Британскиот музички состав "Едиторс", ќе настапат во клубот "Колосеум" на 17 април, а во Скопје ги носат "Литиум рекордс". "Едиторс" се музички состав што го одбележа новиот бран во британска музика во минатата декада. Заедно со "Арктик манкис" важат за бенд кои го креираат звукот на новиот век.
Темниот "инди рок" што го произведуваат често го споредуваат со бендови како "Ехо анд д Банимен", "Џој Дивижн", "Интерпол" и "Ју-Ту".
"Едиторс" во Скопје ќе го промовираат последниот албум, издаден лани во октомври "Во ова светло оваа вечер". Ова издание веднаш по објавата ја освои топ-листата за најпродавани албуми во Велика Британија. Прв сингл од ова издание беше "Папилон" (Папиллон), додека вториот, "Не ја познаваш љубовта" (Ѕоу Дон’т Кноњ Лове), бендот го издаде на 25 јануари. Новиот албум до сега е продаден во повеќе од 500.000 копии и во над милион примероци надвор од Велика Британија.
Овој состав од Бирминген е основан во 2002 година, а го сочинуваат вокалот Том Смит, гитаристот Крис Урбанович, басистот Расел Лич и тапанарот Ед Леј. До сега имаат издадено два албуми кои ги освоија топ листите низ целиот свет, достигнаа платинест тираж и на бендот му обезбедија номинации за престижни музички награди.