ATP World Tour Finals - London 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Зошто е таков бе, се сеќавам и летото незнам на кој турнир беше стигна до финале со Мареј и исто така изморен, очигледно не доволно физички спремен.

Ах бе Дел Потро ...Секогаш така, мора да ја поправи физичката спремност 1001% сум сигурен дека со подобра физичка спремност ќе го згазеше на Николај, но што е - тука е.:toe:
 
Мора да се признае, сите го потценија Давиденко. Помислив дека нема да може да издржи уште еден натпревар да игра на толку високо ниво, но рускиот Iron Man ги надмина сите очекувања.
Всушност Дел Потро беше тој што не успеа да ја повтори играта од минатите два меча. Многу неизнудени грешки, проблеми и со сервисот, придонесоа само да му се олесни победата на Давиденко.

Навистина Давиденко беше импресивен на овој турнир и малку фалеше да го освои и без ниеден пораз. Ги победи сите Grand Slam шампиони во 2009, а тоа сигурно не е за потценување.

Со ова завршуваат турнирите од ATP серијата во 2009 година.
Од повaжните натпреварувања остана уште финалето во Дејвис купот меѓу Шпанија и Чешка на 4 декември. Надал има шанси да го поправи впечатокот, но тој сепак останува најголемото разочарување за крајот на сезоната, а секако најголемото изненадување е Давиденко, па можеби и Содерлинг.
 
Честитки за одличната игра на Давиденко.Нека одморат сега малку па се гледаме за Аустралиан Опен.Напред Рафа и Ноле!
 
Бидејќи, само Џоковиќ го победи Давиденко на овој турнир, автоматски Џоковиќ добива пола од парите што ќе ги земе Давиденко :je::):):)

Се читаме за некој месец во Мелбурн :pipi:
 
Честитки за Давивденко, турниров го одирга на многу високо ниво. Сега има следи одмор од месец дена, па здравје негде кај 20 јануари се гледаме во Австралија:salut:
 
Бидејќи, само Џоковиќ го победи Давиденко на овој турнир, автоматски Џоковиќ добива пола од парите што ќе ги земе Давиденко :je::):):)

Се читаме за некој месец во Мелбурн :pipi:
Ај може на тебе ќе ти даде некој денар:pos2:
 
Честитки за победата на Давиденко кој си освои солидна сума на пари (значи помалку ќе шитка во иднина:pos:) и го престигна Родик на шестата позиција. На крајот оваа сезона излезе една од поуспешните за Русинот.
 
Лани Давиденко на крајот на сезоната беше 5ти,а сега 6ти...:smir:А ако го гледаше говорот на Давиденко на церемонијата,кога го прашаа дали има идеја како ќе ги игкористи парите тој рече дека ако тој нема,неговата сопруга сопруга сигурно ќе има...:pipi:
 
Гледано според рејтингот точно е дека минатата година му беше поуспешна, но ако ги споредиш успесите и освоените титули тогаш се гледа нешто друго:). Минатата година освои три турнири од кои само оној во Мајами беше дел од ATP Masters Series /ATP World Tour Masters 1000, додека сезонава освои 5 турнири. Во тие 5 спаѓаат Хамбург кој е ATP International Series Gold /ATP World Tour 500 Series, потоа Шангај ATP Masters Series /ATP World Tour Masters 1000, како и последниов во Лондон Tennis Masters Cup /ATP World Tour Finals. Така што мислам дека оваа година му е далуку поуспешна од минатата:smir:.
Церемонијата не ја гледав, но мислам дека парите и самиот Николај веќе знае како ќе ги искористи:pos:
 
Да да точно дека оваа сезона му е далеку поуспешна од минатата.Само сакав да го споменам рејтингот од минатата година,иначе апсолутно си во право:smir:
 
Еј дечки да не знае некој дали ќе го пренесуваат финалето од ФЕД купот???

Дејвис купот де:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom