Значи и ти си затупавена со мене, сега ми е се појасно.Потсетник самата тема е за индивидуална верба јас ко што сфатив.
Религијата не е крива за тоа што му се случува на човештвото, човрштвото е. Ако гледаме така, не знам како треба да се сфатат нуклеарките, динамитот, отровни гасови од фабрики, пластика. Ако е така, науката го сотрува човештвото па и планетата. И сега шо прајме?
Маги-капачето, Фројд не знам колку може да се земе за мерило на психологијата. Самата теза на Фројд дека психолошкиот развој се случува до 5 години не може да се докаже, па се натаму.
Тачно, и јас сум затупавена.Или како што би рекол Ајнштајн, не сме ние затупавени, туку само имаме недостаток од напредност.
Е сега, темава не е само за индивидуалната верба туку и за колективната потреба или непотреба од Бог.
Факт е дека верувањето во Бог(ови) првично се појавило поради неможност да се објаснат природните појави и поради одговор на слични прашања кои го мачеле тогашниот човек.Од тогаш па наваму се развиле илјадници форми и сите тие постојат за да одговорат прашања кои го мачат човештвото во даден период.Тоа не значи дека оние кои веруваат се затупавени.Исто како што атеистите не се по дифолт попаметни.(
И кој мисли дека само затоа што се декларира како атеист е попаметен и покул или штотијазнам е идиот!)
Точно е дека науката направила непоправлива штета, но доколку не биле измислени нуклеарките немало да има толкав технолошки напредок затоа што војните се ,,одговорни,, за бројни корисни пронајдоци што ни служат денес.
Отровните гасови се исто така производ на човекот, или поточно на човечката глупост, себичност и пасивност исто како и религијата.Религијата е човечка институција која е создадена поради потребата од верба во Господ.Никој не го обвинува Господ или пак оние кои веруваат во него за тоа што се случувало или случува.