Јас веќе 6 години се возам со автобус. Мене мојата (до ден денес ја мразам, комуњар проклет) наставничка од 1-4 ме научи дека старците се свети, па според тоа живеев очигледно во заблуда.
Настрана од тоа, до крајот си ја исчував баба ми и многу ја сакав, па затоа и имав секогаш почит према старци. И другата што ми е сеуште жива премногу ја сакам и знам каква е добра, знам каква е културна и цивилизирана, и ме боли да знам дека некој копук не и станал со сите болести што ги носи на неа, а дур беше дедо ми жив одеше до у пм да купи лекови оти локалните аптеки ги немаа.
Откако дедо ми го нема, таа речиси од дома не излегува, и guess what - кога веќе мора да оди до пазар, аптека, оди во секој друг ден освен петок, и таа нема пари, ама свесна е дека некој МОРА во 7 ипол да биде на работа, а во аптека може да оди и во 11.
Се додека не дојде на сила законов за бесплатен превоз, јас секогаш им станував на старите, без исклучок, не само на пензионери, ами и на повозрасни луѓе, генерација на моите родители.
Од сега не станувам на пензионер освен ако мојата лична проценка е дека тој мора да седи. Ако е нормално време кога одат на работа оние кои плаќаат даноци и оние со чии пари тие бесплатно се возат.
Зошто??
1. Имаат краен степен на некултура. Прво, ако сака нешто од мене НЕ ПРИФАЌАМ да ми се обрати никако поинаку освен ,,Извини, девојче, ако сакаш/ако може/те молам,,. Второ, немам никаква жал и грижа на совест кога во 3-4 попладне со 1000 кеси влегуваат во автобус. Можат и во друго време, кога сите се на работа во канцеларија итн. Не мораат во 4.
2. Петок е ден кога сите одат да си ги видат внуците. Зарем мора да биде бесплатно за да ги видат? И баба ми нема пари, живее со пензијата што ја наследи од дедо ми, па кој к*, плаќа бус за да дојде и да ме види. Или штеди неколку денови и плаќа такси, ако не може да дојде со бус. Сите имаат доволно, зошто не користат телефон, струја многу. Ви гарантирам дека сметки плаќаат помалку од просечно 4 члено семејство кое просечно месечно примање му е 20-25 000 денари (израчунај тука мајка татко, превоз нивен, и сметки за сите нив, плус деца во школо, факс итн).
3. Зборуваат премногу. Автобусот не го користат како средство за превоз, туку како средство за собир.
4. Друштво од 3 старци, се случува, неколку пати по ред да го гледам: а) Станувам за да одам на факс ги гледам во автобус б) се враќам од факс, пак ги гледам во истиот автобус в) излегувам да го прошетам кучето, стојат на автобуската каде што пред пола саат се симнавме и чекаат друг автобус г) се враќам по истиот пат накај дома со кучето ПАК СЕ СИМНУВААТ ОД АВТОБУС!!!! д) го оставам кучето дома излегувам за да одам кај дечко ми - и погодете, каде се??? Па да, на автобуска!!!! Овој пат, со последниот автобус се симнуваат, штета што после тоа се исклучува... Цццц.
И после некој ќе ми зборува колку биле за жалење??? За што да ги жалам? Да навистина, си го одработеле своето, и затоа добиваат се и сешто бесплатно. Но не е проблем ако се цивилизирани во градскиот превоз. СЕКОЈ ЕДЕН ШТО НАОПАКУ ЌЕ МЕ ПОГЛЕДНЕ НЕ МУ СТАНУВАМ МАКАР УМРЕЛ У СРЕД АВТОБУС.
Најмногу ме нервираат теткици накитени нашминкани (читај маскирани) разгаламени мењаат рецепти у автобус, оговараат комшии, дури една смени пелена на бебето што го мкнеше со неа (?????????????????) да не зборувам за колнење пцуење....има сила да се протрча по пазари, банки, пошти, болници (колку не дај боже нешто да не и е, предвреме да види, да се увери) да отиде на фризер и да кука дека ќе и се расипела фризурата у бус, да кења за политика насекаде, да оговара некоја девојка зошто носела кратка јакна тука у непосредна близина.... И НА КРАЈОТ ДА ЈАДЕ ГОВНА ЗОШТО НЕ И СТАНАЛ НЕКОЈ.
ЕПА НЕ И СТАНУВАМ. МОЕ ПРАВО.
Ќе станам само на оние кои треба да седат повеќе од мене. Мене кој ме прашува со колку болести шетам на мои 20 години? На кој му е гајле? 3 пати повеќе од нив сум болна, па ич уво некого не го боли.