Многу тешко Србија ќе влезе во ЕУ ако не го признае Косово...

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.333
ИНТЕРВЈУ: ГИНТЕР ФЕРХОЈГЕН, ПОРАНЕШЕН ЕВРОКОМЕСАР


Дали е можно Србија да влезе во ЕУ без да го признае Косово?

- Многу тешко. Европската перспектива за земјите од Западен Балкан беше геополитичка и стратегиска одлука. Никој не верува дека тоа е голема економска предност за ЕУ. Понудата од Келн во 1999 беше следната: имате перспектива за членство, но мора да се реформирате, да се демократизирате и да имате добрососедски односи. Како што е познато, ниту една од страните не ги исполни барањата. Некои земји, како Македонија, се доближија. Некои, како Србија, напредуваат по период во кој немаа никаков напредок. Но, оптимист сум за Србија, која има европска вокација. ЕУ треба да и' испрати посилни сигнали и да и' каже дека е добредојдена. Условите се јасни. Не можете да бидете членка ако имате проблеми со соседите. Лично верувам дека ЕУ-перспективата е единствен начин да се привлече една земја да ги реши овие конфликти. Но, пораката треба да биде кристално јасна. Ако споровите со соседите не се решени, нема членство.

Како очекувате од Србија да го признае Косово ако некои земји-членки на ЕУ не го прават тоа?

- Тоа е точно и е добар аргумент. Првиот чекор за заедничка надворешна политика е да се зборува во еден глас. Сега го имаме Лисабонскиот договор, а една од причините за тој договор е токму зборувањето во еден глас. Љубопитен сум да видам што ќе се случи понатаму. Мислам дека новиот комесар за проширување сака да игра поактивна улога. Тој јасно кажа дека не се гледа себеси само како „бенчмаркер“ и книговодител, туку како некој што ќе седи на возачкото место.

Ќе и' се каже ли на Србија дека признавањето на Косово е услов за ЕУ?

- Толку сме далеку од почеток на преговори со Србија што нема смисла да се зборува за одредници или критериуми. На Србија треба да и' се каже дека не е исклучена, дека има шанса и дека сакаме да дојде. Колку што е појасна и посилна оваа порака, толку и српскиот одговор ќе биде попозитивен.

Треба ли ЕУ да биде поангажирана во спорот за името помеѓу Грција и Македонија?

- Мислам, да. Ова е конфликт што на разумните луѓе не може да им го објасните. Искрено верувам дека новата грчка влада, која е целосно зафатена со финансиската криза, има покомпромисен пристап за ова. Добро го познавам Јоргос Папандреу, даваше голема поддршка на претходните проширувања. Верувам дека решение може да се најде, но немам ни трошка разбирање за начинот на кој Грција го користи ова за да го блокира проширувањето.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=897D6C949C6A374580C218B19407586A
 
Јас неможам да разберам кој е тој мазохизам да одиш во друштво на тие кои те парчеа и те парчат.
Нормална реакција е да бидеш во друштво кое е опозит на истите за да во даден историски момент поентираш и го вратиш изгубеното.
 
Животот е мој филм прикажува Како да се натртиме за влез во ЕУ друштвото ( педофили, наркомани, неморалности кои си ги силуваат своите деца ), понуди за сценарио кај мене во ПП, а и актери исто така, камера и мотажа моја. Ми се чини дека ке испане добра пародија.:vozbud:
 
Па добро, мислам дека не беше потребно да се каже вакво нешто, уште од првиот ден по прогласување на независност на Косово, беше јасно дека додека Србија не ја смири топката и не го признае Косово ќе биде уценувана и ќе ја држат во едно место. Мислам дека кај Србите за разлика од кај некои други народи, националното достоинство е поголемо и самиот национализам како таков е пораширен и е со поголем интензитет, така што признавање на Косово не се очекува (барем според мои слободни проценки) во наредни 15 години, а потоа можеби малце би го неутрализирале овој став. Сепак тешко, многу тешко... премногу е болна точка и премногу свежа рана за да би правеле било какви отстапки.
А и не гледам зошто би правеле... не гледам зошто би морале да ги следат слепо критериумите на ЕУ која и онака е само едно стадо лицемери, каде само 4 -5 држави се клучните играчи кои ги диктираат работите.

Рамноправност и полноправност...мижи асан да ти баам! :pos2:
 
И онака се знае дека БиХ нема да опстане уште долго, па ќе направат на крај компромис за Република Српска. ;)
И да се спојат Србија и РС (што јас многу би сакал), не верувам дека ќе се одрекнеме од Косово,а и би било доста глупаво и нелогично.
 
И да се спојат Србија и РС (што јас многу би сакал), не верувам дека ќе се одрекнеме од Косово,а и би било доста глупаво и нелогично.

Србија и Република Српска никогаш нема да се спојат, исто како што Косово и Албанија нема да се спојат.„Република Српска“ сценариото ќе заврши исто како со Косово.
А Косово е веќе завршена приказна, и моралот на Србите опаѓа пополека, со текот на времето ќе разберат дека нема да го вратат тоа парче земја. Два милиона Албанци се населени на Косово а тоа не е мала бројка.
Патем, Република Српска веќе има свој претседател и своја влада.
 
И да се спојат Србија и РС (што јас многу би сакал), не верувам дека ќе се одрекнеме од Косово,а и би било доста глупаво и нелогично.
Тоа многу тешко, тоа ти е исто Косово да се спои со Албанија, никој луд не би го дозволил тоа а камо ли паметен, премногу е ризично, подобро у пакет во некаква си заедница да се примат отколку да се спојат Република Српска и со Србија или Косово со Албанија.
Него Србите си имаат џокер во ракав, знаат дека Косово им е статус кво, а БиХ е лабава, па така со веселото друштво наречено ЕУ можат да си играат како сакаат и да им цицаат од фондовите, да имаат повластици при извоз и тн. Ако подлабоко се анализира, Србија може и да ќари од Косово и тоа дебело.
 
Не можат како услов за прием да поставуват признавање на Косово пошто има земји членки на ЕУ кои не го признаа Косово.
Нив ќе ги исфрлат од ЕУ?
 
Милојко, ве уништи самобендисаноста и небесната левитација.
 
Косово не сме го поклониле, сме се бореле, од наша страна поштено, сами против цел западен шљајм. Вие не размислувајте во насока дека ова сега што се случува вечно ќе трае, сме биле и во многу полоша состојба. Треба полека да се извлекувате од сервилноста и да покажете дух, па макар тоа некој го сватил како самобендисаност, која јас ја дефинирам како свесност за сопствената величина и посебност. Тоа може да го разбере само човек кој си држи до себе и се цени себе си. Живела Србија !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom