Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Мене Рики ми беше идол (беше-минато свршено) а може здравје боже пак ке ми биде :pos:
И мене. И ако не даде решавачки гол во финале на ЛШ, нема шанси пак да ми биде :pos:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
И мене. И ако не даде решавачки гол во финале на ЛШ, нема шанси пак да ми биде :pos:
И мене ми беше идол, 2 години се молев да го купат од Порто, а сега се молам да го продадат и да го вратиме Пелезињо. А ова што викаш за гол на ЛШ финале, смешно е ... јако!
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Ич не ми е јасно како може:

а) онака да изреагира со Барези, кога и сам знае дека Мурињо е тој што го менува.

б) да мисли дека не требало да излезе, после еден куп глупости кои ги одигра во серија.

Што е до реакцијата, да ја направеше Балотели, вечерва и утре ќе имаше преку 100 статии, колумни, слики на насловни страни, изјави на разно-разни шупци...

Мислам дека со ова си ја потпиша исписницата...



Ехеееееее.... не зезај :pos:
сам си удри потпис на трампата МУНТАРИ - ЏЕНАС

како и да е мислам дека сеуште нема место за паника, иако -7 е боље од -4, али се помирија и Интер, видоа дека едноставно цела Италија не дава Интер да го освои првенството на здодевен начин... тоа едниствено можам да го помислам по ужаснава партија која морам да ја заборавам што побрзо...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Дури и тогаш ќе сум во дилема... :pos:
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
Рики е добар од време на време, дечкото нема простор за игра. тој игра во тим кој се освен победа и 3 бодае неуспех, па игра од голем притисок дадени толку средства неоправдани ни еден цент... знам дека сите го отпишаа него, дури и јас.. ама имам осеЧај дека ќе изенади пријатно на некој од наредниве утакмици (едно ГОЛЕМО АКО настапи) мада Мунтари му отвори врата во резервите ако ништо повеќе... дечкото ќе даде многу битен гол и со тоа ќе си ја врати самодовербата....
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.398
Поени од реакции
6.520
можно е на мунтари во текот на изминатата недела да му е кажано дека ќе си заминува летово, па затоа да биде таква реакцијата.
како и да е, се извинил во соблекувалната, ама тоа што му ја бутна раката на барези нема никој да му го прости!
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Проблемот со Рики наш е секогаш тој чекор повеќе, тој непотребен чекор. Да сум на местото на Мурињо ке му речам за секој пас ти давам 1000 евра. Пандев е напаѓач, без разлика колку тој знае и умее да игра поназад, Пандев е напаѓач, тоа изгледа дека Мурињо го заборава.

едит: Мунтари... не знам која му е улогата во Интер, сигурно да ги прави другите да изгледат дека знаат да играт добар фудбал.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Мунтари веке и редно е да си оди од Интер,направи толку грешки што ни сам не е свесен !!!

Да ти ебам смрдливиот...
 

Marso

Io sono INTERISTA!
Член од
22 јануари 2006
Мислења
1.456
Поени од реакции
311
можно е на мунтари во текот на изминатата недела да му е кажано дека ќе си заминува летово, па затоа да биде таква реакцијата.
како и да е, се извинил во соблекувалната, ама тоа што му ја бутна раката на барези нема никој да му го прости!
иначе не беше барези тој што му ја турна раката.... туку некој од дечките задолжени за облекување на јакните на играчите.... али како и да е.... голема грешка направи, Фиго правеше така ама Фиго беше ѕвезда и дечкото знаеше да игра за разлика од циганов
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Не беше Барези.Но Мунтари освен што е антиталент другото му е се добро никогаш не правел скандали весниците не се интересирале за него секогаш игра со срце но толку може нема дарба човекот.
Инаку рече Бранка одма се извинил во соблекувална и самиот Бранка вели Мунтари е одлично момче никогаш не правел проблеми.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
иначе не беше барези тој што му ја турна раката.... туку некој од дечките задолжени за облекување на јакните на играчите.... али како и да е.... голема грешка направи, Фиго правеше така ама Фиго беше ѕвезда и дечкото знаеше да игра за разлика од циганов
Фиго кога го извадија со Англија си се качи во кола и си замина дома :pos: Цела нација гледа фудбал тој си се вози :pos: Ѕвер... макар што не беше во право ем ја поминаа Англија :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ќе игра ли Пандев во Лондон? Има некакви најави? Што мислите? :)

Проблемот со Рики наш е секогаш тој чекор повеќе, тој непотребен чекор. Да сум на местото на Мурињо ке му речам за секој пас ти давам 1000 евра. Пандев е напаѓач, без разлика колку тој знае и умее да игра поназад, Пандев е напаѓач, тоа изгледа дека Мурињо го заборава.

едит: Мунтари... не знам која му е улогата во Интер, сигурно да ги прави другите да изгледат дека знаат да играт добар фудбал.
Во право си. Премногу игра повлечено.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Ќе игра ли Пандев во Лондон? Има некакви најави? Што мислите? :)
Зависи од стратегијата на Мурињо. Ако се обиде да ја превземе контролата во средината на теренот и да игра напаѓачки фудбал (што е малку веројатно), со онаа 4-3-1-2 формација, би требало да го видиме Пандев во друштво на Милито во нападот уште од старт, ова е една опција.

Другата опција е да се игра повлечено, со повеќе деструктивци во средниот ред и да се игра на полуконтри и контри. Во тој случај неизбежен е Ето во нападот, не поради друго, туку поради брзината која ја поседува пред се.

Поради пропуштените шанси во последниве натпревари мислам дека Ето не заслужува да игра во прв состав пред Пандев, али останува да видиме што ќе смисли Мурињо :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Ако играа според тоа што го прикажуваат, треба да играат Милито и Балотели во моментов. Ама да играа така, на првата ќе играа Милито и Пандев. Значи друг е системот на размислување.

Јас мислам дека треба да играат Милито - Пандев во најголем број од натпреварите и во формација со 2 напаѓачи, а не овие други глупости, денес Пандев скапа покрај аут линиите. Милито - Пандев може да биде тандем кој ќе го надмине Роки - Пандев тандемот кој даваше голови секој натпревар.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Натпреваров може да се опише само со еден збор - очај. Не треба да им даваат на Интер да играат во недела во 20.45, не им лежи терминот секогаш играат на него како умрени:) (исклучок со Милан).

Факт е дека Џенова одигра цврсто, но сепак на екипа која прими 5 парчиња на првиот дуел, 5 гола прими од Милан на Сан Сиро, 4 гола на домашен терен од Болоња, да не се створи 100% шанса цел натпревар и да се нема корнер до 85 минута не смее да се дозволи.

Се гледа дека Марио се труди пред одржувањето на Златна малина за најлоша глума, јас да сум судија не би му досудил ни пола од тие што му ги судат, а не па тие што ги бара плус:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom