1. Зошто човекот има константна потреба од религија?
2. Зошто монотеизмот го потиснал политеизмот?
3. Зошто на атеистите не им „треба Бог“?
Итн ...
Од религија или од вера? Ај од двете.
1.а) Има потреба од религија, и тоа е факт, бидејќи кога нема црнец меѓу сите бели мора да се најде нешто кое што ќе го дупи. Океј, лажам, религијата е само видлив производ на потребата на човекот од Бог, од вера. Како што цветот е прозивод на една природна хемија така е и црквата производ на една човечка хемија.
1.б) Има потреба од вера зашто е човекот слаб и кревок. Сите луѓе на планетата веруваат во иста работа како што сите растенија користат иста хемија и исти процеси, само цветовите односно црквите им се различни. Вербата на човекот е дел од него, како што раката е дел од него, и тоа е добро бидејќи ако ја нема неа, стравот од смртта и емоциите кон останатите суштества човечкиот род не би опстанал.
2. Не го заменил политеизмот со монотеизам, само го спакувал, го зипувал за поедноставно префрлање. Сите особини сега ги има Исус, Мухамед, Јехова, не знам кој веќе... а тоа нема никаква врска со човековата вера туку со религијата која е злоупотребена за масовна контрола, но, да не навлегувам во тоа. Реков, верата е иста кај сите и секого, само производот е различен.
3. Модерниот атеизам забегува. Или луѓето бегајќи од традиционално наметнатиот Бог заталкуваат во слични религии но со обратна поларност, или стануваат и самите “традиционални атеисти“. Што значи тоа?
Во првиот пример, бегајќи ог Бог (да го наречеме позитивецот) завршуваат како верници во нешто кое е исто така Бог но на другата страна на графиконот станувајќи поклоници на Бог (негативецот). Сеуште се верници, бидејќи од тоа нема бегање само уште позагубени од поклониците на широко распространетите религии.
Во вториот, бидејќи е кул да се биде атеист, луѓето одбиваат да кажат дека постои Бог не знаејќи ни самите што тоа тврдат. Како што традиционалните верници немаат поим вистински кому се молат, палат свеќи, прават намаз така и овие од “неверници“ стануваат верници и следбеници на религијата која го негира Бог држејќи се до веќе установени вредности кои пропагираат отфрлање на Бог и со тоа поставувајќи правила на однсеување, облекување функционирање.
Она кое мене ми се допаѓа и сам се трудам да го практикувам би го нарекол “блажено отфрлање“
на секоја догма и правило. Факт е дека универзалните правила се премногу комплицирани да можеме да ги вметнеме во една религиозна рамка и да ги наречеме Бог, факт е исто така дека е смешно да се поклониме на пар човечки закони поставени неколку илјади години пред мене, но и факт е дека what you see is not what you get надвор во природата и општеството.
Одбираме во животот една патека, пар правила и соучесник или двајца за да ги прекршиме истите. До нив се придржуваме и тоа е нашата реална библија. Вербата во нешто над-над мене ја оставам со три точки бидејќи никако не е за занемарување, но сигурно нема да ја земам тука веднаш до мене да ми биде главен придружник.
Ко за крај, апропо насловот, секој човек има потреба од религија, како ќе ја креира сам и како ќе ја нарече е исклучиво негова работа. Најлесно е да ја позајми од некого, јас не сум расположен за копи пејст.