Момци треба само да читате со отворени очи, ништо повеќе! Не знам кој е проблемот со вас, ви се сервира изџвакано на маса и пак имате проблем да проголтате.
Епа тоа е проблемот, по која основа Интер според вас сега ке оди во Серија Б кога дури и денес, во онаа '' мајка на сите разговори '', во оној долгонајавуван бум, пак, немаше нешто спорно односно нелегално за тој период.
Односно, Факети во истиот тој разговор изразува желба најдобрите судии да бидат дел од таа ждрепка, и што е најтрагично, сеуште е недоумица кој го дал името на Колина, а за истото се претпоставува дека е Бергамо, а не Факети.
Едит: Синот на Факети денес даде интервју во кое потврдува, дека во онаа '' mother of all calls '' за која се надеваа дека ке биде пресвртница, името на Колина го кажува Бергамо, а не Факети. Коментарот што следеше беше следниов,
ако ова е '' мајката на сите разговори '' тогаш истата абортирала.
Oној разговор, онаа мајка на сите разговори моментално е тргната од нет, незнам од кои причини ( а веќе беше убаво анализирана и Бергамо бил оној кој го дал името на Колина ), но во истата Факети е оној ко вели "metti dentro qualche", во стил, да бидат ставени сите интернационални судии, оние најдобрите а Бергамо е оној кој го споменува и името на Колина, а не Факети, иако така беше кажано и пренесено.
Истражителите т.е. обвинителите немале ништо против тие 75 разговри да бидат ставени на дневен ред. Тоа што е интересно се и оние разговори на Моџи кои ги правел преку делените сим картички до Бергамо и Парието, а нивниот број е од 300-400, така да, ова денес беа оние долгоочекувани 5 минути за одбраната на Моџи, следат оние 5 на обвинителите, кои пак ке кажам, немале ништо против овие 75 разговори, а имаат намера да го докажат оној систем на Моџи кои го имплементирал во Калчото, споредувајќи го со оној мафијашкиот систем на Козаностра, наречен '' Cupola ''.
Mуабетите беа, ке дојде 13ти ќе дојде 13ти, дојде, помина, Интер пак во ништо лошо и нелегално не е вмешан, дојде и оној голем бум на Моџи, пак ништо, ништо нелегално од страна на Морати и Факети, сега муабетите се, ке дојде 20ти ....
Aj, немам ништо против асална дискусија без вреѓање, али останативе падобранци кои ги немаат убаво изанализирано правилата на форумов, а и благе везе немаат со овој случај, поубаво ке биде да молчат односно да не пишуваат, него да тераат на малоумни '' дискусии '' со навредливи содржини и плукања по останатите членови на форумов, без разлика дали се фанови на Интер или Јувентус. :wink: