Навистина чудна журка, во најмала рака. Како прво и основно, мислам дека овие две имиња заслужуваат одделна вечер за своите настапи, Енди Мур да отвори за Сандер ?? хах ..
Толку малку луѓе не се сеќавам да имало воопшто во колосеум на некој од овие хепенинзи. За разлика од некои други журки (читај Армин, Шулз, А&Б), каде имало над 3000,4000 луѓе (додуша пола и повеќе сталкери и позери), вчера вечер беше ептен релакс журка, како народот да зеде одмор од големите имиња кои оваа година не' посетија. Кога почна Енди Мур, првите 20тина минути се осеќав како на VIP private party, бевме се' на се' 20тина души први борбени редови и максимум уште 50тина на подиум, пред настапот се сликав со него, 2-3 реда муабет, ептен фин човек, прашуваше за wish-list и онака ептен смирено си отвори сетот, започна со некои олд-скул мелем за уши траки и мелдоии, типичен негов стил, за да убрза некаде после саат време и во еден момент да ја затупи со неколку безвеза траки од оној чуден нов стил на прогресив/тех-транс со енормно истакнати и гласни бас линии.. Очекував да пушти многу повеќе од старите траки, Year zero, Transatlantic, Fake awake, Halcyon, Treatment declined, Whiteroom... сепак "отвори" добро пред СВД.
Сандер пак, уште самиот почеток удри на јако и цело време држеше високо темпо, 135 bpm и нагоре, во неговиог препознатлив SVD-Style што и самиот го нарекува, неколку Purple Haze траки, единствено неостварено што сакав да слушнам од него беше Purple Haze - Eden, другото му беше феноменално.. Климаксот со публика беше докај 2ипол/3 саат, кога поголем број луѓе увидоа дека за да се скока на неговите сетови треба cojones ( и кичма ) of steel
, па полека се расчисти. Бисот му беше краток, но прилично очекуван, ремиксот на King of my castle, со ненормален брејк и одлична комбинација на мелодија и бас.
Оваа журка на мојата листа за годинава го зазема третото место, убедливо прва е зимската на Gareth Emery, па PVD во Охрид. се гледаме повторно на Корстен..