Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
имал некој проблеми со моторот, со издувните делови, неофицијално:nesum:

Кажаја на тимското радио. Не го сфатив точнно проблемот ама прашваше дали да влегва во боксот оти нешто лошо е со моторот а тие му рекоја вози ова не се поправа набрзина.
Појаки ми беа претходно ко му рекоја вози Алонсо ќе ги спали гумите ако продолжи вака :pos2:
 
кога дебитираше замрзнатиот финец во Ферари во 2007 на 1-та трка победи и ја лапна титулата така сега и Алонсо (да се надеваме дека и Алонсо ке ја земи титулата ама многу сакам Маса да ја земи АКО можи)
 
Па Алонсо има земено една со рено,а Маса мислам дека нема затоа сакам он да земе:toe:али и да земе Алонсо ке биде добро се глеа дека е добар возач:toe:.Форца Ферари
 
ма мање битно е дали Маса или Алонсо ќе освои, битно борбата да биде меѓу нив двајца, а овие од Мекларен/Мерцедес што подолу..
 
Хехехе еден-два победа за Ферари, наша е оваа сезона.
Следната трка е за 14 дена во Мелбурн.:helou:
 
Па Алонсо има земено една со рено,а Маса мислам дека нема затоа сакам он да земе:toe:али и да земе Алонсо ке биде добро се глеа дека е добар возач:toe:.Форца Ферари

две има а не една значи сакам Маса да земи оваа година оти заслужува чоекот се труди дава максимум и има возено со големи шампиони како тимски колеги и сакам ТОЈ да земи оваа год ама дали ке можи да се справи со тој притисок и со вакви шоферишта не знам

причина плус зошто сакам Маса да земи титула е оти пред неколку год Алонсо јадеше гулаш многу и збораше за Шуми и Ферари се и сешто
 
Алонсоо...:bravo1:

Ќе биде многу интересна сезоната...
 
Шумахер бе каде е :pos2:
Ах бее мисли тој така лесно се вози со овие млади момци, а и искрено во болидот кај што вози сега е по тапа од минатата сезона (зборам за брон т.е мерцедес гп) во кој што возеше Батон
 
И јас сум за Ферари, ама откако отиде Кими, сакам Ветел да земе (не дека пред тоа нејќеф), зашо мислам дека дечкото е стварно пред сите. Уше од порано го следев. Пред две години на последната трка тој го претрка хамилтон и ја напрвави трката максимално интересна и неизвесна. И заедно со хамилтон, најдобар е при возење на дожд. А како што видовме денес, да не го сјебеше моторот, прв ќе беше.
 
223-305 :pos2: за никот

а за Шумахер чекај малку

треба да се навежба чоекот неколку трки.......или сезони :pos2:

а тоа за Браун ГП и сега Мерцедес ке кажам дека не е секој ден Велигден :pos2:

кога лани Ферари и Мекларен беа концентрирани на Керсот и не им одеше работата Браун искористи ситуација ама ај сега да го видиме

а ако го вратат керсот в година Ферари и Мекларен ке бидам во голема предност

И јас сум за Ферари, ама откако отиде Кими, сакам Ветел да земе (не дека пред тоа нејќеф), зашо мислам дека дечкото е стварно пред сите. Уше од порано го следев. Пред две години на последната трка тој го претрка хамилтон и ја напрвави трката максимално интересна и неизвесна. И заедно со хамилтон, најдобар е при возење на дожд. А како што видовме денес, да не го сјебеше моторот, прв ќе беше.

така е

ама не ги заборавај и Шуми Алонсо Баричело на дожд (за Маса не можам да коментирам дека е добар на дожд)
 
Напочеток направи грешка Маса која го чинеше првото место, но рака на срце Алонсо одлично ги извози трите круга од завземањето на првата позиција и направи солидна предност од неговиот тимски колега. Ова ќе биде дополнителна мотивација за Шумахер да влета во форма и да гледаме интересна сезона. Алонсо испофали се на пресицата ,од прв до последен во тимот на Ферари. Претпоследен пат one-two победа на Ферари во 2008 година на големата награда на Франција, доста чекале и ова е вистинскиот момент да најават одлична сезона за нив. Ќе биде доста интересно.

Друже, не направи грешка Маса, ако не отидеше в десно, Хамилтон ќе ги скинеше и Маса и Алонсо.

Фан сум на Ферари од ко пратам Формула (1994-1995), ама ова трансферов на Алонсо не им требаше. Едноставно не можам да го сварам. Така да, наред Маса!!!

И јас сум за Ферари, ама откако отиде Кими, сакам Ветел да земе (не дека пред тоа нејќеф), зашо мислам дека дечкото е стварно пред сите. Уше од порано го следев. Пред две години на последната трка тој го претрка хамилтон и ја напрвави трката максимално интересна и неизвесна. И заедно со хамилтон, најдобар е при возење на дожд. А како што видовме денес, да не го сјебеше моторот, прв ќе беше.

Мислиш? Кај ти е Сена? Додека возеше (добро, возел, не се сеќавам баш, ама имам гледано клипови) Сена, Шуми само го прател во опашка (кога имал добар ден:)).
 
Мислиш? Кај ти е Сена? Додека возеше (добро, возел, не се сеќавам баш, ама имам гледано клипови) Сена, Шуми само го прател во опашка (кога имал добар ден:)).

Зборам за натпреварувачите кои настапиа денеска, а не за тие шо умреле '94.:smir:
 
Добар почеток! Само така нека биде. Следната трка Маса нека биде прв, а Алонсо втор... и се така до крајот на сезоната нека се менуваат... битно е да биде 1, 2 победа... :) Поздрав до фановите на Ферари!
 
FERRARI!

Ауф, коа го поминаа двајцата. :drk:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom