добро што е сега работата?
Измените на законот за акцизи стасаа во парламентот
Членовите на комисијата за финансирање и буџет денеска не ги прифатија аргументите на предлагачите кои тврдеа дека нудат подобри измени на законот за акцизи од оние на Владата.
„Ќе може да се случи за ист тип на возило, да се одреди различна акциза. Значи едно возило да се процени 6000, додека следното ако се процени 6001 евро, разликата во акцизата е некаде околу 80 евра, што сметаме дека е субјективно и граѓаните можат да бидат оштетени“, рече Марјанчо Николов, СДСМ.
За одлуката на Владата акцизата да се пресметува спорeд цената на возилото ќе се расправа следната недела во парламентот. Власта нуди модел, за сите автомобили со цена до 3000 евра да нема акцизи, а давачката да се зголемува како што ќе расте цената на возилото.
„Овој закон во моментов дополнително ќе ги растерети буџетите на сите семејства во Република Македонија и ќе допринесе голем број на граѓани да ги легализираат возилата со странски таблички и дополнително да купат многу поефтини возила“, Крсто Мукоски, ВМРО ДПМНЕ.
Измените на законот за акцизи според увозниците на нови возила го пореметиja пазарот.
„Сите увозници на нови возила сериозно ги погодува. Се очекува дека продажбата на нови возила сериозно ќе опадне во текот на целата година“, Иван Бранов, претставник на „Опел“ во Македонија.
„Во моментот сме на стенд бај, значи продажбата на сите автомобилски гранки е застаната“, Кирил Воиновски, „Еуроимпекс“.
Во Европа се субвенционира купувањето на нови возила. Возачите што ќе ги однесат на отпад старите автомобили добиваат парична поддршка за да си купат нов автомобил.
Само во Словачка досега се уништени 40 илјади стари автомобили, а купени се 44 илјади нови. Државата потрошила 50 милиони евра за премии за оние што ќе ги уништат старите возила но од даноци и други давачки инкасирала во буџетот 70 милиони евра од оние што купиле нови автомобили. Заработката е 20 милиони евра.
извор:
www.a1.com.mk
значи пак нема да може од 1 март да се царинат коли по нови акцизи