- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.333
ИНТЕРВЈУ: ГИНТЕР ФЕРХОЈГЕН, ПОРАНЕШЕН ЕВРОКОМЕСАР
Дали е можно Србија да влезе во ЕУ без да го признае Косово?
- Многу тешко. Европската перспектива за земјите од Западен Балкан беше геополитичка и стратегиска одлука. Никој не верува дека тоа е голема економска предност за ЕУ. Понудата од Келн во 1999 беше следната: имате перспектива за членство, но мора да се реформирате, да се демократизирате и да имате добрососедски односи. Како што е познато, ниту една од страните не ги исполни барањата. Некои земји, како Македонија, се доближија. Некои, како Србија, напредуваат по период во кој немаа никаков напредок. Но, оптимист сум за Србија, која има европска вокација. ЕУ треба да и' испрати посилни сигнали и да и' каже дека е добредојдена. Условите се јасни. Не можете да бидете членка ако имате проблеми со соседите. Лично верувам дека ЕУ-перспективата е единствен начин да се привлече една земја да ги реши овие конфликти. Но, пораката треба да биде кристално јасна. Ако споровите со соседите не се решени, нема членство.
Како очекувате од Србија да го признае Косово ако некои земји-членки на ЕУ не го прават тоа?
- Тоа е точно и е добар аргумент. Првиот чекор за заедничка надворешна политика е да се зборува во еден глас. Сега го имаме Лисабонскиот договор, а една од причините за тој договор е токму зборувањето во еден глас. Љубопитен сум да видам што ќе се случи понатаму. Мислам дека новиот комесар за проширување сака да игра поактивна улога. Тој јасно кажа дека не се гледа себеси само како „бенчмаркер“ и книговодител, туку како некој што ќе седи на возачкото место.
Ќе и' се каже ли на Србија дека признавањето на Косово е услов за ЕУ?
- Толку сме далеку од почеток на преговори со Србија што нема смисла да се зборува за одредници или критериуми. На Србија треба да и' се каже дека не е исклучена, дека има шанса и дека сакаме да дојде. Колку што е појасна и посилна оваа порака, толку и српскиот одговор ќе биде попозитивен.
Треба ли ЕУ да биде поангажирана во спорот за името помеѓу Грција и Македонија?
- Мислам, да. Ова е конфликт што на разумните луѓе не може да им го објасните. Искрено верувам дека новата грчка влада, која е целосно зафатена со финансиската криза, има покомпромисен пристап за ова. Добро го познавам Јоргос Папандреу, даваше голема поддршка на претходните проширувања. Верувам дека решение може да се најде, но немам ни трошка разбирање за начинот на кој Грција го користи ова за да го блокира проширувањето.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=897D6C949C6A374580C218B19407586A