Околу хонорарот, 300.000 евра чинела цела организација. Од нив, 50.000 евра зема Чолич, а 100.000 евра Fat Boy Slim. Околу журката, Чолич беше далеку подобар (иако сум трансер и израснат со ФБС) бидејќи сетот на ФБС беше многу сличен на сетовите што ги прави последните 2-3 години, а тие баш и не ми се свиѓат. Немаше ништо од старите добри хитови: оригиналната Right Here, Right Now, оригиналната Rockafeller Skank, Ya Mamma (воопшто не ја ни пушти оваа песна :nesvest
, Fucking In Heaven,
Gangsta Tripping, Renegade Master... Па дури и Champion Sound. Немам право да серам пошто беше безпари, ама на пример ако беше концерт и да дадев 1000 и кусур денари (а ќе ги дадев пошто човекот е BRAND, и првиот допир со електронска музика беше со негови песни), стварно ќе ми беше криво.
Тоа на страна, спектакуларно озвучување, невидено до сега осветлување и laser-show и доволно простор за све. Многу ми се допаднаа анимациите што идеа на екраните, пошто беа усогласени со музиката (прв пат гледам такво нешто). Иако беше -3 имаше ептен убава атмосфера и топ си поминав.