Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 4.133
Цените на недвижниот имот во Македонија се повисоки и од тие во најпознатите европски метрополи како Берлин, Виена и Париз, тврдат трговците со недвижен имот. Но, градежниците не се задоволни и со ова, па најавуваат дека со добивањето на датум за преговори во ЕУ цените на становите ќе се зголемат до 40 проценти. Со тоа, Скопје ќе биде најскапа европска метропола уште пред да влезе во Европската унија. На веб-локациите за недвижен имот стои оглас според кој за да се купи огромен плац од 3.000 квадратни метри на кој може да се направите ранч, во близина на Виена, се потребни само 33.000 евра. Ваков плац во скопско Сопиште чини 210.000 евра. Пристојни станови во Виена се продаваат по цена од 80.000 евра. Покрај море, како во Валенсија, во Шпанија, може да си купи апартман со две спални соби и со две бањи, во зграда со сопствен базен и со поглед на море, за 99.000 евра. Но, и покрај ова, нашите градежници очекуваат дека со добивањето датум за преговори, странците што ќе инвестираат тука ќе сакаат да купат стан по цена што ќе биде за 50 проценти повисока од таа кај нив. Томе Костадиновски од фирмата „Конструктор инженеринг“ вели дека со добивањето датум за преговори цената на становите ќе се зголеми за 40 проценти, а слични прогнози најавуваат и другите градежни компании. - Сега градиме кај „Алумина“ во населбата Тафталиџе, а становите очекуваме да се продаваат по цена од 1.500 евра за еден квадратен метар. Со добивање датум за преговори цените, сигурно, ќе се зголемат. Тогаш повеќе ќе се гради, повеќе ќе се купува. Очекуваме повеќе инвеститори и поголеми плати, тогаш би имале европски плати - вели Чедомир Додевски, од градежната компанија „Мива градби“.
Додевски признава дека и сега цените се високи, но, според него, тој што мора да купи ќе купи стан.
Според Ѓорги Николов, од фирмата „МЃ инженеринг“ побарувачка на станови нема, но и покрај тоа цените на становите треба да растат, а не да се намалуваат. - Со добивањето датум за преговори луѓето ќе имаат поголема сигурност и цените, сигурно, ќе пораснат. Цените сега се ниски. Во Центарот на градот реална цена од еден метар квадратен е 1.200 евра. Но, нема економска оправданост да се намалат цените и покрај тоа што нема побарувачка. По Букурешт продажбата застана. Место да се продаваат 100 стана годишно се продаваат по пет до шест стана. Но, подобро да не го продадам станот и да земам кредит отколку да го продадам станот и да остварам загуба - објаснува Николов. Тој вели дека само во поранешните југословенски републики се уште се плаќаат комуналии, за разлика од европските држави, кои не плаќаат вакви даноци на државата.
Агенциите за недвижен имот, пак, се револтирани од ваквите најави на градежниците најавувајќи дека ќе формираат здружение за да се заштитат купувачите. - Нереално е да се зголемат цените на становите бидејќи и сега се многу скапи. Европската унија ги намали цените, а ние ќе ги зголемуваме. Цената на еден квадратен метар стан во центарот на Берлин е 1.000 евра, а кај нас е 1,200 евра. Кој ќе купува стан? Некој од ЕУ ќе дојде да купи? Кај нас нема стандард за да се купи стан по овие цени, а не па по повисоки цени. Треба да бидеш буџетар со плата од 30.000 денари за да купиш стан - вели Сашо Поп Илиески, сопственик на агенцијата за недвижен имот „Хепинес“.
Според него нема никаква логика за да се зголемат цените.
- Ниту материјалот за градба е поскап, ниту работната рака. Работници земаат од внатрешноста и ги плаќаат само по осум илјади денари, без притоа да им обезбедат престој и храна. Сакаат да соберат 200 проценти приход. Сега сосе комуналии изградбата на еден квадратен метар стан чини 500 евра, а тие ќе се продаваат по 1.500 евра - револтиран е Илиоски.
Цените не паднаа со пониското ДДВ
По намалувањето на данокот од 18 на пет проценти речиси ниту една фирма не ги поевтини становите, тврдат градежниците.
- За да се намалат посериозно цените треба да се намалат и цените на материјалите за градба – објаснува Томе Костадиновски, од фирмата „Контруктор инженеринг“.
Само од фирмата „Бортас“ ни изјавија дека ги поевтиниле становите за 12 проценти.
- Становите што ги продававме по 970 евра за еден квадратен метар сега ги продаваме за 880 евра. Продажбата веднаш ни се зголеми од два стана на 20 стана месечно – информира Љупчо Бораниев, директорот на фирмата.
----------------
Логички ова не можам да го објаснам.Ако некој може нека повели.
поз