Коментирање за време на филм

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сите сме гледале филм со друштво и нормално е да има коментирање за време на филмот, но има некои што сакаат да гледаат во тишина, некои сакаат да зборат постојано во текот на филмот.

Вие од која група сте? :) Да коментирате или во тишина, на раат да го гледате филмот?

Мене најинтересно ми е, со друштво ќе земеме да гледаме филм и ако некој веќе го гледал филмот, обавезно коментира: Глеј сеа, пази го моментов и така натака... :)

Или има луѓе кои нонстоп нешо потпрашуваат за време на филмот.

Ве нервира постојано коментирање или не?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Многу ме нервира!
Од такт ме вади!
Коментирање не толку колку подпрашување, ама мразам и “телетекст“ луѓе, шо кажуваат шо ке се деси...
Ај се трпи “Пази сеа ова...“ ама да ти објасни шо ке се деси?
Онака глеаш трилер и размислуваш на глас “аааа, овој изглеа е убиецот“ и се избацува некој “не е он....“
-_-
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.979
Поени од реакции
12.600
Не да ме нервира коментирање, ме спиздува скрос...затоа само ко ќе сум сам гледам иначе нема шанси...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Сам сам гледаш филмови?
Ни со твоите, ни со женска не си гледал филм?
Со моите нема шанси, со женска ми престанувам да го глеам по 10 мин. :D
Сам живеам. Сам глеам филмови. Самживник :icon_lol:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233




Јас + друштво + филм ? Ау тешка работа е тоа. Посебно ако е некој досаден филм за мене. Најпрвин почнувам да го коментирам за тоа како глумат, па после за нелогичните работи а завршувам со смислување на споредни филмчиња кои се случуваат а ги нема во филмот туку се во заднина. Резултатот е различен. Ако филмот на сите им е досаден се вклучуваат во мојата активност и веќе никој не го гледа филмот туку си прават свои филмчиња а ако не е тогаш се случува тепачка.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не коментирам,освен ако има некој негативен лик и да го испцујам сочно.
Глупо е цел филм да фатам да го раскажувам,а веќе го гледаме.

И да кажват некој за филмот не ми смета,ама некој да препрашви "Кој е овој?","Кај оди?","На кој му е овој брат?".. е то од контакт ме вади.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
коментирање за време на филм??? УЖАС!!!
 
Г

Господ

Гостин
Коментирање за време на филм?
Катастрофа брат не можат да ме заќутат:kesa:
Особено ако го иам глеано:back:
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Дегенска работа. Затоа и преферирам филмовите да ги гледам сам, не гледам причина зошто би гледал во друштво некој интересен филм, а уште повеќе кога некој ќе ми коментира.
Кога гледам во друштво смрт ми е некој што претходно го гледал филмот ќе искоментира што ќе се деси во наредна сцена, тогаш сум фјуриоус. Затоа и си гледам сам.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Со моите нема шанси, со женска ми престанувам да го глеам по 10 мин. :D
Сам живеам. Сам глеам филмови. Самживник :icon_lol:
Хахах исто :) Иначе нешто што најмногу мразам е коментирање за време на филм.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Имам другари кои ме прашуваат за крајот на филмот на сред филм, дури и ако е заплеткан трилер во прашање. Еден од нив има навика прво да си го премота филмот набрзина од почеток до крај, па од тоа вади заклучок дали е добар филмот и после си го гледа на раат :pos:

Спојлер Сакерс!

Најмногу мразам да гледам филм со некој кој веќе го гледал филмот и по навика ќе издрдори нешто.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.659
Поени од реакции
34.089
Aj коментирање, ама бакнување??????? :)

Филм треба да се гледа сам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom