Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Друго, не ми се верува дека 20000 корисници за инат го оцениле со 1/2 еве ако го мразат Uwe, и aко причината за оценките е политичката определба, зашто Rampage не е со слаба оцена? има 6.5 а треба да има 7.5 малце пониска оцена да, но сепак доста солидно! значи нема логика. Според мене и многу други, доста од филмовите му се слаби, фклучувајќи го и House Of the Dead кој е многу лош, еве го коментарот за него,

Bottom 100: #48


User Reviews: quite possibly the worst movie ever made.
Не ти се верува, ама денес таков е Светов и јас мислам дека тоа е главна причина за толку слаби оценки. Значи не политичка определба туку јавното мислење. Прашај случаен батка дали го знае режисерот, ако го знае прашај го дали го бива. Ќе ти речи не, иако врска нема од филм.

А тоа што реков политичка определба, го мислев како можна причина на тие неколку мина кои го почнале тоа јавно мислење.

Вака оди тоа. Гледа некој филм, не му се допаѓа некоја работа од филмов + слуша го бие (ептен) лош глас режисерот = 1 на имдб. Некој така ако се изнервира доволно, ќе појди и ќе му стави уште по некој 1 на некои други негови филмови и тоа.

Опасни работи.
-------
Иначе има 4 филмови кои би ги оценил негативно, House of the Dead, Alone in the Dark, BloodRayne и Final Storm.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Фала за исцрпната рецензија,а воедно ќе кажам дека си лажго,а ако јас се лажам во твојот вкус(со оглед дека даваш цела 8-ца за филмот не верувам дека се зафркаваш )ќе речам дека си кока-кола во парламето:pos2:
Еве јас да си рецензирам филмот(по што по некое правило од све нешто можеш да научиш)всушност додека го гледав филмот се чувствував како да играм некоја escape room game склопена од некој аматер...верувај не ми вреди спољери да ставам за вакво срање,глупости невидени се хахахха
ај еден спољер колку да се речи
стражаро најак беше...цело Титово пионерче беше,се зазив од смеа ко му чепкаа по џебовите
ете така!!
.Прва работа значи секој со својот вкус.Втора работа е тоа што немаш доволно почит према друг вкус па навредуваш и лепеш етикети .Трета работа ке ти набројам мин. 10 филма што на тебе ти се фетиш а мене ми смешни (значи пак сме кај вкусот).Четврта работа ,да не се зафркавам и стојам озади мојата рецензија колку и да ти е смешна на тебе и да не ја троламе темата ке прекинам тука,понатаму е и бесцелно.Како и да е го почитувам твојот вкус и не сакам мојот пост да биде сватен како одење контра туку како бранење на ставот нормално е дека со многу луге имаме различен вкус и критериуми но сето тоа може да се искаже во содржаен и предизвикувачки пост кој води кон дебата .А вака.....
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.375
Поени од реакции
30.796
кога се Златните Глобуси?
Ќе ги даваат ли на наша телевизија?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
кога се Златните Глобуси?
Ќе ги даваат ли на наша телевизија?
На 16-ти, не знам дали ќе ги даваат нашиве... треба да се види Хрватите дали ќе дадат нешто тие можат да изненадат...
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Ako postoese opcija da platis cash na imdb za da ti dozvoli da glasash so -1, -2, - 8 itn, za nekoj film, jas ke bev prviot koj ke platev i ke glasav -10 za Alone in the Dark.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Аман те бре толку ли е мизерија филмов :)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
127 Hours

Прегледај го приврзокот 38989

Филм базиран според вистинска приказна. Алпинистот Aron Ralston заглавува во еден кањон во Јута, САД откако камен паѓа врз неговата рака...
Одлична глума и прекрасно режиран филм кој ги доловува моментите и чувствата на еден човек што ќе се најде во ваква ситуација и на што се е подготвен да направи за да преживее. 9/10
Многу позитивно ме изненади филмов(штотуку изгледан) пред се заради тоа што го гледав и Buried,и можам со право да констатирам дека многу е поголема вредноста на 127hours бидејќи е правен според вистинска приказна и е многу потешко да ја доловиш агонијата да се совпадне со таа што ја осетил на своја кожа Арон...додека Buried ми беше жива глупост бидејќи премногу реквизити имаше на располагање,а мозокот му беше на stand by!!!

И по правило никогаш не оценувам филмови со оценки од 1 до 10...бидејќи гледам дека многу од вас ги имаат злоупотребено оценките,и за филмови од неспоредлив ранг со легендарните ги ставате на исто рамниште со оценки 10/10 ...мислам дека сепак треба малце пореално да се оценуваат...ако ништо друго барем нека се знае дека оценка 9/10 не треба да ставате на секој втор филм,а камо ли 10/10...затоа што тоа се оценки кои се даваат за филмови кои важат за ремек дело!(баталете настрана муабети од типот секој има свој вкус...бидејќи филмот е уметност,а не начин за тепање време како што прави Холивуд)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Ako postoese opcija da platis cash na imdb za da ti dozvoli da glasash so -1, -2, - 8 itn, za nekoj film, jas ke bev prviot koj ke platev i ke glasav -10 za Alone in the Dark.
прв пат се среќаваш со поимот Uwe Boll ?????

--- надополнето ---

Сега гледав нешто на you tube и случајно најдов некој алтернативен крај на Salt. :toe:
Знае ли некој што е работава?

е веќе кој алтернативен крај...."многу многу многу поразличен од другиот"
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.989
Поени од реакции
7.131
Tomorrow, When the War Began (2010)


Oh dear god...

Единствена причина што ја пишувам рецензијава во „ниедновреме“ е да ве поштедам од маки да не го гледате овој филм, кој може да ве измами со интересниот наслов и со младава актерска екипа на убавиот постер. Имаме ли ние збор за ridiculous? Пошто смешно не го покрива тоа што се случуваше.

Филмот е австралиски, снимен според книга која очигледно е добра, но филмот потфрлува комплетно. Што е полошо, филмот изгледа ќе има и продолженија. Единствена причина што има оцена од 6.7 е затоа што е австралиски па домашната публика го бодрела, но штом излегол во кината по САД веднаш почнал да паѓа, затоа што и за нивните смешни стандарди ова е лошо.

Да прејдам на содржината: група од 7 луди млади одат на кампување во дивина. Во меѓувреме непозната армија ја напаѓа Aвстралија и кога тие ќе се вратат во дома, сите жители се заробени од непријателската војска. Така, нашиве тинејџери во стилот на Expendables тргнуваат во пресметка со војската... Сталоне и Шварци бурек да јадат.

Понатаму, филмот е над секое можно срање. Сцените се толку нереални да не му се верува на човек. Дури и кога хелихоптер и авион ги напаѓаат во куќата во која живеат, не чувствувате дека може да умрат. Нема тензија, нема страв. Непријателската армија 200 пати ќе ги пронајдеше во секое време, затоа што на местото на кое што беше сниман филмот е невозможно да им се скриеш. Веројатно авторот на книгата поинаку тоа го замислувал.

Војниците се очигледно ретарди кои не можат да излезат на крај со 7 глупи тинејџери, кои пак ништо посебно не покажуваат. Покрај тоа, армијата составена од Азијати не добива име до крајот на филмот, како да се плашеле да кажат дека Кина или Јапонија ги нападнале... филм е да му се невиди!

На страна тоа, ликовите не се развиваат, какви се на почетокот такви се и на крајот, бледи и неинтересни. Филмов не е so bad it is good, туку so bad it hurts!

Единствена добра работа е почетокот во дивината и ефектите кои ме изненадија, и само заради тоа ќе му дадам 2/10, со препорака да не го гледате.
Јас би го гледал само заради женските :)


П.С. Кога сум веќе кај тој муабет....имате ли да препорачате некој филм кај шо жена (или подобро повеќе жени) се мадафака тепачи во различни стилови...нинџи, самураи, кунг-фу, пиштоли и сл. ?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.375
Поени од реакции
30.796
Јас би го гледал само заради женските :)


П.С. Кога сум веќе кај тој муабет....имате ли да препорачате некој филм кај шо жена (или подобро повеќе жени) се мадафака тепачи во различни стилови...нинџи, самураи, кунг-фу, пиштоли и сл. ?
Sucker punch
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
И по правило никогаш не оценувам филмови со оценки од 1 до 10...бидејќи гледам дека многу од вас ги имаат злоупотребено оценките,и за филмови од неспоредлив ранг со легендарните ги ставате на исто рамниште со оценки 10/10 ...мислам дека сепак треба малце пореално да се оценуваат...ако ништо друго барем нека се знае дека оценка 9/10 не треба да ставате на секој втор филм,а камо ли 10/10...затоа што тоа се оценки кои се даваат за филмови кои важат за ремек дело!(баталете настрана муабети од типот секој има свој вкус...бидејќи филмот е уметност,а не начин за тепање време како што прави Холивуд)
Не постои таква работа како злоупотреба на оцените, постои мислење, и критериум. Некој оценува со построги критериуми некој со поблаги, се е тоа субјективно. 10/10 не мора да биде легендарен филм, и не се привилегирани 10-тина филмови со таа оцена. Ремек дело или одличен филм во секој поглед, да. Оценката е многу нормално да биде повисока од таа на ИМДБ, затоа што таму е просечна и ни еден филм не може преку 9.2 како што гледаме, ама нема филм што е над 8.0 а нема добивано едно чудо 10-ки. Едноставно не се слагале сите дека е за 10. Како и да е, тоа е игра, на сите филмски фанови во светот, без разлика дали на ИМДБ, кај патлиџаните и слично, секаде може да се оценува. Забавно е и со тоа сакаме да потенцираме колку е филмот добар или лош.

Треба да пишам каде згреши со постот или....?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom