Torte Mobile
Модератор
- Член од
- 29 ноември 2007
- Мислења
- 7.099
- Поени од реакции
- 1.887
- Возраст
- 39
После концептот прикажан на саемот во Женева на почетокот од годинава, очекувањата од првиот SUV на Dacia, барем гледано од аспект на дизајнот, без многу големи. Сепак, ниската цена не дозволува толку играње со дизајнот, но серискиот Duster има други адути со кои ќе земе дел од колачот на компактните SUV-a.
Зависно од желбата на купувачот, Duster ќе се испорачува со погон само на предните тркала, но и како чистокрвен теренец со 4x4 погон на сите четири тркала. Втората изведба ќе биде и 100 kg потешка, што значи дека својата намена ќе ја најде само на терен или во отежнати патни услови.
Системот за погон на сите тркала е преземен од стручњакот Nissan. Во Auto модот, системот сам одлучува на која оска и е потребен поголем вртежен момент, додека во Lock модот, распределбата е 50:50 на предната и задната оска. Овој мод ќе се користи пред се за полесно поминување на терен. За штедење низ град, ќе може да се вклучи и само погон на предните тркала.
Моторизацијата ќе биде застапена со помалку слаби агрегати, впрочем како и останатите модели на романскиот производител. Ќе има еден бензинец, 1,6 со 110 КС и два дизели, 1,5 dCi со 85, односно 105 КС. Сите мотори се директно преземени од Renault, а доказ за квалитетот на целиот автомобил, треба да биде гаранцијата од 3 години или 100.000 km.
Во внатрешноста, Dacia ветува комфорно сместување за пет возрасни патници, додека големината на багажникот ќе изнесува 475 литри со дигнати седишта, односно 1600 литри со спуштени седишта.
На нашиот пазар, овој модел ќе биде достапен на пролет идната година. Цената засега не е позната, но едно е сигурно – Duster ќе биде најевтин во класата.
KOLI.COM.MK