ЈСП - случки, прашања, дискусии

Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Вторник и петок у задње време многу ме нервираат, незнам до што ќе да е..
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Смрдење во петок ненормално.. Ја незнам стока така не мириса. Треба да се има малце осет ако се во поддминати години сепак постои туш.
Иначе за гужвата да не збориме ама за аромата што избива во афтобус.. милина
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Моментот е кога нема место да седнам, и како и сите останати стојам и се држам за некое седиште, пошо кутра ја поради мојата висина не можам да дофатам да се фатам за горните шипки, и коа у петок ќе ми дојдат 600 пензионери со запотени мишки и ќе кренат рака да се фатат за горната шипка без да помислат дека се бетер од солзавец! Македонштинава изгледа не верува во моќта на антиперспирантите!

И да, смешно ми е, и увек намерно ги изазивам, во новите автобуси ќе седнам на последните три седишта, на тоа до прозор и ќе ги кренам нозете на тоа металното како мала оградичка од вратата што е, и само чекам да ми дојде некоја пристојна тетка да ми збори за бон тон! Хахахаха :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Слика 1 - завчера од Мавровка до Битпазар 15 минути оти им текнало на 3 циганчиња да тераат запрежна кола среде центар среде гужва, среде булевар, а полиција јок. Згора, коњот изгледа беше маскирано магаре...дури и на ќотек се инаетеше на секои дестина метри, као магаре на мост. Капитал сити претендент за евроатлантски интеграции.

Слика 2 - вчера од Чаир до Бутел покрај смрдеата на автобусот, се ширеше смрад и на неидентификувана содржина од тегла (ајвар или салца...). Падна теглата, се растури содржината, корнеше. Се се надав дека не сме до толку стока народ него сме горди македонски граѓани спремни за евроатлантски интеграции.

Другите слики од состојбата на возилата, вичноста на шоферите за рамномерно возење (со можност задниот дел од армониката да се спои со предницата), прашината и природните еркондишни на подот и кровот на автобусите не ги опишувам, досадни се и за спомнување.
 
Член од
11 април 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Za sendvicov u avtobus

Nekoi raboti ne vredat komentar ama na denesno vreme da jades vo avtobus posebni mrslivi raboti kako so e kolbas, virsla ili ovcko nedaj boze , mislam deka toa jadenje vo toj moment e nisto drugo osven nedostatok na osnovna i elementarna nekultura ili nikakva kultura taka da na sekoj takov slucaj balansirana odluka sprema nekoj koj toa go pravi e da mu zemas jadenjeto i da go ostavis nadvor nekade na nekoe mesto kade mirizbatra nema da pravi nikakov problem so nikogo . A be nadvor od avtobusot i tolku :)
 
С

сашенко

Гостин
Nekoi raboti ne vredat komentar ama na denesno vreme da jades vo avtobus posebni mrslivi raboti kako so e kolbas, virsla ili ovcko nedaj boze , mislam deka toa jadenje vo toj moment e nisto drugo osven nedostatok na osnovna i elementarna nekultura ili nikakva kultura taka da na sekoj takov slucaj balansirana odluka sprema nekoj koj toa go pravi e da mu zemas jadenjeto i da go ostavis nadvor nekade na nekoe mesto kade mirizbatra nema da pravi nikakov problem so nikogo . A be nadvor od avtobusot i tolku :)
Остај ти јадењето, и без тоа смрдат корнат автобусите.Не секогаш ама кога ке се изнакачат старци од селата неизбањати, испотени со триста работи од пазар и труе не се дише во автобус.Ма не прозори ми се чини и со отворени врати да вози автобусот пак ке испоцркаме.А во приватните лично имам 3 пати вклучувајки и денеска како шоферот се симнува од автобус си порачува сендвил со плескавица и си јаде во автобус додека вози...како и да е културата е на ниско ниво не само кај шоферите туку и кај народот.Беда сме
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Гледам сите се жалите на пензионериве уште сега... а тек лето коа ќе дојде ох ох ох :)
јас гледам исклучиво приватни автобуси вторник и петок... ако треба и менувам два приватни за да стигнам до одредена дестинација каде што можам со државен (15ка во мојов случај).
Ем се побрзи многу ем се празни вторник и петок.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.727
Јас веќе 6 години се возам со автобус. Мене мојата (до ден денес ја мразам, комуњар проклет) наставничка од 1-4 ме научи дека старците се свети, па според тоа живеев очигледно во заблуда.
Настрана од тоа, до крајот си ја исчував баба ми и многу ја сакав, па затоа и имав секогаш почит према старци. И другата што ми е сеуште жива премногу ја сакам и знам каква е добра, знам каква е културна и цивилизирана, и ме боли да знам дека некој копук не и станал со сите болести што ги носи на неа, а дур беше дедо ми жив одеше до у пм да купи лекови оти локалните аптеки ги немаа.
Откако дедо ми го нема, таа речиси од дома не излегува, и guess what - кога веќе мора да оди до пазар, аптека, оди во секој друг ден освен петок, и таа нема пари, ама свесна е дека некој МОРА во 7 ипол да биде на работа, а во аптека може да оди и во 11.
Се додека не дојде на сила законов за бесплатен превоз, јас секогаш им станував на старите, без исклучок, не само на пензионери, ами и на повозрасни луѓе, генерација на моите родители.
Од сега не станувам на пензионер освен ако мојата лична проценка е дека тој мора да седи. Ако е нормално време кога одат на работа оние кои плаќаат даноци и оние со чии пари тие бесплатно се возат.
Зошто??
1. Имаат краен степен на некултура. Прво, ако сака нешто од мене НЕ ПРИФАЌАМ да ми се обрати никако поинаку освен ,,Извини, девојче, ако сакаш/ако може/те молам,,. Второ, немам никаква жал и грижа на совест кога во 3-4 попладне со 1000 кеси влегуваат во автобус. Можат и во друго време, кога сите се на работа во канцеларија итн. Не мораат во 4.
2. Петок е ден кога сите одат да си ги видат внуците. Зарем мора да биде бесплатно за да ги видат? И баба ми нема пари, живее со пензијата што ја наследи од дедо ми, па кој к*, плаќа бус за да дојде и да ме види. Или штеди неколку денови и плаќа такси, ако не може да дојде со бус. Сите имаат доволно, зошто не користат телефон, струја многу. Ви гарантирам дека сметки плаќаат помалку од просечно 4 члено семејство кое просечно месечно примање му е 20-25 000 денари (израчунај тука мајка татко, превоз нивен, и сметки за сите нив, плус деца во школо, факс итн).
3. Зборуваат премногу. Автобусот не го користат како средство за превоз, туку како средство за собир.

4. Друштво од 3 старци, се случува, неколку пати по ред да го гледам: а) Станувам за да одам на факс ги гледам во автобус б) се враќам од факс, пак ги гледам во истиот автобус в) излегувам да го прошетам кучето, стојат на автобуската каде што пред пола саат се симнавме и чекаат друг автобус г) се враќам по истиот пат накај дома со кучето ПАК СЕ СИМНУВААТ ОД АВТОБУС!!!! д) го оставам кучето дома излегувам за да одам кај дечко ми - и погодете, каде се??? Па да, на автобуска!!!! Овој пат, со последниот автобус се симнуваат, штета што после тоа се исклучува... Цццц.

И после некој ќе ми зборува колку биле за жалење??? За што да ги жалам? Да навистина, си го одработеле своето, и затоа добиваат се и сешто бесплатно. Но не е проблем ако се цивилизирани во градскиот превоз. СЕКОЈ ЕДЕН ШТО НАОПАКУ ЌЕ МЕ ПОГЛЕДНЕ НЕ МУ СТАНУВАМ МАКАР УМРЕЛ У СРЕД АВТОБУС.
Најмногу ме нервираат теткици накитени нашминкани (читај маскирани) разгаламени мењаат рецепти у автобус, оговараат комшии, дури една смени пелена на бебето што го мкнеше со неа (?????????????????) да не зборувам за колнење пцуење....има сила да се протрча по пазари, банки, пошти, болници (колку не дај боже нешто да не и е, предвреме да види, да се увери) да отиде на фризер и да кука дека ќе и се расипела фризурата у бус, да кења за политика насекаде, да оговара некоја девојка зошто носела кратка јакна тука у непосредна близина.... И НА КРАЈОТ ДА ЈАДЕ ГОВНА ЗОШТО НЕ И СТАНАЛ НЕКОЈ.

ЕПА НЕ И СТАНУВАМ. МОЕ ПРАВО.
Ќе станам само на оние кои треба да седат повеќе од мене. Мене кој ме прашува со колку болести шетам на мои 20 години? На кој му е гајле? 3 пати повеќе од нив сум болна, па ич уво некого не го боли.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Моментот кога една баба што седеше на седиштето до мене праша додека културно си стоев потпрен на шипката „Ај тргни се не стој тука , имај почит кон постарите“ .
Не сватив на што алудираше , дали треба да лебдам или незнам што ама добив потреба да ја згазам.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
И уште нешто да додадам, други денови станувам на пензионери меѓутоа вторник и петок ако се најдам во државен бус не станувам на пензионер за жива глава...
Баш пред околу недела дена имаше милион пензионери у автобус и 3ца ми дремеа над глава не им станав, дојде жена со бебе и станав да седне, коа станав како само лошо ме погледнаа двајца од нив како да сум убил човек...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Во петка пред два петока што се деси со стариве, едно дете не му стана на еден пензионер демек снеможен а од снеможен ни с, леле кога почна еј..
Митинг е слаб збор, отворена трибина, се почна да критикува. Прво нели таа дифолтната реченица оди кај ви е културата и дека држава со такви деца не бива, па после се префрли на Бранко и Шеќеринска и Бучко како ја испоограбиле државата и шетале слободни, па почна да кажува дека Марта Стјуарт за 40.000 долари неплатен данок лежела недела дена во затвор а кај нас се шетаат на слобода секакви лопови (а притоа нели не го спомнува во критиките човекот што им го овозможи сево ова).

Немаше кој не се смееше во автобусот, на крај еден дечко и вика на девојката (која патем имаше огромна торба на неа) „Девојче дај стани кој ќе го слуша овој аман“, друг вика „Порано кој сакаше да се испцуе на стадион идеше, сега доволно е во петок у бус да си“ :pos: и типов од Влае кај зградите до кај Ново Лисиче кај Т Хоум само проповедаше. Самоубиство, најстрашно беше што и преку слушалки со музика го слушав.

Стварно некогаш не се сфатливи пензионериве, одма се познава кој пензионер не може ни да оди ни да стои и таквите обично немаат лик ко Сатаната кога ќе влезат во автобус, на таквите станувам, нема збор, ама кога ќе влезат вакви поживи од тебе :D:D:D:D
Kомшија мој со протеза место нога станат седи во автобус не крека да му се стане, ќе видиш некои нашминкани во мисија звана опсада како окупираат седишта ко последно да е :)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ова со петка е неверојатно. Зошто ли не направат уште една линија која по Иво Лола?
Некогаш чекаш повеќе од пола саат автобус и доаѓаат две петки една по друга и најако е што сите се качуваат во првиот небаре во другиот колера има
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ова со петка е неверојатно. Зошто ли не направат уште една линија која по Иво Лола?
Некогаш чекаш повеќе од пола саат автобус и доаѓаат две петки една по друга и најако е што сите се качуваат во првиот небаре во другиот колера има
Ова да го направат ќе решат многу работи. Па и приватен нека е. Како прво, нема и самите шофери на 5ки да се движат со 3 на саат, ќе брзаат за некој друг да не им ги собере патниците. Како полжави се, најдобро се гледа ова на моја улица, имаш видик на целата улица и одма знам дали тоа што доаѓа е 5ка или 2ка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom