Формула 1 сезона 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Јебем ти ферарито, едвај чекам германска химна кога ќе се пее.

Шпанската и жабарската.:zid:
 
43 POINTS !
на само првата трка :vozbud:

брао за Маса, мислев ќе испадне откако имаше проблем со спојлерот.

ги разбирам фановите на Мекларен дека им беше досаден почетоков... 15 сек се премногу.

FORZA FERRARI ! ! !
Маса гризе бе.Борец е!:vozbud:
 
Бобане тоа нема да го доживееш, Ветел сеуште е дете во овој бизнис...

јас се извинувам што ги потценив овие двајца махери, очекував многу победен старт но се гледа дека конструкторите и цел тим овој период напорно работеле за да создадат најмоќен болид !

ФОРЦА, продужуеме со ова темпо :dancing:
 
Година на Ферари ќе е ова :back:. Нека гледа црното сега.
 
Гризе ферарито, ама да не беше дефекот на Фетел прашање беше дали ќе догризеше, ама тоа ти е. И двата болида имаа врвни перформанси. Мекларенот не беше лош, а мерцедесот има уште за работа. Подосадна трка здравје
 
За разлика од последните 2-3 сезони овој старт на формула 1 е феноменален.
ќе има добро ривалство и тесни трки.

и што му фали на коментаторот? или од што сите пцујат по коментаторите на сител навика ви стана?
 
Ја реков дека Алонсо ке тепа...:pipi:
штета голема за Фетел одлична трка али тоа е тоа среќата не го послужи:toe:
 
E oва е мојот Ферарииииии :vozbud::vozbud::vozbud:
Само напред Алонсо и Маса, одлични болиди имаат годинава. Радост на навивачите :trepka:

И ако ланската година речиси и да не ја следев, неинтересна и слаби резултати на ферари, оваа година мислам дека ќе е одлична. Се надевам сепак на повозбудливи трки од оваа, ама сепак прва е, почеток само.
Алонсо, Маса во конкуренција со Шумахер, Хамилтон:vozbud:
Одвај чекам следна трка :tv:

Tабелата
01 Fernando Alonso 25
02 Felipe Massa 18
03 Lewis Hamilton 15
04 Sebastian Vettel 12
05 Nico Rosberg 10
06 Michael Schumacher 8
07 Jenson Button 6
08 Mark Webber 4
09 Vitantonio Liuzzi 2
10 Rubens Barrichello 1


Ова новово бодување ме буни :)
 
браво за ферари браво за алонсо но браво и за маса кој по ланската повреда се врати на голема врата а за онај предавникон шуми немат да имат некоја посерионза сезона стар е за ова ;)
 
Одличен почеток на сезоната, после катастрофата лани, оваа сезона изгледа ќе биде поконкурентен Ферари... Одлично извозено, Алоносо перфектно деби во црвениот болид, Маса супер кам-бек од повредата... Прва трка, 1-2 победа. Одиме понатаму! :pipi:
 
Многу ми е мило за убавиот кам бек на Маса
А ФЕРАРИ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Ова е 14та сезона во Формула 1 која ја гледам до сега. До 34тиот круг сеуште стоев на тоа дека и покрај звучните имиња ќе биде подосадна и од минатата.

Пред се, многу ми е мило што веќе не е на Канал 5 и што има понормален коментатор кој не известува за настаните поврзани со трката, не пее химни и не не известува за најновите трачеви и сексуалната активност на возачите во Формула Еден. Но и покрај тоа, јас продолжувам да го следан преносот на RTL.

Новите правила ќе видиме како ќе се покажат, ми делуваат во ред сега за сега. Бројот на трки во една година е енормен и би требало да се намали, затоа што не би било интересно ако секоја недела има трка.

Искрено, мене повеќе ми фалат времињата во Формула 1 кои изминаа. Кога Раиконен возеше во МекЛарен, се бркаше со Шумахер за бодови, имаше возбуда и претркување. На оваа трка видовме се на се 3 интересни претркувања. И добро е во споредба со минатата сезона, кога вкупно во цела сезона беа отприлика толку. Се надевам дека ќе биде интересна оваа сезона, со оглед на тоа дека би требало да присуствувам на една од трките, и не би сакала да гледам досадно вртење на кругови на веќе докажани имиња.

Жалам што Кими Раиконен, како мој фаворит досега, ја напушти Формула 1 и прашање е дали воопшто ќе продолжи тука или целосно ќе се посвети на релито. Затоа, како фаворит за оваа година го избирам Фетел, кој иако денес имаше проблеми во последните кругови, покажа дека може да биде лидер (имајќи во предвид дека 34 кругови ја водеше трката, освои полпозиција а има едвај дваесетина години). Тимски не се определувам по распаѓањето на МекЛарен и Мерцедес.

Во однос на трката денес, пак ќе напоменам, до 34тиот круг беше досадно, а после 36тиот напорно за гледање. Честитки до Алонсо, и покрај тоа што ми е најнеомилениот возач. Маса, како прв возач во тимот на стартот можеше да се покаже многу подобро, но сепак се има во предвид дека паузираше доста долго време и тоа се резултираше со послаб резултат од оној на вториот возач. Хамилтон профитираше на проблемите со болидот кои ги имаше Фетел, и како светски шампион можеше МНОГУ подобро да стартува. Батон во однос на целовкупниот резултат кој го има постигнато во Формула 1 (без минатата година), реално гледано, го заслужува петтото место.

Кога сме кај Шумахер, најголемата грешка што ја направи беше што остана во Формула 1 толку долго, губејќи од прилично нови возачи како Алонсо. Уште поголема грешка беше враќањето во Формула 1. Шумахер е одличен возач, го почитувам иако знае да го уништи духот на спортот, но, неговото време помина. Има пари, добра му беше позицијата во Ферари како советник. Зошто се врати на пистата? Вака може само да се стекне лоша импресија за него. Вистинските победници се откажуваат додека се уште на пиедесталот. Ако вака продолжи, освојувајќи шесто место, не би имал покатастрофална сезона во својата кариера. Доколку сака да си ја задржи репутацијата, треба повеќе да се потруди.

Се надевам дека ќе биде интересно поради тоа што во игра се четири светски шампиони и многу млади и надежни возачи.
 
1 Ferrari 43
2 McLaren-Mercedes 21
3 Mercedes Benz GP Ltd 18
4 RBR-Renault 16
5 Force India-Mercedes 2
6 Williams-Cosworth 1
7 Renault 0

Браво за Ферари!:vozbud:

Освен тоа, оваа сезона е боље од ланската и според коментаторот. Супер е овој од алфа (како и да се викаше), не треска зелени како Миленко.
 
Значи кај бевме ... Честитки за 1-2 победата на Ферари, одличен почеток за тимот како и за возачите. Се гледа дека развиле конкурентен болид, со високи перформанси, добро време имаа на пит-стоповите, значи тимот си функционира перфектно. Останува само да се продолжи со истото темпо.
За двата мерцедеси некако просечен почеток на сезоната. Хамилтон не можеше да држи исто темпо со Маса и Алонсо, а ни Батон не беше нешто поразличен од својот тимски колега. На големо разочарување на фановите, Шуми не го остави својот вообичаен впечаток на кој некои навикнаа. Значи мерцедесите имаат уште да доработат на болидите.
За ред бул: за Вебер некако слаб почеток. Фетел половина трка се држеше супер. Штета за дефекот што го снајде, сепак механичката грешка не е неизбежна во овој спорт. Ред бул го нема искуството на постарите конкурентни тимови како Мекларен и Ферари, но сепак се гледа дека болидот не им е за фрлање.
Сумирано: трката беше некако стандардна, немаше некои ептен возбудливи моменти. Слаб почеток на сезоната. Се надевам дека мерцедесите ќе доработат на своите болиди, па и тие да покажат заби на асфалтот, да не остане како и минатите години на само два тима кои се борат за титула. Се гледаме за две недели во Австралија :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom