Па и не би се сложил со Змиго. Климите се добри ако имаш некое станче, макар било и поголемо од 100-120 квадрати, со две клими ќе се стоплиш, а и оладиш. Е сега лошо е што цената на струјата постојано расте.
Цената на струјата расне, а што цената на цврстото гориво не расне, или нема да расне понатака? Или нафтата е евтина? Или плинот? Секој енегенс поскапува младичу, особено во време на рецесија... и натаму ке поскапува, тоа е извесно.
Што се однесува до потрошувачката на ел. енергија на еден инвертор од брендовите кои ги набројав (веројатно не си прочитал!?) ќе повторам просечната потрошувачка им е од 0,6 - 1 Кв на час.... значи ваков еден уред со работа од 10 саати ќе потроши енергија колку термо-акомулациона 6-ка во еден саат! Во предходните постови го споредив тоа со светилки од 100 Wati, значи просечната потрошувачка на БРЕНД инвертор би била колку 7-8 сијалици, колку што обично се вклучени во исто време во една таква куќа, во која што живееш.... COP-factor се вика тоа пресметување на инсталираната снага на инверторите која зависно од потреби е од 3-6Кв.... и просечно потрошената енергија, која како реков се движи од 0,7 до 1 - 1,2... Значи ЦОП факторот може да биде од 3 до 5
Види и за куќа да се работи од два ката, со квадратура од 200-250м2.... повторно би размислувал за 4 инвертора од висока класа од кои еден чини околу 600 Евра.... или за некој друг систем за греење. а не за котел-печка на екошпар за индивидуално парно. Ти спомнуваш некоја цифра од која боли глава... На пример многу поевтино би те чинел котел на цврсто гориво (дрва) и верувам дека исто толку би потрошил (10,000,- ден/месечно) колку што рекламираат за греење со котелот на Екошпар, со пелети.
Распрашај се и во Фонко за термалните пумпи, штом велиш вреди да се стегнат заби..... Не слушај гаталец, ама ниту патилец! Или слушај го - за да знаеш што нетреба да ставиш!... слушај некој што е задоволен од она што го користи... и слушај стручни лица, оние што се навлезени во проблематиката... Тука Онак е неприкосновен и може многу да ти помогне.