Одиме со еден трибут за ,,најнапатените навивачи на Кајгана форум''
Торпедо - Горе долу го разбирам дечково, направи разумен и мудар потег што престана да навива за мизерниот Јубентус. Ипак, за да биде штетата голема се погрижи Интер, ем го рендаше Јубентус во Италија, ем го изренда Баерн во финалето. Неам нешто против дечково, али вредеше да се спомне.
Иве - Дечково навиваше за секој што игра против Интер, неговиот потпис го зголемуваше секој месец т.е. секој месец се редеа нови клубови. Паметам имаше еден интересантен пост во Сериа А темата, како Интер конечно имал достоен конкурент и едвај чекал да види што ќе се деси ... се надевам дека си увиде.
Кога веќе виде дека Јубе (ваљда примарниот клуб) е над 20 бода зад Интер, се насочи кон Барселона. Се приклучи кон ремунтадата, поддршка до играчите на Барса искажа преку неговиот аватар. Се деси Интер.
Уште еден клуб, Баерн. Пак се деси Интер. Денес Иве се помалку постира на Кајгана, посебно во темата за италијанското првенство, ни фали морам да признаам...
Супер Франк ЦФЦ - По постовите веднаш заклучив дека дечково навија Челзи и Милан. Прво се деси 4-0, па исчезна. Потоа после секој кикс на Интер ми пишуваше мене и на Син, т.е. не реметеше. Се деси Челзи да игра со Интер во ЛШ. Едно знам, едвај чекаше да почне дуелот, кога заврши, СуперФренк исчезна.
Ама не ..., се појави при крајот на сезоната кога Интер го изгуби првото место, пак напињаше, али еве го, се смири, почна и добри постови да пишува во Фан Клуб Интер, иако морам да признаам дека ретко пишува. Поздрав Френки.
Тенк - Ѕверче. Сигурно некаде сеуште исчекува да се донесе пресудата контра Интер и да не пратат во сериа Б. Така, конечно ќе може Јубе да стигне до четвртото место
И ЗА КРАЈ ...
БобиМакедончето - Дојче убер алес :salut:
Не само на фановите на Интер, општо на сите навивачи од Сериа А, го испоти максимално. Верувам дека Гросо и дедо Перо се криви за тоа што ги мразиш сојузниците од втори светски рат, жабари :/. Али еве го, кажува како Германска лига била појака и слично, се уби детево, глумеше немски менталитет, дури и во хокеј ги пратеше. Океј све тоа во ред, али ете, баш немска екипа падна со италијанска, на мега дуелче.
Ваљда нешто осети што не треба, прво рече дека ова е дуел на германски со интернационален тим. Се слагам, исто ко што се слагам дека боља медицина од италијанскава нема, погледнете го, како се смири детето, ретко пишува, тивок е, повлечен. Знаев дека ќе го излечат од германската екстаза, кад тад, еве италијаниве се погодија.
п.с. Ептен битно: Ова го пишувам од мака (мада нема додирна точка), па досада, додека чекам да ме викнат на шетња. И така, немојте да го сватите како сеир или незнам што, ова е една генерална реплика за тоа што досадувате на ова фино лепо друштво на интераши ( да де, во него спаѓа и Дек0) и истото го пишувам for fun, така да no hard feelings, и Дојче убер Алес !!!!!!
п.п.с. Баже_ск: Сето тоа со собранието ти беше јака фора.
Peace.