Кои се македонските муслимани (торбешите)?

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Во оваа држава во која главниот збор го има моронска бирократија сосема сум убеден дека ќе има и графа “Торбеш“ на наредниот попис. Од ваквите “космополити“ како Стефус Рефус е дојдено до тоа да се дели Македонскиот народ и да се распарчува. Значи сите можат да бидат националисти само Македонецот мора да биде “космополит“ и анационален (за полесно да се разграби она што останало од него).

Торбеш е име кое Македонците им го дале на своите сонародници Македонци кои ја промениле својата вероисповест од Христијанска во Муслиманска. Не станува збор за никаков друг народ (оти нема торбеши во Босна, кога веќе ја споменавте?) туку за Македонци со поинаква вероисповест од Христијанската, односно Муслиманска и секој кој тврди поинаку има нечесни намери и работи за туѓи интереси.

Целта на сите овие потези (промовирање на Торбешка нација, поалбанчување и потурчување на Торбешите) е една и единствена е да се штрбнуваат делови од Македонскиот народ, со цел од него да остане безначајна количина која ќе биде полесна за истребување и на крај тој да исчезне од историската сцена.

Стратегијата е долгорочна и се одвива скоро век и половина (од формирањето на Грчката држава и Мегали идејата).

Сега засега, во делови на Македонскиот народ со исламска вероисповест им успева овој дел од таа стратегија, каде од незнаење, каде од еуфорична занесеност дека и тие претставуваат нешто повеќе од Македонците Христијани, некаде има влијание Исламскиот Радикализам увезен од исток, некаде влијание имаат парите (обично кај гласноговорниците и лидерите на новото движење за “Торбешка нација“).

Како и да е, во нормална држава секое вакво застранување и пропагандна специјална војна би била третирана од безбедносните служби и ич не би се секирале за “човековите права“. Ако нечие човеково право е да се декларира како Торбеш и уште да гради “Торбешка нација“, тогаш каде се човековите права на остатокот од Македонско Христијанско население чии права со овој чин се одземаат?!

Како пример може да послужи човековото право некој да биде “геј“, но ако си е таков тоа не значи дека со своето декларирање за таков треба да ги иритира другите, да им ја наметнува својата опција, да им го стеснува просторот за маневрирање и на крај - на неопределените млади личности и деца свесно или несвесно да им го наметнува сопствениот избор како исправен или во најмала рака како “нештетен“.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Многу еднострано гледање на работите Кариес. Јас себеси не се сметам за коспмолит и баш поради моето право кое што сакам да ми се уважи од сите а тоа е да: можам да се изјаснам за Македонец и никој да не ми го оспорува тоа, мислам дека треба да се уважи и правото на останатите да се изјаснат сами за себе. Ако си дозволуваме да именуваме други по наша желба, дали ќе се сложиш нашите “мили“ комшии да не именуваат по нивна желба.

Затоа го спомнав пописот и таму нема да има “графа“ торбеши туку нели ќе биде празно место и секој сам ќе може своерачно да си напише како што се чувствува и на која етничка група припаѓа.
Секој што се чувствува како Македонец ќе си се напише Македонец, а религијата ќе си ја наведе во посебна графа кај што и е место. :toe:

Поради предходното ограничување со наведени одредени етнички групи (од кои треба да избереш) имаше и такви небулози кај што во графа за етничка припадност се запишуваше МУСЛИМАН.

Под овие етнички МУСЛИМАНИ се подразбираа и Македонци мислимани и Санџалии и денешните Бошњаци.

Добар си е насловот, ако се етнички Македонци наречени Торбеши, не може да бидат засебен етнос.

Ако пак се засебна етничка група -- за тоа дискутираме, а не за права и за попис! -- дајте да ги видиме од кој етнички супстрат се? Домашни ли се или дојдени на Балканот? Со што се карактеризира тој етнос, кои се историските извори и споменици за нив, каков им е јазикот, фолклорот и обичаите?

Досега единтвено нешто за кое што срамежливо беше поставено како тврдење е дека Торбешите биле Богомили и сходно се посебен етнос.

Еден етнос не може да потекнува од религиозно движење, тоа е нонсенс!

Пред да почнат да се раслојуваат кон другите етноси (Турци, Албанци, Бошњаци) по основ на исламот, Торбешите исцело припаѓаа на македонскиот етнос. Додатно, тие зборуваат Македонски јазик, фолклорот им е македонски.
Дефинирај ми го историски веродостојно потеклото на денешните Бошњаци. Дали се тие Срби и Хрвати со сменета вера или се засебен етнос пред 45-та односно пред дејтон од кога се дефинира Босна и Херцеговина како самостојна држава?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Твојата етничка припадност како Македонец на пописи и било каде треба да се почитува и без ти да си космополит или да правиш не знам какви трговии со логиката за да бидеш прифатен како Македонец.

И тоа воопшто не е предмет на оваа дискусија, следнот оф топик целосно ве биршам. Значи ја занесуваш дискусијата на сосема неисториски, односно политички основи.

Колку за информација, Кариес изреагира бидејќи имаше постови (сега избиршани од мене) во кои наводниот торбешки етнос -- засега недокажан -- беше воспоставен на дискусијава со негирање на македонскиот.

При тоа се сложувам за небулозата Муслиман со големо “М’’ да биде претставен етничка припадност.

Бошњаците се сосема друга приказна и можеме да отвориме посебна тема за нив. Само ќе речам дека аргументот на кој се фаќаат дотичниве исламисти кои не посетија се базира на хипотезата која Бошњаците ја воспоставија во 1990тите за нивното бошњачко наводно потекло од Богомилите. Таа хипотеза беше распарана од историчарите (како на пример Проф. Жак Бачиќ, инаку академик со големи симпатии кон Бошњаците од политичка гледна точка) и истата пукна по шавови.

И нема јас што да ти докажувам за ти да поентираш, товарот да се докаже нешто е на тој што тврди.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Abe torbesi sa makedonci nego pusti stra vrteshke prait od ljudite i taka turcite sea se praat albanci poso se manjina bra, taka i ovja abe toa nacijata si e osechaj kao se osechas take nema tuka ti da mi kazues so vake take edino jazikot fakat dokazuet koj e so bra!
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
Александар Донски

Македонците со исламска вероисповед денес претставуваат значителен дел од македонската нација. Овие Македонци не живеат само во Република Македонија, туку и во многу други земји. Голем дел од нив живеат во областа Гора на Косово, а повеќе десетици илјади, како македонско национално малцинство, живеат во Албанија (претежно во областа Голо Брдо). Десетици илјади Македонци муслимани живеат и во Турција и до денес мнозина од нив се свесни за своето македонско етничко потекло. Во продолжение ќе наведиме докази од кои јасно се гледа дека Македонците муслимани се составен и нераскинлив дел на денешната македонска нација.

Но, најнапред да расчистиме со ноторниот факт дека верата и нацијата се два дијаметрално различни поими, кои никако не смеат да се поисто ветуваат.

Националната припадност се добива уште од раѓањето, додека човек во текот на својот живот може по своја волја да промени колку што сака вероисповеди.

Така на пример, денес имаме етнички Германци, кои припаѓаат на повеќе вероисповеди (христијани, муслимани, будисти и сл.), но тие етнички (национално) цел живот ќе си останат Германци. Така е и со Македонците. Тоа што некои Македонци, поради различни причини, при паѓаат на разни вероисповеди никако не значи дека тие, со промената на веро исповедта, автоматски си ја смениле и националната припадност. Бесмислено е и да се помисли такво нешто. Во контекст на ова ќе ги споме ниме и Македонците муслимани, чии предци порано биле христијани, кои од едни или од други причини преминале во исламот. Тоа е потполно исто со она што и денес се случува, кога бројни етнички Македонци од православието преминуваат во будизмот, во движењето Харе Кришна, во протестанизмот, во адвентизмот, во пента костал ната црква, во верската заедница на јеховините сведоци и сл., а немал е и бројот на Македонци - атеисти, кои не припаѓаат во ниту една верска заедница и кои не веруваат во Бога. Конечно и христи јанството кај Македонците (но и кај другите народи) своевремено го заменило паганството што пред тоа го имале како своја вероисповед. Ова е сосема нормален процес и истиот се среќава кај сите народи во светот.

Но, дали постојат историски докази за тврдењето дека предците на денешните Македонци муслимани порано биле христијани? Ако се погледнат старите турски документи дури и од почетокот на 19 век (а секако и пред тоа), ќе се види дека постојат бројни докази за преоѓањето на Македонците христијани во исламот. Причини за ова имало повеќе, почнувајќи од присилното преоѓање во ислам, т.н. потурчување, па се до доброволното преминување во оваа вероисповед поради разни причини (економски погодности по ради исламскиот карактер на тогашна Турција; егзистенционални причини; верски сфаќања; па дури и поради љубов по личност од спротивниот пол - припадник на тогаш мнозинската исламска вероисповед, кој феномен впрочем го среќаваме и во неколку македонски народни песни инспирирани од вистинити настани). Во продолжение ќе наведиме неколку вакви документи.

На 07.02.1801 година Македонецот христијанин Дарко од Битола доброволно преминал во исламот. Еве што говори за него вото исламизирање зачуваниот автентичен турски документ од тоа време:

“Рајата по име Дарко, како неверник, жител на град Битола, маала Каратабак, пред овој светол верски суд се одрекува од својата неоснована вера и го прима Исламот. Изговорувајќи ги двата збора, влезе во исламската вера и откога се украси со славата на Исламот, по негово барање се нарече Ибрахим, што овде се запишува.
23 рамазан 215 год. (07.02.1801, з. м.)
Свидетели: Дервиш Мемиш, Есеид Абдул ефенди, Ќехаја Али ефенди, Чокадар Мустафа ага.”

Од средината на март истата година, зачуван е стар турски документ за преоѓање во исламот и на Македонецот христијанин по име Кочо. Во овој документ читаме:
“Рајата Кочо, како неверник, син на (нечитко, з. м.) на возраст од прилика на 12 години, жител на село Рибарци, Битолски кадилак, пред овој верски суд се одрече од својата лажна вера и ја прими исламската. Откога се украси со славата на Исламот, по негово барање се нарече Ахмед што овде се запишува.
Почеток на зилкаде, 215 година (средина на март, 1801 година, з. м.)”
Во продолжение на овој документ е списокот на свидетелите на овој настан.

Следниот документ е од почетокот на март 1802 година и истиот гласи:
“Рајата, порано по име Никола, син на Неделко, на возраст приб лижно од 12 години, од селото Трновци, Битолски кадилак, се одрекува од своите лажни верувања и ја прими исламската вера. Откога се украси со славата на Исламот, по негово барање, се нарече Абди, што овде се запишува.
21. шевал 216 година. (06.03.1802 година, з. м.).”
Во продолжение на документот и овде се наведени имињата на свидетелите (сите до еден муслимани) на овој настан.


Преоѓањето на православните во исламот продолжило и понатаму (а секако го имало и многу порано пред времето на горе наведените документи). Ќе цитираме документ и од 1817 година:

“Лицето по име Илија, син на Јосифа од селото Бела Црква, од подрачјето на град Битола, дојде во судското заседание и изговарајќи ги двата збора за свидетелството, ја напушти својата лажна вера и името му се нарече Ахмед што овде се забележува.
на 23 рамазан, година 33. (27 јули 1817 година, з. м.).”
Следниот автентичен турски документ од септември 1817 година, сведочи за преминувањето на Македонката Мара во исламската вероисповед. Меѓу тоа подоцна, таа се предомислила и решила повторно да му се врати на христијанството, поради што била уапсена и по втор пат преведена во исламот. Овде читаме:
“Мара, ќерка на Тана, христијанка, полнолетна, жителка на село Паралово, во подрачјето на казата на град Битола, по своја сопствена волја се украси со славата на Исламот, но подоцна се откажа од Исламот. Бидејќи сведоците Хаџи Абдул Халим, син на Османа и другиот Абдул Халим, син на Абдула и Шериф, син на Алија, сведочат дека споменатата се ослободи од својата лажна вера и ги изговори двата збора за признавање на исламската вера и дека ја прими исламската вера, решено е да се стави во затвор, што овде се забележува на 14 зилкаде 233 година (15 септември 1817 година, з. м.). Именуваната Мара дојде од затворот на судското заседание и по своја слободна волја повторно се одрече од својата лажна вера и ги изговори двата збора и се нарече со името Ќамила, што овде се запишува на 17 зилкаде 233 година (18 септември 1817 година, з. м.)”.
Од горенаведениот документ гледаме дека во тоа време практично било невозможно повторното преоѓање во христијанството и дека таквите лица биле изложени на судски прогон, за што впрочем сведочи и тридневното затворање на Мара (Ќамила) во турскиот затвор, поради што таа морала одново да го прими исламот.

Инаку, постојат уште голем број случаи на преоѓање на правос лавни Македонци во исламот за време на целокупното владеење на Отоманската имеприја на овие простори.

Што може да се заклучи од сето ова? Со преоѓањето во исламот горенаведените етнички Македонци си продолжиле да си бидат тоа што етнички се - Македонци.

Си продолжиле да си го зборуваат мајчиниот македонски јазик (како единствен што го знаеле), си продолжиле да си ја негуваат македон ската традиција, фолклорот и сл., само што, наместо в црква, своите верски потреби почнале да си ги задоволуваат в џамија.

Македонскиот јазик, традиција и култура тие подоцна им ги пренесувале и на своите деца (кои, поради сме нетата вероисповед, веќе почнале да добиваат лични имиња во склад со исламската традиција), а овие потоа сето тоа го пренесувале на своите деца и така натаму - се до денешните Македонци муслимани, кои (барем оние кои живеат во Република Македонија), исто како и нивните предци, воопшто не знаат ни да зборуваат на друг јазик, освен на мајчиниот им македонски јазик.

Тоа што Македонката Мара (Ќамила) го научила од својата мајка Тана (јазикот, традицијата и сл.), секако дека го пренела и на своите деца, кои веќе имале исламски имиња, а овие пак на своите деца и така натаму.

Впрочем, и денес сме сведоци на фактот дека одреден број Македонци доброволно пристапуваат кон разни верски заедници и секти, а тоа секако не значи и дека тие автоматски си ја менуваат и нацијата. Поради ова терминот потурчување е целосно погрешен, бидејќи денес во исламот има милиони верници, кои не се Турци. Да земеме, на пример, некој денешен етнички Македонец, кој ќе прис тапи кон некоја индиска секта. Зарем тој преку ноќ ќе стане Индус и зарем преку ноќ ќе го заборави мајчиниот македонски јазик и наед наш ќе почне да зборува хинду? Секако дека е бесмислено и да се претпостави такво нешто.

Дотичниот Македонец може само да си го смени крстеното име со некое индиско име во склад со традицијата и правилата на сектата кон која пришол и чии начела ги прифатил.

Тоа што се случува денес со Македонците, кои преминуваат во разни вер с ки заедници и секти (менувајќи си го само името и по некоја навика во животот) е потполно истото со она што се случувало во поче токот на 19 век (но и порано), кога одреден број тогашни Македонци преминале во исламот (менувајќи си го само името и вероисповедта). Нивните потомци денес се нашите крвни браќа Македонците муслимани.

(Документите за преоѓањето на правосавните Македонци во исла мот се преземени од едицијата “Турски документи за македонската историја”,Скопје, 1957 година).
извор
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Meне ми е сумљува работата Бошњаците се Народ а Торбешите не се. :raz: Јас лично не ги чуствувам баш блиски Торбешите различни ми се но, ако сакаат може да бидат и етнички Македонци-Муслимани (ко да е битно која вера се) или етнички Торбеши. Нивен проблем. Прашањево е чисто политичко.:toe: Сум слушнала и позабегани политички теории Дека Торбешите се Антички Македонци, Исламизирани Бугари,Исламизирани Срби, Славизирани Албанци, Славизирани Турци, Богомили итн
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Во културни земји никој не те убедува што си и кој си, туку оставаат на тебе да се изјасниш. И го почитуваат твојот избор. Значи, има Торбеши кои се сметаат за посебна нација -- пеки, бидете! Ич не ми пречи. Постојат исламизирани Македонци на кои им пречи зборот `торбеш` и се сметаат за Македонци. Пеки, again, не гледам зошто некому би му бранел да се чувствува Македонец од исламска (или било која друга религија). Постојат и такви кои зборуваат македонски а се идентифицираат како Албанци, Турци, итн. И тоа ми е прифатливо -- ако некој избрал да биде тоа што сака, зошто јас (или било кој друг) би му бранел. Арно ама, ми пречи кога некои на форумов без никакви историски аргументи, тресат глупости и измислуваат етнички корени, потекла, историски примат, дрн-дрн-дрн...и навредуваат други етникуми, вери, итн. Тоа не е во ред. Мене како Македонец ми е преку глава од такви кои денес ме убедуваат дека не сум Македонец, дека сум имал братучеди во Бугарија, ти реков-ми рече. :nenene: Јас многу добро знам што сум и ептен непристојно е некој да ми одредува како да се чувствувам. Сите оние кои дрват со некои теории (и докази!) за еугенеза (чистота на нација, раса, итн.) си праат бајрам на умот. Во строга смисла на зборот, чиста нација е онаа која редовно се бања. :toe:Етнички чисти нации на Балканов нема -- многу миксања се случувале. Историјата го покажува тоа, а и ДНК тестовите го потврдуваат истото. Се` друго се митови и легенди.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
Не се сеќавам дали беше јануари или февруари беше оваа година на Канал 5 се разговараше за Македонците Муслимани....беа присутни Исмаил Бојда и Фијат Цаноски....и група експерти.

Притоа Цаноски сакаше да ги направи македонците Муслимани посебен народ...само за да добиеле права по рамковен договор
имале посебни обичаи........ова она..тоа бил доказ за посебен народ...добро де....и ние вртиме лепче за паричка само за Василица..а на други места и за Божик....според логикава на Цаноски јас сум Северен Пелагонец.

Цаноски призна дека Македонците Муслимани се попишале на пописот во 2002 како албанци и турци, си мислеле дека ќе добијат вработување....ама и овие ги изиграле и сега решил ново малцинство да прави!

Раскинувањето на македонското ткиво му оди на прилог на тие што не ја признаваат македонската држава, македонскиот јазик, македонскиот народ.....

КОЈ СЕ СРАМИ ОД СВОЕТО МИНАТО НЕМА СВОЈА ИДНИНА - коментар на Исмаил Бојда за Македонска Нација.

Бојда: Има Македонци муслимани, а не Торбеши
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не е потребна негација на Македонците за да докажaт постоење на “Торбеши“. Доколку постоеле одделно ќе имаше начин и да го докажат тоа, наместо да манипулираат со религиозни детерминации.

Денешната политика на разградување на македонскиот етнос на субетноси е со цел да му се откине колку што е можно повеќе и тоа не се прави преку чесен начин, туку се поставува за услов дека Македонците не постојат, за да може да постојат сите други.

Искористувањето на политичките прилики поединци да се издигнат преку создавање аверзија меѓу религиозните групи е акт на предавство кон својот род и дрзок чин за оттуѓување на дел од националното ткиво.

Кому тоа служи не е тешко да се домислиме, доволно е да ги погледнеме основните тези со кои треба да го ставиш под знак прашалник македонскиот идентет, за да избегнеш самиот да се докажуваш. Тие тези се многупати чуени и видени, не треба многу за да проѕреме кој стои зад таквата мотивација.

Следователно на тоа, ќе бидат третирани исто, како и оние слепи кучки кои се собираат на форумот историја како пред месара и чекаат да откинат парче месо.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
на некому му оди во прилог тоа....најповеќе на бугарите....кои сакаат да прикажат дека ние сме биле бугари, ама србоманите ни ги испрале мозоците....
ма се е планска работа....принцип раздели па владеј......ако ги одделиш овците во стадото...волкот полесно ќе ги фати
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
ова веќе го имам слушнато...Васко Ефтов ко беше во Бугарија во интервју со каракачанов....Васко Ефтов го прашува Каракачанов: Колку Македонци има во Македонија? Каракачанов вели...во Македонија има 2 милиони Македонци.....
Албанците што се муслимани во Македонија и тие се Македонци Муслимани по нација? сега за тоа македонци Муслимани....тоа се Македонци кои по вера се муслимани....Македонци православни...... верската категорија не значи дека е различен народ.......
пример да речиме јас сум будист.......
по твоја логика јас сум посебен народ...не сум македонец
ако Торбешите се посебен народ зашто се пишувале турци и албанци на последниот попис?

--- надополнето ---


кажи ми каде се тие 'Торбеши' во Маврово-Ростуша? ова е од пописот од 2002 но со територијална организација од 2005
а еве според претходната територијална организација
 
A

amco2009

Гостин
Jas odamna prestanav da pisuvam na ovoj Forum tokmu poradi takvite moderatori... Forum e mesto za debata a ne mesto za lecenje ne frustracii , jas prestanav da pisuvam tokmu radi toa sto nekoi moderatorcinja taka zamisleni sekoj vtor post mi go brisea ili me baniraa duri zatoa sto i samiot sum se vregjal , prodolzetesi taka daleku ke stignete, zatoa na drugi svestki forumi si igraat majtap so vas poradi par osobi ko moderatorceto.... Mene iskreno mi e seedno ama pak vie se zatvorate vo geto se getoizirate i stanuvate edno mocuriste vo koe se vrtat samo mracni scenarija i ideji.. Sekoj so ne se slozuva so vas e protiv vas, pa vo toj slucaj cel svet e protiv vas ne vi presotanuva nisto drugo osim da se ubiete spored tvoevo... Koj ti dade tebe pravo da bides merilo za eden narod ili taka narecen patriot, sekoj si e patriot vo ona vistinska smisla kolku sto e zdravo za eden covecki mozok ... Ama vie ste samo zamisleni sajber patrioti
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Jas odamna prestanav da pisuvam na ovoj Forum tokmu poradi takvite moderatori... Forum e mesto za debata a ne mesto za lecenje ne frustracii , jas prestanav da pisuvam tokmu radi toa sto nekoi moderatorcinja taka zamisleni sekoj vtor post mi go brisea ili me baniraa duri zatoa sto i samiot sum se vregjal , prodolzetesi taka daleku ke stignete, zatoa na drugi svestki forumi si igraat majtap so vas poradi par osobi ko moderatorceto.... Mene iskreno mi e seedno ama pak vie se zatvorate vo geto se getoizirate i stanuvate edno mocuriste vo koe se vrtat samo mracni scenarija i ideji.. Sekoj so ne se slozuva so vas e protiv vas, pa vo toj slucaj cel svet e protiv vas ne vi presotanuva nisto drugo osim da se ubiete spored tvoevo... Koj ti dade tebe pravo da bides merilo za eden narod ili taka narecen patriot, sekoj si e patriot vo ona vistinska smisla kolku sto e zdravo za eden covecki mozok ... Ama vie ste samo zamisleni sajber patrioti
Наместо да продаваш криви дрини паметно ќе беше да аргументираше на темата, а не да си го браниш другарчето кое неможејќи да си ги поткрепи аргументирано своите тврдења почна да се служи со навреди.
 
A

amco2009

Гостин
Наместо да продаваш криви дрини паметно ќе беше да аргументираше на темата, а не да си го браниш другарчето кое неможејќи да си ги поткрепи аргументирано своите тврдења почна да се служи со навреди.

Drugar na Kajgana pisuvav se registrirav pred dve godini i prestanav da pisuvam posle pola godina , ti kazav zosto.. Ja poznavam dobro kako Fukcionira kajgana. Jas nikogo nebranam nitu pak ima uslov za branjene na Kajgan samo mozam da pretpostavam kako revolt doziveal doticniot i mnogu kako nego sto se obidele nesto da kazat razlicno od vaseto mneneie... Jas nema nitu da se obidam nitu da se nervuram so Kajgana ednostavno toa za mene veke ne e Forum nego diktat koj sto gi imam oseteno ti kazav pred godina dena , bev baniran nekolku pati za nisto, kazni mi letaa od sekoja strana pak za nisto, i sega ti sakas so tvojot komentar da mi ja Amnestiras cela kajgana ...

Koja e veke trul Forum ova ne go kazuvam samo jas nego razlistaj ke vidish kako funkcioniraat drugite Forumu ...


Pozdrav se gledame za Godina dena ako opstane do togash Forumov neplaniram da go trosham poveke mojot dragocen internet na ovjo falsh Forum poln so voobrazeni decishta koi sto nemaat vrska od zivototo , a gi stavile da bidat moderatori :tv:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
И пак ништо на темата од тебе како и претходно. Тука барај си го проблемот што немаш што да напишеш во врска со темата. Ако не го разбираш насловот на темата врати се во основно таму ќе научиш да читаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom