КУПИЛАПТОП предупредување

  • Креатор на темата Креатор на темата ilija28
  • Време на започнување Време на започнување
Мене најглупо ми е ко ќе чујам некој купил лап топ на старо у америка и се фали :tv:

Имал пари да отиде до Америка а нема да си купи нов лап топ :uvo:
 
И јас имав од "купилаптоп" и за нигде ми беше. Триста проблеми имав.
 
Сестра ми зеде пред 1 год. лаптоп од ваму. Кога го отвори имаше гребаница на него како да беше користен, го врати и зеде друг.
 
Јас колку што имам слушнато, Купилаптоп продава refurbished/repackaged лаптопи, односно лаптоп кој муштеријата не го сакал, па го вратил, или пак лаптоп што се расипал, па на муштеријата му дале друг, а овој се сервисирал, па откако го опраиле, решиле да го продаваат.

Ова воопшто не е нова работа во Америка. Дури и ако отидете на www.newegg.com (најголемиот е-тејлер на хардвер во Америка), ке приметите "Open Box" варијанти од одредени производи, кои се 15-20% поевтини од истите производи излистани нормално. Вратени од што не праеле кејф, расипани па поправени, оштетени при транспорт, па опраени, одземени ради ненавремено плаќање и така натаму.

Е сега идиотската работа е што Купилаптоп не ги изложува производите како такви, туку ти ги бута у фаца како нови.
 
Епа јас веке имам зедено од Макпетрол DELL Inspiron 1300, во 2005 година. Работен е во екстремни услови, и после 4 години, нема никаква мака. ЗАтоа Макпетрол даваат гаранција од 3 години, а овие мајмуните само една !! Сигурен сум дека ако земав од Макпетрол, ке немав сека никаква мака. Има премногу луѓе што земале од Купилаптоп и зе заебале. Зборот ми е , дека купувачот сам избира, и дека 35.000 денари не се малку за да си играе лотарија со компјутерот, или ке го биде ,или нема да го биде. А ЈАВНА ТАЈНА е дека сите прозиводи во купилаптоп не се прва класа и нови некористени !!! Епа за толку пари сакам НОВ некористен.

Немора да значи дека од таму не чинат, тебе ти се расипал после една година што значи дека додека они ти гарантирале (бил под гаранција) уредот бил во ред.
Плус зависи и како го користиш, колку го трескаш итн...

Поточно што ти откажа од лаптопот? Кој дел?
Па не знам точно што е расипано, знам дека нешто со матичната плоча е проблем. Кај овие мајмуните во Купилаптоп чекав две недели да го поправат, и на крајот ми рекоа дека не бива, не можеле го поправат, а плус го однесиле и на друг сервис ( не ми кажаа каде ), и од таму исто, не се поправа. И нормално, бев во купилаптоп да си го земам, ги отерав у П.М. и од таму директно во Макпетрол. Им кажав дека имам сериозен проблем ,дека најверојатно не се поправа , а тие со смеење ми одговорија дека нема шанси да не се поправа. Почекав еден ден, ми се јавија и ми рекоа дека може да се поправи,само ке кошта 10.000 ден. Со оглед на тоа дека веке имам еден лап топ Dell inspiron 1300, купен од Макпетрол во 2006, кој работи перфектно, и тоа дека се доволно спремни секаков проблем да остранат, мислам дека не треба повеке да зборам каде би требало да одете кога ке купувате нов лап топ. Макпетрол или Купилаптоп.
 
Ја па се чудев, шо толку ефтини цени.

Со оглед на тоа дека веке имам еден лап топ Dell inspiron 1300, купен од Макпетрол во 2006, кој работи перфектно, и тоа дека се доволно спремни секаков проблем да остранат, мислам дека не треба повеке да зборам каде би требало да одете кога ке купувате нов лап топ. Макпетрол или Купилаптоп.

И ти сеа олку реклами не требаше :D
 
Ја па се чудев, шо толку ефтини цени.



И ти сеа олку реклами не требаше :D

:) ,таман е, премногу ги фалам Макпетрол, ама никој друг не дава 3 години гаранција. Епа само гаранцијата вреде пола пари, камо среќа да ми функционира беспрекорно 3 години.
 
:) ,таман е, премногу ги фалам Макпетрол, ама никој друг не дава 3 години гаранција. Епа само гаранцијата вреде пола пари, камо среќа да ми функционира беспрекорно 3 години.
Види вака... пред 2 недели ми дојде Toshiba во рака, со опис на дефектот има вирус не сака да пали Windows. Испадна дека не е вирус, туку е нешто чаднато, бидејќи само појавуваше лого на bios и потоа црна слика. Не сакаше ни во bios да влезе, камо ли нешто друго. Компјутерот земен од македонски телекомуникации (т-хоум на 24 рати) со 1 година гаранција. Среќа што реагирав навремено, гаранцијата му врвеше за 2 недели.... Го испратија во Скопје (од Битола сум) и ете уште ги нема. Претпоставка е дека плочата е умрена, а како што појма немам... компјутерот стар нецела година, а згора на тоа работен малку исклучиво на маса дома (одма прашав да не евентуално некој го заборави замотан во ќебе, бидејќи така имам начекано цркнат процесор од прегревање).

Така да... не е сервисот мерило за квалитет. Може да ти даде и 5 години гаранција, џабе ти е кога нештото што е изгорено ти треба да го платиш. Уствари со гаранцијата можиш да се сликаш и да ја фрлиш, секој сервис се наплаќа.
 
Е сега идиотската работа е што Купилаптоп не ги изложува производите како такви, туку ти ги бута у фаца како нови.

Додека им беше стариот веб-сајт јасно беше напишано тоа, и можеше секој да види и да знае дека не купува баш нов лап-топ. сега баш побарав, откако им е сменет веб-сајтот истата информација ја нема. Голем пропуст е тоа и не би смееле така, ама ајде де, кој да казни :)
 
Здраво до сите одфорумов. Сакам ,како оштетен корисник, колку што можам повеке да ги предупредам луѓето да не купуваат прозиводи од Kупилатоп (USANOTEBOOKS) компанијата. Зошто? Епа сите прозиводи се, или втора рака,или фабричка грешка, или Кинески......... Цените се доста примамливи,ама пазете се. Јас од таму купив DELL Inspiron 1521, и после само година дена, цркна, и неможеше во нивниот сервис да се поправе, туку морав да одам во макпетрол и да платам ДУРИ 10.000 денари. А кога го купував, во купилаптоп беше 35.000, а во Макпетрол 45.000 ден.И нормално се полакомив по поефтиниот,ама ете..... 10.000 денари пак ги дадов, ама со еден куп главоболки, затоа што тој ми беше службен компјутер, со еден куп фактури,ценовници,барања.................. Само држете се понастрана од купилаптоп. Поздрав
DELL не се зима на европски пазар , самите по себе не се добри. Тие вредат само на амерички пазар :wink:
 
:) ,таман е, премногу ги фалам Макпетрол, ама никој друг не дава 3 години гаранција. Епа само гаранцијата вреде пола пари, камо среќа да ми функционира беспрекорно 3 години.

Не е здраво 3 поста се на се и во сите да ги фалиш Макпетрол ... Впрочем гаранција не дава Макептрол туку DELL, а и не е само DELL со 3 години.
Има и други брендови кои имаат повеќе од 1 година гаранција. Јас лично сум љубител на Fujitsu и користам нивни модели години на назад. Ти тврдам дека имаат колку сакаш години гаранција ... сам бираш (1/2/3) и во зависност од изборот ти се одредува цената ... подобро здравје.
 
DELL не се зима на европски пазар , самите по себе не се добри. Тие вредат само на амерички пазар :wink:

Ова е глупост на деценијата...На официјалниот сајт на ДЕЛЛ можеш у секое време да си провериш се за лаптопот со неговиот сервисен таг...И незнам која е поентата да се различни за европа и за америка? Што е резликата? Во авионот за транспорт :)))
 
Ова е глупост на деценијата...На официјалниот сајт на ДЕЛЛ можеш у секое време да си провериш се за лаптопот со неговиот сервисен таг...И незнам која е поентата да се различни за европа и за америка? Што е резликата? Во авионот за транспорт :)))

И незнам која е поентата да се различни за европа и за америка

Баш поради ова не си дозволувај да го пишеш ова

Ова е глупост на деценијата
 
Мене најглупо ми е ко ќе чујам некој купил лап топ на старо у америка и се фали :tv:

Имал пари да отиде до Америка а нема да си купи нов лап топ :uvo:

Човече,не заебавај,зарем не знаеш дека во УСА скоро се е за едно добри 50 % поевтино од кај нас? Плус,знам луѓе што земале лаптопи,камери и триста чуда од таму,па ги работат по 2-3 години без проблеми.Инаку,никогаш не би купил лаптоп од овде.Зошто? Затоа што се скапи,а друго поарно да си донесам лаптоп од Германија стар 2-3 години,за западен пазар правен,поевтин итн. И на крај,поарно држи се понастрана од лаптопите (освен ако ептен не ти е потребен),повеќе се расипуваат од обичен PC,а и деловите им се поскапи.Поздрав :wink:
 
Ова е глупост на деценијата...На официјалниот сајт на ДЕЛЛ можеш у секое време да си провериш се за лаптопот со неговиот сервисен таг...И незнам која е поентата да се различни за европа и за америка? Што е резликата? Во авионот за транспорт :)))

Исто како што BMW за балкански земји и за Германија е различно, трет свет сме. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom