Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Стварно не паничите толку :toe:,не е ова Интер ако не ни приреди малце нервози:pos2:,на крај ние пак ке се радуваме слушајте ме:toe:
 
Се беше изгубено во преводот денес... на крај дури Занети тргна да ја решава сам :pos: за малку и ќе успееше на крајот.

И никој не се најде да признае дека Џенова одигра одлично. Не дека ако игравме добро немаше да ги победиме, ама имаа одлични и прецизни проигрувања, стално имаа еден-два слободни играчи да примат топка, одлично го затворија Милито... Не направија никаква глупост какви што обично прават други екипи, па тепаме и кога не ни оди...
 
Последни 5 утакмици

Реми
Реми
Реми
Победа(одвај)
Реми

Причини да бидам среќен - нема .......

Ај у првите три судиите не откорнаа од крадење :))
 
Реков погоре, основа за ред алерт нема, состојбата е status quo од минатиот викенд, једини проблем е формацијата која во иднина ви гарантирам дека повеќе нема да ја гледаме. Не уз оспособени Камби, Мота, Сантон, Марига, Занети, Дејо, Мунтари ...

Кога ке ги погледнете останатите лиги во Европа ( алудирам на големите првенства ) ниеден лидер во истите нема толкава предност на табела, со тоа што во Италија и меѓусебен дуел се гледа, па по незнам кој пат делуем спамерски и пишуем, Милан мора да анулира 5 бода за да бидат први.

Ае
Syn, мојот песимизам се базира на тоа што се е свртено против Интер: фудбалската федерација на Италија, судиите, буквално цела Италија. Нема да е чудно, ако Милан до крајот на првенството нема да претрпи ниеден пораз ( судиите се на негова страна, таков пример беше натпреварот со Фиорентина), а Интер уште некој натпревар ќе одигра со десет или девет играчи. Од тоа е опасноста, а на италјаниве нема око да им трепне за нерегуларно првенство, доказ за тоа е и Лучијано Моџи кој во последните изјави се преставува како жртвено јагне. Италија не е Германија или Англија, во италија ако наместеш натпревар или цело првенство, те прогласуват за фраер.
Затоа е и мојот песимизам, решени се цела ИТАЛИЈА ДА ГО симнаат ИНТЕР ОД ТРОНОТ.
Доказ за тоа беа натпреварите со Наполи и Сампдорија.
Поздрав
 
Мурињо кога ке се врати на клупата на Интер,се ке си дојде на свое место,слушајте ми го зборот !!!

Доста со песимистички постови сите,Џенова одигра добро,мада повеке одеше на бод,отколку на победа,играа со 10 играчи назад и чекаа шанса од контра,додека Интер играше со половина сили за првенството да го направи поинтересно :)

Avantiiiiiiiiiii Inteeeeeeeeeeer !!!
 
Амн бе ....... не ми се верува шо читам на форумов......зар волку се потиштивте за да дојде ред да плукате по сите!

Не ви доликува ова ама ај..:nenene:

Сун... верувај дека оваа тактика ке се игра и на стемфорд мост!

Мечов шо го одиграа Интер беше колку ради реда. Виде се од месечината дека воопшто немаат желба и дека не може да играат против бункер систем кој вечерва ни го прикажаа играчите на Џенова.

Знам дека ке ме правите луд но според мене оваа тактика му е мајката за со Челзи.
Ваква тактика не треба да се игра со тим кој мисли како да не прима гол, туку со тим кој ке се мрдне два метри повеке од неговата половина.

Милито оваа вечер покажа дека треба малку да одмара, затоа што 30 и кусур години не е заебанција не е ова Занети па да игра ко тинејџер. Требаше да го одмара на оваа утакмица.

Мурџо и Пандев не дојдоа до израз затоа што овие се бранеа со 9 играчи на нивна половина поточно да кажам во шеснаесетник. Крилата не може да дојдат до израз кога играш со тим кој не излава од неговата половина затоа што ја губат нивната цел а тоа е да направат брз продор по линија и бргу да се пренесува играта од своја во противничка половина.....тоа синока не можеше да се направи!

А за крај .......
Искрено нам ни требаше вакво нешто за да не освести и барем колку толку да ни биде поинтересно на форумот.
Кога велам НАМ велам за нас форумџиите.
Сега барем ке има дискусија а не само....овој даде гол, оној даде гол....Победивме, честитам!sram
 
Syn, мојот песимизам се базира на тоа што се е свртено против Интер: фудбалската федерација на Италија, судиите, буквално цела Италија. Нема да е чудно, ако Милан до крајот на првенството нема да претрпи ниеден пораз ( судиите се на негова страна, таков пример беше натпреварот со Фиорентина), а Интер уште некој натпревар ќе одигра со десет или девет играчи. Од тоа е опасноста, а на италјаниве нема око да им трепне за нерегуларно првенство, доказ за тоа е и Лучијано Моџи кој во последните изјави се преставува како жртвено јагне. Италија не е Германија или Англија, во италија ако наместеш натпревар или цело првенство, те прогласуват за фраер.
Затоа е и мојот песимизам, решени се цела ИТАЛИЈА ДА ГО симнаат ИНТЕР ОД ТРОНОТ.
Доказ за тоа беа натпреварите со Наполи и Сампдорија.
Поздрав

Во ова се согласувам, ако се земат во предвид околностите, 4 бода не се многу, само сеуште е во наши раце работата. Денес имаше одлично судење и камо да е така секогаш. Имаше контакт за пенал (Милито) ама нема да кукаме зошто не заслуживме да победиме.

Инаку Милан ако се сеќавам добро еднаш победи на последните 7 натпревари :pos2: и освои титула од зад грб на Лацио.
 
Да се вратат Kамбиасо и Киву/Сантон со Занети понапред,,,, тогаш ке праиме муабет :) и не сум песимис туку малце изнервиран и можеби затоа мојте постови песимистички изгледаат :)
 
Абе прочитав 1 пост поназад, заради 1 реми се откажавте и од ЛШ и од Калчото. Аман бе луѓе, 4 бодови сте пред Милан, 2:1 имате резултат со нас. Сезонава Милан не е на потребното ниво (според мене) за да ве загрози, а ние имаме пола состав повредени, од кои 3-4 се клучни играчи. Од каде тој песимизам не ве сфаќам :)
Епа тоа е, ние сме како Насредин Оџа, тој нговите деца ги тепал додека ја немале направено бељата, зашто после немало ефект да ги скарал.
Така и ние го критикуваме Жозе Мурињо и играчите додека не е направена бељата, зашто после нема да има ефект:pos2::pos2::pos2:
ФОРЦА ИНТЕР !!!
 
Сун... верувај дека оваа тактика ке се игра и на стемфорд мост!

Мечов шо го одиграа Интер беше колку ради реда. Виде се од месечината дека воопшто немаат желба и дека не може да играат против бункер систем кој вечерва ни го прикажаа играчите на Џенова.

Знам дека ке ме правите луд но според мене оваа тактика му е мајката за со Челзи.
Ваква тактика не треба да се игра со тим кој мисли како да не прима гол, туку со тим кој ке се мрдне два метри повеке од неговата половина.
Токму така оваа тактика се игра со екипи кои играт отворено еве на Удинезе им дадоа 3 гола примивме 2 но Мота играше одбрана.Додека со екипи кои се бранат со 9 играчи оваа тактиката е неефикасна.
Ќе беше ефикасна со Џенова доколку дадевме гол на почеток потоа 5 ке примеа.
 
Еве, само за потврда, инаку не се бунам и задоволен сум што не свирна судијата. Така и ни требаше:

militopenal1.jpg

militopenal2.jpg

Еве го и клипчето:

Приметете 3:50 ,55 мин/секунда ... Ето себичниот наместо сам да ја завршува можеше да му ја подаде на Кварезма кој ке испаднеше сам со голман,е тек тогаш ке беше многу опасно али повеке од јасно е дека го изгубил осетот.Да беше Паки на негово место имаш чиста асинстенција...ах бре Ето Ето,кога ке се вратиш во форма?
 
Ќе ја усереше Рики ќе го мразевме уште повеќе :pos:
 
Не само таму види на 4.18 пред Лусио кога излезе а Лусио се беше затрчал ќе кинеше мрежата:salut:.
Многу и јас се надевав на Ето но не е тој за Италија ќе им го вратиме на Барса за Ибрахимович само не им даваме 50 милиони:nenene: (како Милан ќе станеме бе 50 милиони потоа без пари пак ќе си го вратиме)или на Валенсија ќе си оди тој или Шпанија или Англија.Ќе земеме ние Бензема.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom