Dacia Duster - Најефтиниот теренец на пазарот

  • Креатор на темата Креатор на темата Torte Mobile
  • Време на започнување Време на започнување
Дачија, земи ја па плачи ја. Така викале порано, ама тоа денес не важи :) Дачија прави добри возила, не бидете чурук :)

Да де затоа коа се возев со дачиа логан со 50000 пројдено мислев дека ќе се распаднеше, се тресе цела крцка се клатат вратите. Добар квалитет.:tapp:
 
Охоо,што е ова точно една година е заспана темава

63806_156367124391666_114029715292074_395985_15578  84_n.jpg


Што ќе кажете за теренските способности на Дастер 4х4 ? (посебно запазете на 3та минута од клипот :vozbud:)

Ми се допадна тоа што го слушнав за Дастер

За Дастер би рекла „Мало сувче со големи теренски способности„.
 
ова не личи на автомобил... градски модерен тенк ! А за парите да не спомнуваме
 
Кога би споредувал Изглед:Цена мислам дека за 9300 евра се исплати да се земе вакво џипче. Е сега за квалитетот на каросерија не сум баш сигурен, ама за моторот тоа нема проблем бидејки е Рено, и би требало да е квалитетен. Генерално мислам дека Дачија се подобрува во квалитет од година за година. Не е Тојота ама мислам дека за таа цена се исплати да се земе ова возило.
 
Да де затоа коа се возев со дачиа логан со 50000 пројдено мислев дека ќе се распаднеше, се тресе цела крцка се клатат вратите. Добар квалитет.:tapp:

а што очекуваш ти од кола 8-9000 евра.. катапулт да има ??

--- надополнето ---

Кога би споредувал Изглед:Цена мислам дека за 9300 евра се исплати да се земе вакво џипче. Е сега за квалитетот на каросерија не сум баш сигурен, ама за моторот тоа нема проблем бидејки е Рено, и би требало да е квалитетен. Генерално мислам дека Дачија се подобрува во квалитет од година за година. Не е Тојота ама мислам дека за таа цена се исплати да се земе ова возило.

Исто како и Шкода,која што е 80% VW , исто и Dacia.. во најмала рака е Рено
 
во која продавница го продаваат дустерот дај те ми страна од продавницата да разгледам ценовник толку пари со каква опрема ?
 
во која продавница го продаваат дустерот дај те ми страна од продавницата да разгледам ценовник толку пари со каква опрема ?

Во сите салони на Dacia
Еве ти страна,али не е обновена,го нема Дастерот http://www.dacia.com.mk/index-1.html
Ако некој има информации за опремата и цените нека стави линк
 
Во сите салони на Dacia
Еве ти страна,али не е обновена,го нема Дастерот http://www.dacia.com.mk/index-1.html
Ако некој има информации за опремата и цените нека стави линк
па и јас ја гледав таа страна ама нема никакви имформации да дустерот
 
па и јас ја гледав таа страна ама нема никакви имформации да дустерот

Епа да де, и јас истото го кажав дека нема информации за Дастерот,не е обновена страницата,но сепак има информации за продажните салони на Dacia каде се наоѓаат.
Затоа и реков ако има некој друг информации за нивоата на опрема и цените нека даде валиден линк.
 
http://koli.com.mk/cenovnik/D%20U%20%20S%20T%20E%20R.pdf

Во врска со Дачииве... имав прилика едно по друго да се возам во такси Логан и Голф 4 - претпоставувам дека се тука некаде по староста (ваљда и по километражата) - Логанот за Голфот беше Москвич, т.е. Голфот за Логанот беше Голф, ако разбирате што сакам да кажам.
 
Дачиа Дастер е едно од најисплатливите СУВ возила Дастерот има комплетно подвозје на Кашкаи докажани 1.5 дци мотори од 86 и 105 коња што рено до пред некоја година комплетно истите мотори ги ставаше во меган и се уште ги става. и има димензии слични на меган што го прави идеалено теренско и градско возилце. Дастерот со ,,фул’’ опрема е околу 16.000 евра: дизел 105 коња, 4*4, екетричен пакет,серво,автоматска клима,радио цд мп3 и сл.
 
Не би дал 16к за Дастерот пошто за 16,500 имаш КИА Спортаж шо изгледа вака:
2011-Kia-Sportage-autocars17.jpg


Али 9-10 би дал за Дастеров, не е лош настрана стереотипите.
 
Не би дал 16к за Дастерот пошто за 16,500 имаш КИА Спортаж шо изгледа вака:
2011-Kia-Sportage-autocars17.jpg


Али 9-10 би дал за Дастеров, не е лош настрана стереотипите.

А што попрво би возел ти,Дастер со Фул опрема или оголен (незнам колку точно е оголен,али сигурно не е како фул Дастер) Спортаж?
За 15.940(крајната цена) Дастерот е Фул,а Спортажот почнува од 16.500 и додека него да го дотераш до Фул опрема (незнам точно колку кошта фул Спортаж) али еве ќе лупнам безвезе цена отприлика 22.000 за Фул.
И што после? Пас ке се појави друга кола,па ќе речеме,еј па за 22.500 имам друг модел.....и така до бескрај.
 
http://koli.com.mk/cenovnik/D%20U%20%20S%20T%20E%20R.pdf

Во врска со Дачииве... имав прилика едно по друго да се возам во такси Логан и Голф 4 - претпоставувам дека се тука некаде по староста (ваљда и по километражата) - Логанот за Голфот беше Москвич, т.е. Голфот за Логанот беше Голф, ако разбирате што сакам да кажам.

Јас ќе ти го споредам со Mercedes E класа...

И сега што правиме? Ќе ти речам „Ма иде као Гољф!“ :)))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom