јас би го гледал само заради женските :)

П.С. Кога сум веќе кај тој муабет....имате ли да препорачате некој филм кај шо жена (или подобро повеќе жени) се мадафака тепачи во различни стилови...нинџи, самураи, кунг-фу, пиштоли и сл. ?
 
Sucker punch
 
И по правило никогаш не оценувам филмови со оценки од 1 до 10...бидејќи гледам дека многу од вас ги имаат злоупотребено оценките,и за филмови од неспоредлив ранг со легендарните ги ставате на исто рамниште со оценки 10/10 ...мислам дека сепак треба малце пореално да се оценуваат...ако ништо друго барем нека се знае дека оценка 9/10 не треба да ставате на секој втор филм,а камо ли 10/10...затоа што тоа се оценки кои се даваат за филмови кои важат за ремек дело!(баталете настрана муабети од типот секој има свој вкус...бидејќи филмот е уметност,а не начин за тепање време како што прави Холивуд)
Не постои таква работа како злоупотреба на оцените, постои мислење, и критериум. Некој оценува со построги критериуми некој со поблаги, се е тоа субјективно. 10/10 не мора да биде легендарен филм, и не се привилегирани 10-тина филмови со таа оцена. Ремек дело или одличен филм во секој поглед, да. Оценката е многу нормално да биде повисока од таа на ИМДБ, затоа што таму е просечна и ни еден филм не може преку 9.2 како што гледаме, ама нема филм што е над 8.0 а нема добивано едно чудо 10-ки. Едноставно не се слагале сите дека е за 10. Како и да е, тоа е игра, на сите филмски фанови во светот, без разлика дали на ИМДБ, кај патлиџаните и слично, секаде може да се оценува. Забавно е и со тоа сакаме да потенцираме колку е филмот добар или лош.

Треба да пишам каде згреши со постот или....?
 
Грев е да се спомнува Uwe Boll во темава , кој се разбира малце од седмава уметност знае за што зборам.

Јас се разбирам, и тоа не малце, туку троа повеќе. Јас велам дека е многу добар режисер.
Види на 2 страни назад, за него зборувавме. Еве и поназад што [post=3928967]имам кажано за него[/post].

знам дека имаш симпатии кон неговите филмови,ама мнозинството нема. =)
Финтата е што мнозинството има антипатии кон него, поточно кон неговото име, а не кон неговите филмови. Тука е проблемот.
 
Јас се разбирам, и тоа не малце, туку троа повеќе. Јас велам дека е многу добар режисер.
Види на 2 страни назад, за него зборувавме. Еве и поназад што [post=3928967]имам кажано за него[/post].

Финтата е што мнозинството има антипатии кон него, поточно кон неговото име, а не кон неговите филмови. Тука е проблемот.
Не е кон неговото име...in the name of the King го гледав пред да знам нешто за режисеров.Според мене ,џабе потрошено време од моја страна како и од актерите кои работеле на филмот.А имам гледано и неколку негови филмој базирани на игри, срамота е за игрите.Него Rampage ,поинаку шаблонски беше правен,па затоа можеби ми беше единствениот негов филм што ми се допаднал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom