Еве после тоооооооооолку долго време, конечно и јас да стигнам да пишам ред-два.
Бев на слава кај една џенцка, и пиев многу пиво. Кога стигнав на плоштад се префрлив на вино.
Здрафко пееше, и заврши, имаше нешто што се вика огномет, ама воопшто не беше спектакуларно, па на митинзите на некои помали политички партии има поголеми огномети.
Па се расчисти рајата.
И дојде маестрото, Кук, Норман Кук.
Нема ништо да коментирам. Дојде, стисна плеј, и ни искрши кичмите.
Досега само еден ди-џеј пуштал поразлична музика, а да биде сето тоа убаво ускладено, па на моменти прекршено, па на моменти во обратна крајност отерано, а ти 5 минути си викаш УАУ, како само му текнуваат некои траки.
Во некој од дневните весници новинарот од забавна редакција мрчеше коментирајќи дека Норман ни пуштал 20 години стара музика, ко да сме биле зад железна завеса и ниту едно влијание не стигнало до нас.
Да бидам искрен, подобар жур на тие минусни температури ниту имало, ниту ќе има некогаш пак во Македонија.