ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
како мене не ми пречат? ако еден/една не биле културни со вас, незначи дека сите се некултурни. баш приметив дека пензионерите некогаш го нудат нивното место на мали деца.
вие имате ли дедовци и баби? размислувате ли дека еден ден и вие ќе бидете стари?
на крајот, зошто вие да имате право да се возите а они да немаат? викате да се возат со такси, зошто вие не се возите со такси? -.-

ја на телевизија глеам секој ден реклами знаењето е сила знаењето е моќ шо значи дека треба да се образувам. па со самото тоа што не му текна на некој да им дадат бесплатен превоз и на студентите а не само на пензионерите? пред некој ден баш се возам на битпазар се качува една баба и зела некоја сад од порцелан и ЦЕЛ АВТОБУС го избута за да најде соодветно место каде што немало да и се скрши садот.. молим ти се ако веќе имаш таква намера НИШТО НЕ ТЕ КОШТА еднаш да платиш такси и да ја завршиш работата без да му ја мислиш дали ке ти се скрши нешто шо си купил или дали ке можеш да ја мкнеш тежината на 30те кеси кои ги носиш со тебе. немам ни ја ништо против да се возат во петок но малку да се понашаат по културно и да не се буткаат толку нема да биде лошо... а не ко онаа пред некоја недела АЈ БЕ СТАНИ ДА СЕДНАМ.... која култура и е тоа? а ако не и станеш знае да мрси муда цела вожња ЕТЕ ТАКА ОД ДОМА ГИ ВОСИПТАЛЕ НЕМАЛЕ КУЛУТУРА и тн и тн и тн...
 
Абе кој ги врти јас не им станувам нека седат дома кај ќе се шлаат ќе почнат да припаѓаат после ќе се чудат и аллександар шти вика ќе мрсат муда башка !!!
 
Аррр.... какви навредливи зборови имав искуцано, ама едит...
Батка, дали се заебаваш со нас или никогаш не си се возел во бус полн со пензионери. Сега кога ќе затопли, а тие се бањаат само во недела, во автобусите ќе биде мошне комфорно да се возиш.

Иди бе со точак. И да, сериозен сум, кондиција, разонода, башка никогаш не те фаќа сообраќај. Јас бев будала кога цепав со кола по Јаја Паша за факс, некогаш ме фаќа 5 минути, некогаш 40. Буквално.
Со точак ми беше стандард 8 минути, без разлика кое време од денот. Ем 60 денари у џеб за бус, ем ќе си билдаш кондиција. Нели збориме за потопло време, не за зима.

А старите ги знаете какви се, баба ми на времето ме тераше да идеме на посебен пазар, само зашто таму биле поефтини цвеќињата за 10 денари. А бензинот до таму...небитно. Што сакате, на стар човек се што му останува е илузијата дека прави нешто, дека штеди пари - нормално ќе се полнат автобусите. И нормално дека ќе "јадат гомна" (според вас), кога тоа е единственото интересно нешто кое им се случува во неделата.

Малце преиспитајте се, пошто не сакате бесплатен превоз за пензионери - бидејќи многу биле неучтиви и сите го користеле. Сигурно си мислите дека 5-6 луѓе седнале на маса во Влада, па едниот рекол "Еј, како да ги заебеме овие младиве бе, ама онака ептен ептен да ги изнервираме, имате идеја?!"

И некој од нив рекол "Ај бе, ќе им даеме бесплатен превоз на пензионерите, има да се напнат максимално". И тогаш Грујо рекол...HELL YEAH, средете со Коце само и испромовирајте го тоа срање еј!

Да, пензионерите идат зашо им се може.
Да, немаат попаметна работа во животот.

И да, ако си дозволите да се напнете ради нив, тогаш ни вие немате попаметна работа.

Сум бил во сите ситуации, затоа немојте сеа со непотребни муабети "Ама ти не знаеш ова, не знаеш она". :)
 
Во секоја метропола, секој главен град, секој туристички град е така.
Шо сакате вие, кожени седишта за секој и мини телевизор4е посебно?
Тоа е. Ако не ви чинит не идајте. Wait, друго беше тоа..

Тоа е. Гужва. Стари. Млади. Нефункционалност. На крај, никој ништо не ви форсира. Пешки тогаш.

Еdit: Маc ако не ти откраде spotlight, нема кој. :(
 
Мац кога работев у белимбегово идев со точак, ама до град ми е предалеку за секојдневно да веслам точок. Едно време ссе возев со воз, каснев по пола саат на работа, ама патував ко човек, се додека не ми дадоа опомена за каснењето.
 
Абе више нек идат у кураци пензионери и одлуки и закони, болницине се преполни со пензионери ( не од што се стварно болни има и такви али одете во трансфузологија се едно исто друштво и да биде пострашно не прават тромбо тест или слично туку испитуваат крвна слика ) абе место за дружење им се болницине и амбулантине, ги оставаат во болница по неколку месеци само да не им дремат дома, ке дојде млад човек нема кај да легне од лешинарине ( кој незнаат што ги боли ама важно нешто околу меот е ) тоа им е бесплатно. Одиш во аптека застанал треба да го чекаш 45 минути само апотекарката да му ги прегледа рецептите ( понекогаш мислам цел кочан рецепти носат со нив ) и ги полнат кесите на крајот плаќа 100 денари за две торби лекови и таму бесплатно. значи од сите страни сме сардисани со паразитарни организми наречени пензионери. Сега па и вторник бесплатен им бил ајде дајте им ги сите денови, донесете законски акти и под акти све да им биде бесплатно па и во продавница кога ке одат само да покажат пензионерско чекче и да си земат шо сакаат.
Навистина разбирам дел од нив ама повеќето се уби боже бре. па никогаш нема да се дигнеме на нозе како што треба од овие пензионериве. Дај му пензијата и кој го ебе нема ослободување од ништо како за сите така и за нив, не деца ке умираат затоа што фондот немал пари а од друга страна има пари за пензионери да лечи непотребни суштества кој само ја загадуваат планетава.
 
Мене па пензионери не ме нервираат. Нека си се возат колку сакаат и каде сакаат, си заслужиле. Не ми е тешко ниту да си го подигнам газето коа ке видам некоја жена натоварена или со деца, но држам до тоа дека е срамота некој да ме моли за место. Едноставно е, гледам на кого му треба место и дискретно станувам, ко да се спремам за излез...не боли, лесно е, и некако се чувствувам ко да сум напрала добро дело (хе, хе, хе).
Мене ме нервираат чудни работи. На пример, коа некоја шмизла у препун автобус ке ми ја забаци косата директно у фаца, без осет дека околу има луѓе. Или, коа ќе се најдам испод нечија мишка. Или коа некој ќе ми се искашла у врат...Ме нервираат и млади копиљаци кои што своите фрустрации си ги лечат на вратите, седиштата (у вакви случаи поеќе сум изнервирана од сама себе што неам сила јас да се залечам на нив). Ме нервира коа "мајсторот" не тиска ко сардини по двеста во автобус за сто души. Ме нервира нередовност, не давање предност при влез, општото непочитување-као да на некои луѓе животот им зависи од тоа дали ќе се качат во автобус или не.
И Мац-ко овде спомна точак као опција за превоз. Доаѓањето со точак, на пример, до местото кај што работам е забавно-па рецимо ко руски рулет! Нема услови за ова превозно среСтво од иднината во Скопјето ни. И точка-НЕМА!
Занчи, у врска со ЈСП највеќе ме нервира нередовноста и скапаните возила. Останатото е мој проблем со скопјанството :toe:
 
Mene me nervira kontrola koa mi bara karta a jas im vikam za 5 meseca ke zeam plata ke kupam...
 
Ќе си седат дома пензионерите,нема што да шетаат.
Ако нема кој да ги издржува и да им пазарува ајт у дом.
 
еве ја не сум пензионер ама ја го подржувам законот за бесплатен превоз во вторник и петок на пензионерите. и?

се гледа дека си Вмро-вец... :pos2::pos2::pos2:

незнам зашто,ама само на другариве кои се по партиски штабови од вмро не им смета ова... стварно не ми е јасно :) :)
 
Абе више нек идат у кураци пензионери и одлуки и закони, болницине се преполни со пензионери ( не од што се стварно болни има и такви али одете во трансфузологија се едно исто друштво и да биде пострашно не прават тромбо тест или слично туку испитуваат крвна слика ) абе место за дружење им се болницине и амбулантине, ги оставаат во болница по неколку месеци само да не им дремат дома, ке дојде млад човек нема кај да легне од лешинарине ( кој незнаат што ги боли ама важно нешто околу меот е ) тоа им е бесплатно. Одиш во аптека застанал треба да го чекаш 45 минути само апотекарката да му ги прегледа рецептите ( понекогаш мислам цел кочан рецепти носат со нив ) и ги полнат кесите на крајот плаќа 100 денари за две торби лекови и таму бесплатно. значи од сите страни сме сардисани со паразитарни организми наречени пензионери. Сега па и вторник бесплатен им бил ајде дајте им ги сите денови, донесете законски акти и под акти све да им биде бесплатно па и во продавница кога ке одат само да покажат пензионерско чекче и да си земат шо сакаат.
Навистина разбирам дел од нив ама повеќето се уби боже бре. па никогаш нема да се дигнеме на нозе како што треба од овие пензионериве. Дај му пензијата и кој го ебе нема ослободување од ништо како за сите така и за нив, не деца ке умираат затоа што фондот немал пари а од друга страна има пари за пензионери да лечи непотребни суштества кој само ја загадуваат планетава.


хахаха извинете за офтопоик ама ме потсети на една дешавка у аптека со една баба... требаше да земам некои апчиња за моите и пред мене пензионерка. и што се дешава. вади едно 10тина рецепти од прилика и пашува.. А ОВА КОЛКУ Е ? А КАКО СЕ ПИЕ? НА КОЛКУ ВРЕМЕ... АХА ДОБРО.. вади друг рецепт А ОВА ГО ИМАТЕ? А КОЛКУ ПАРИ Е ? А НА ФОНД Е ИЛИ?/.. и така едно 10тина рецепти.. после некои си добри 15тина минути ( и на таа аптекарката и пукна филмот ) вика ЕПА ДОБРО. КЕ ДОЈДАМ НЕКОЈ ДРУГ ДЕН АМА ДА МИ ЧУВАШ ! хаха човече гужва у аптека напраи само за да си испопраша И НИШТО НЕ КУПИ !!!!!!!!!! - мислам дека тоа беше постигнувањето на ВРВОТ на мојата нервоза која некогаш пензионер ја предизвикал...


уште еднаш извинете за оф топикот ама МОРАВ !!!!
 
Ме нервира кога ќе ми се расипе автобусот или пак ќе да е петок и коа ќе застане автобусот на зелено пазарче се качуваат ко у нутра да даваат гратис патлиџани!
 
Се гледа сеуште и после толку години некој не го разбрал значењето на зборот ЈСП -Јавен сообраќаен превоз и треба повеќе коментар а ние македонче за поефтино што сакаме ем како господа да се возиме малце послабоо ајт позз
 
Иди бе со точак. И да, сериозен сум, кондиција, разонода, башка никогаш не те фаќа сообраќај.

Ти да одиш од Радишани до Центар со точак. Башка нема велосипедски патеки и поголема е веројатноста да те удри некој одколку да стигнеш на време.
 
Од Радишани...не е тоа аеродром и карпош за да шеташ со точак по кеј или да се движиш по обележани стази...нема тога код нас, нас не челичат да преживуваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom