Изненадувачки резултати денес на купот. Малави со ептен високи 3 - 0 го совлада Алжир. Иако тренерот на Алжир пред почетокот на купот изјави дека нема да се замараат толку со купот и дека ќе се фокусираат на СП, но да се изгуби од Малави? Тим кој до пред победата со Алжир немаше победа во целата историја на овој куп е премногу. Сепак Алжир со квалитетни играчи како: Зиани, Јебда и Белхаџ не успеа да им се спротистави на Малави, имаа многу бледо издание.
Во другиот натпревар, можеби и најголемиот фаворит за освојување на купот, БСК не успеа да победи против аутсајдерот Буркина Фасо. Беше преголем мотивот кај играчите на Б.Фасо да зе земе бод и успееа во тоа. Се одбранија 90 минути. БСК иако имаа неколку шанси не успеаа да ги искористат, најзрели шанси имаше Бакари Коне, промашуваше од 2-3 метри на речиси празен гол. Со тим како на БСК со играчи како: Јаја и Коло Туре, Ебуе, Калу, Коне, Гервињо, Дрогба и остали, Б.Фасо требаше да биде лесен плен, но не успееа да ги совладаат. Сега во оваа група ќе биде уште поинтересно со оглед на тоа дека и дуелот меѓу Гана и БСК може да решава кој ќе иде понатаму.